Потребно време за читање: 3 минути

Денес многумина се обидуваат да одговорат на прашањето: дали има спас за овој свет? Најмногу од нив одговараат: „Да, и тоа единствено со помош на нови(те) технологии“. А кои се тие? Се разбира, пред сѐ оние што го придвижуваат економскиот прогрес-информатичката технологија, биотехнологијата и нанотехнологијата.

На почетокот од 2007. година во хрватски „Вечерњи лист“ (www.vecernji.hr) беше објавен овој текст со „таксативно“ наведување на следниве „спасители“:

1. Куќна станица за полнење со водород
2. Мрежа на плутачки сензори за околината
3. Дрвја што „јадат“ опасен отпад
4. Неутрализатор на нуклеарниот отпад
5. Океански роботи
6. Водопрочистувачи
7. Трагачи на загрозените видови
8. Интерактивна далноводна мрежа

1. Куќна станица за полнење со водород

Поради се понемирната состојба на пазарот на нафта, научниците на големо започнаа да ги проучуваат новите технологии и материјали со кои би се придвижувале возилата. Некои спасот го гледаат во водородот, односно хидрогенските возила. Горивото би се црпело од сончевата енергија, а секој станица за такво полнење на своето хидрогенско возило би ја имал во гаражата. Дека овој предлог не е обична фантазија, докажаа австралиските научници од Мелбурн кои развиле прототип на вакво возило. Првата соларна станица за полнење би можела да осигура гориво за поминување на околу 150 километри.

Прочитај и за ... >>  Индикатор

2. Мрежа на плутачки сензори за околината

Станува збор за мали, како кованици, безжични сензори ко би биле незабележливо поставени насекаде околу нас. Целта-да се контролира воздухот или водата, да се бараат загадувањата во нив, да се воочат и да се јавува за сите промени во температурата или притисокот. Овие податоци би имале исклучително значење за економијата, која ќе биде најмногу оптоварена со постојаните климатски промени. Сензори слични на овие се веќе поставени на пример во американскиот залив Сан Диего, како и во каналите во Венеција, за посакуваните мерења во воздухот и водата да можат најпримерно да се следат.

3. Дрвја што “јадат” опасен отпад

“Посади дрво” во иднина ќе има сосема ново значење. Светот ќе се послужи со вегетација за да се апсорбира загадениот воздух. Оваа технологија е веќе неколку години во употреба, но не се покажала доволно ефикасна. Меѓутоа, развиени се нови видови на вегетација-дрвја и ниски растенија кои без проблем можат да живеат во близина на фабрики-големи загадувачи, а кои со природни процеси во својот состав ќе го пречистуваат воздухот. Научниците од британскиот универзитет Јорк во корените на таквата вегетација воочиле посебна бактерија, која лачи хемикалии со кои на пример се растворува RDX, посебна хемиска материја често користена во воената индустрија.

Прочитај и за ... >>  20 години на WWW

4. Неутрализатор на нуклеарниот отпад

Уште век или два поради зрачењето не е извесен животот во со нуклеарната катастрофа разурнатиот украински Чернобил. Бројни држави мака мачат со згрижување на нуклеарниот отпад. Рециклирајте го, порачуваат научниците, со нова технологија. Научниците од владината национална лабораторија Аргон, недалеку од Чикаго, го развиле методот на “неутрализирање на нуклеарниот отпад”, со употреба на различни хемиски технологии наречени Urex+. Оваа технологија го намалува зрачењето повеќе одошто со сите досегашни начини тоа може да се направи, така што, по употребата нуклеарното гориво само себе си ќе се разгради.

5. Океански роботи

Од зачестените климатски промени се повеќе патат и океаните, како и животот во нив. За да се следат промените што влијаат врз 71% од земјината водена површина, роботите се изгледно решение. Денешните бродови, натоварени со опрема за исти намени се големи, тромави и се разбира бескрајно скапи за одржување. Во Австралија развиле роботи на 4 нозе кои самостојно одат по морската површина и дното, испраќајќи податоци во станиците кои ги собираат.

6. Водопрочистувачи

Ова е високо технолошко решение на столетниот проблем на човечкиот вид, поради што 1,1 милијарди жители на Земјата денес немаат вода за пиење. Благодарение на ултразвучни бранови со кои ќе биде третирана загадената вода, според посебна процедура, велат научниците, може да се добие Н2О свежа и за пиење. Филтрите и хемиските додатоци за прочистување ќе ги заменат овие уреди, што е мошне пристапна и евтина технологија. А таа веќе успешно се користи кај разбивањето на камен во мочниот состав на човекот.

Прочитај и за ... >>  За cottage industry - „електронска куќа“

7. Трагачи на загрозените видови

Моментно на Земјата има 16.000 познати животински и растителни видови на кои им се заканува опстанок. Се поголемите загадувања до крајот на годината засекогаш од лицето на Земјата ќе однесе десетина од нив. На оние што ќе преостанат научниците сакаат да им вградат трагачи кои секојдневно ќе известуваат за околностите во кои се наоѓаат, како и за евентуалните опасности за нивниот опстанок. Збор е за GPS сензори со помош на кои ќе се следи животот на сите загрозени видови на Земјата. Некои од видовите се веќе заштитени со овој состав, но ќе мине уште некое време додека оваа заштита не се рашири на сите нив.

8. Интерактивна далноводна мрежа

Калифорниската установа за плин и елелктрична енергија развива посебна далноводна мрежа на иднината која ќе биде слична на Интернет. лесна за дистрибуција, интерактивна, пристапна за сите домаќинства.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here