Потребно време за читање: 4 минути

-Големиот Хокинг го вознемири светот, предизвика големи полемики со тврдењето дека Бог не ја создал вселената, но најновите откритија-можеби најстарата галаксија во вселената како да го потврдуваат тоа.

Едно откритие на светски физичари нема диреткна врска со создавањето на вселената, но индиректна секако. Сепак, поважно е дека, доколку се потврди, можеби дефинитивно ќе дојде до промена на правилата на физиката.

Имено, славниот британски физичар Стивен Хокинг во едно свое дело тврди дека Големиот трескот била неизбежна последица на законот на физиката, што ќе рече дека Бог не го создал светот. Објаснува дека откривањето на планета која кружи околу друга ѕвезда, а не Сонцето, во 1992. година, доведе до деконструкција на гледиштето на таткото на физиката Исак Њутн според кое не можело да настане од хаос, туку е божјо дело.

„Поради законите како што е гравитацијата, вселената може да се создава себеси од ништо и тоа и ќе го прави. Спонтаното настанување е причина што постои нешто наместо ништо, што постоиме ние во вселената“, заклучува тој.

Во книгата „The Grand Design“, што ја напиша заедно со американскиот физичар Ленард Млодинов, тој наведува дека модерната физика не остава простор за божјо создавање на вселената.

„Не е потребно да го прозиваме Бога да запали искра и да ја придвижи вселената“.

Хокинг, во научниот свет познат според својата работа на црните дупки, космологијата и квантната гравитација, стекна светска слава во 1988. година, со „Кратка историја на времето“, нетехничка книга за потеклото и судбината на вселената, преведена на 44 јазици и продадена во 25 милиони примероци.

Со наведеното дело Хокинг покажуваа дека раскинал со поранешните ставови за верата, кога сметаше дека откритието на една севкупна теорија ќе ни помогне да ја сфатиме божјата мисла. Со тоа случајните околности во кои постои нашата планета- едно Сонце, среќна комбинација на оддалеченост на Земјата од Сонцето и сончевата маса, стануваат многу помалку убедлив и впечатлив доказ на верувањето дека Земјата е грижливо создадена само за да ни удоволи нам, човечките суштества, смета Хокинг.

Прочитај и за ... >>  За соленоста во океанот

Инаку, Хокинг е своевиден медицински феномен. Болеста аминотрофична латерална склероза (ALS) му ги одзела сите органи освен мозокот. Со децении е прикован за инвалидска количка, а со околината комуницира со помош на посебно направена компјутеризирана справа. И покрај тешката болест, тој е интелектуално активен и патува низ светот поради популаризација на науката;

-Астрономи веруваат дека ја нашле најстарата галаксија во вселената, која датира од пред 13, 1 милијарди години.

Врз основа на фотографии кои ги сними телескопот Хабл, европски астрономи ја утврдиле староста на галаксијата која потекнува од времето кога, како што наведуваат, вселената имала само 600 милиони години. Имајќи го предвид тоа, се работи за најстара и најоддалечена галаксија откриена досега. Главниот автор на студијата објавена во списанието Нејчер, Матје Ленер, од Париската опсерваторија, изјави дека досега таа галаксија веќе толку остарела што најверојатно веќе не постои во некогашната форма и оти веројатно се стопила со поголеми соседи.

„Затоа што на светлината ѝ треба многу долго да совлада толку време и простор, астрономите сега гледаат како таа галаксија изгледала пред 13,1 милијарди години, кога била мошне млада, можеби имала сенасе 100 милиони години“, изјави Ленер.

Тој наведе дека во неа има многу малку јаглерод или метал присутни во позрелите галаксии, како и дека е полна со млади, огромни сини ѕвезди.

Професорот по астрономија од еден калифорниски институт, Ричар Елис, ја коментира староста на новооткриената галаксија и вели дека таа потекнува од периодот кога вселената имала одвај дваесетти дел од сегашната старост.

Прочитај и за ... >>  Алшар-мистерија или...

