Потребно време за читање: < 1 минута

Пакоста е болест на која ѝ нема лек. Врзана е како со папочна врска со алчноста, злобата, празнотијата на личниот живот, залудната борба за спас од секојдневното живуркање. Еднакви се? Синонимни? Најчесто!

Пакосникот е насочен кон друг, кон други. Да наштети, да стори зло. А всушност ја покажува и докажува ништожноста, бедотијата на личноста, личната инфериорност.

Не се исти пакоста кон блиски и пакоста кон далечни. Поголема, подлабока и многу повеќе крвави онаа кон блиските. Кон далечните е почеста, поповторлива и поприземна.

Рекле мудри луѓе за пакоста:

Нога најмногу подметнуваат џуџињата: тоа е нивна сфера.
Станислав Јержи Лец

Она што не можеш да го направиш сам, барем расипи му го на друг.
Карел Чапек

Нечовечно е задоволството да се радуваш на туѓо зло.
Луциј Анеј Сенека

Она што го охрабрува исмевачот е успех на почетокот; казната доаѓа подоцна.
Жан Фирмин Марбо

Повеќето луѓе употребуваат еден дел од својот живот за да им напакостат на други.
Ла Бриер

Пакоста произлегува од сознанието за сопствената инфериорност.
Хозе Ортега Гасет

Најголемо задоволство на празните духови е да ги откријат недостатоците на големите личности.
Лук д Клапиер Вовенарж

Кај луѓето постои стремеж не само да спуштат истакнат човек до ниво на сопственото сфаќање, туку, ако е можно, и да го соборат под своите нозе.
Максим Горки

Светот сака осветлените да ги бербати и возвишените со кал да ги валка.
Фридрих Шилер

Луѓе, дали кога било сте виделе дека во трка коњ му подметнал нога на коњ?
Влада Булатовиќ-ВИБ

Кога некого ќе го зафати пламенот на завидливоста, тој напосле го свртува отровното осило, како шкорпионот, против самиот себе.
Фридрих Вилхелм Ниче

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here