„Во човечки рамки гледано, се работи за четиригодишно момче“, наведе тој, објаснувајќи ја младоста на вселената од која датира ново-древната галаксија.

Меѓутоа, она што е интересно е дека резултатите објавени во оваа студија се поклопуваат со досегашните теории за времето на раѓање на првите ѕвезди и галаксии, оценува агенцијата АП. Новопронајдената галаксија настанала не многу подоцна по нив, наведе Ленер;

-За восхит: објавена е досега најголемата фотографија на вселената во боја, со 7 милиони слики на галаксии и ѕвездени системи, од кои секоја се состои од 125 милиони пиксели.

Фотографијата е резултат на 10- годишна работа на научници на проектот „Sloan Digital Sky Survey“, а е објавена по повод собирот на Американското астрономско друштво во Сиетл. На неа се гледаат илјадници милиони вселенски објекти кои можат детално да се прегледаат, а што и дава не само културна, туку и научна тежина.

Близу половина милијарда ѕвезди и галаксии се откриени и се опишани благодарение на проектот „Sloan“ кој стои зад „Google Sky“ сервисот со помош на кој корисниците на Интернет можат да ја скенираат вселената како сопствената улица.

Sloan исто така го поддржува и „Galaxy Zoo“ проектот кој на астрономите аматери им дава можност да ги „посматраат“ галаксиите на своите компјутери;

-И конечно: новото откритие на светски физичари би можело да биде едно неверојатно забележување во современата наука или еден експериментален обид кој брзо ќе биде заборавен.

Физичарите зборуваат за ново откритие на суб-атомска честичка-и нуклеарна сила која оди со неа. Ако тоа се потврди како вистинито, би можело да дојде до промена на веќе утврдените универзални правила на физиката.

Претходно беа објавени интригантски „трачеви“ околу податоците присобрани поради појавата на судир на суб-атомска честичка која разбива протони и анти-протони заедно, два милиона пати во секунда.

Прочитај и за ... >>  Најголема глобална закана за планетата Земја

Научниците мислеле дека ќе можат да ја откријат емисии на енергија што предизвикуваат нешто што би требало да биде суб- атомска честичка, или дури цела „зоолошка градина“ на честички, која постои во дел од секундата пред да се претвори во нешто попознато.

Истражувачите веруваат дека аномалија во нивните податоци покажува дека досега неоткриената суб-атомска честичка има маса од околу 150 пати поголема од протонот, што влијае врз позитивно наелектризиран ентитет во јадрото на атомот.

Ако ова се покаже вистинито, би можело да ја доведе во сомнеж теоријата дека секоја материја има маса, поради постоење на друг вид суб-атомски честички наречени Хигсов бозон. Тоа се тн. „Божји честички“ за кои теоретски физичарите претпоставуваат дека постојат, но сепак допрва треба да бидат пронајдени.

„Ако овој знак претставува она што мислиме дека претставува, би можеле да бидеме на пат да разбереме зошто материјата има маса, а нема светлина“, вели професорот Кенет Лејн, теоретски физичар на Бостонскиот универзитет. „Можеби гледаме сигнал за нов вид нуклеарна интеракција што ја нарекуваме „technicolour“. Ова сценарио буквално би го заменил Хигсовиот бозон“.

Стандардниот модел на физиката, кој објаснува како суб-атомските честички влијаат врз 4 природни сили-гравитацијата, електромагнетизмот и врз слабите и јаките нуклеарни сили-предвидува дека Хигс бозонот, ако постои, ќе објасни и зошто нештата за нив имаат тежина.

Професорот Брајан Кокс, од универзитетот во Манчестер, вели дека ако овие резултати дотуркаат до натамошна анализа и добијат потврда преку уште еден експеримент, на физиката каква што ја знаеме ќе ѝ дојде крајот.

Иако физичарите се сигурни во новото откритие 99,7%, тоа се уште не е сигурна работа. За тоа им е потребна веројатност поголема од 1 во милион.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here