Потребно време за читање: 7 минути

Возрасната мачка е од муцката до крајот на трупот долга просечно околу 60 см, а кон тоа треба да се додаде уште 25 см долгиот опаш. Во рамената е висока 30-35 см. Може да биде тешка до 8 кг, со тоа што мажјаците се обично поголеми од женките.

Мачките живеат околу 15-20 години, иако се опишани и одделни случаи да доживеале 30 и повеќе.Тие имаат изразито добро развиена цела низа на сетила. Големите очи свртени кон напред и овозможуваат добро чувство за простор и мошне точна проценка на оддалеченоста, а особено добро регистрираат брзо движење.

Во темнина гледаат 50% подобро од луѓето, благодарение на големата густина на рецептори што станиците на мрежницата ја прават посебно чувствителна на светлина.

Слухот им е почувствителен од кучешкиот и 3 пати подобар од човечкиот. Тој е еден од најдобрите помеѓу сите цицачи.

Помеѓу сите животни имаат најдобро чувство на рамнотежа. Кај пад од височина од 2-3 м од која било положба ќе се сврти со нозете спрема долу пред со испружени шепи да доскокне на основата. Притоа опашот и служи како кормило. Кај пад од поголеми височини (но не и средни) оваа положба дејствува како падобран и овозможува релативно безопасен пад.

Старото мислење дека мачките се самотници е одамна оспорено. Помеѓу нив, како и кај сите други, има самотници, но мачките по природа се сепак дружељубиви. Ако се посматраат поголеми популации на мачки, како на пр. на некои селски домаќинства или во некои големи градови, како, да речеме, пред Колосеумот во Рим, паѓаат в очи низа социјални интеракции помеѓу одделни животни. Такво нешто кај типичните самотници, како што е на пример тигарот, би било сосема исклучено.

Наспроти тоа, мачките се изразити индивидуалисти. Тие сами одредуваат каде и во чиј двор ќе го минуваат своето време, и мошне тешко може нешто да им се наметне. На село, каде што мачките спаѓаат, додуша, во едно домаќинство но живеат надвор од директната човечка контрола, често се здружуваат во помали групи кои потсетуваат на глутница лавови. Таквите мачкини глутници се состојат од неколку женки кои се во меѓусебно сродство, на нивни постари и помлади мачиња и еден или двајца мажјаци. Додека мажјаците, кога ќе достигнат полова зрелост, главно се разијдуваат, женското потомство останува со мајката на нејзина територија и ја зголемува групата.

Мачките се разбираат со говорот на телото, со гласот и мирисите. Мирисните сигнали ги користат како во директните средби, исто така и на големи оддалечености. За тоа потребни мириси лачат во лојните и потните жлезди, а ги пренесуваат со триење, гребење и урина на предмети, растенија и лица.

Во непосреден контакт ја сигнализираат својата емоционална состојба со држење и движења на целото тело и опашот. Притоа, одредена улога има и начинот како ги држат ушите, како и стеснувањето и ширењето на зениците.

Може многу нешта да се заклучат за расположението на мачките според начинот како го држат опашот. Ако не сакаат да го свртат вниманието врз себе си, се држат неутрално, опашот сосема го исправаат и го одбегнуваат погледот на присутните. Силно свиткан крај на исправен опаш значи љубезен поздрав или понекогаш однапред радување на нешто што го очекуваат од човекот. Подигнат опаш со лесно свиткан крај значи радост, задоволство или напнатост. Накострешен опаш е знак на заканување и агресивност, додека мавтање со опашот одразува несигурност и нерешителност, а не, како што и денес некои мислат, лутина.

Прочитај и за ... >>  Зошто црвенееме?

Ако се доволно блиску, мачките користат и звучни сигнали за да го нагласат говорот на телото. Со фучењето и ‘ржењето изразуваат страв и агресивност, додека со глас кој потсетува на гукање на гулаб ги довикуваат мачињата.

Мјаукањето е најтипичен звук што го користи мачката. Тој исто така може да има различни значења, во зависност од начинот и ситуацијата во која мачката се користи со него. Оние што не се вдомени го одбегнуваат мјаукањето за со тоа да не го свртат вниманието на можните непријатели врз себе си.

Уште еден звук е изразито својствен за мачките и е најчесто знак на лагода и задоволство. Тоа е „предењето“. Со предење со триење со тело и високо кренат рамен опаш мачките по правило испраќаат сигнали на помирливост и изразуваат желба да отстранат нечија агресивност. Меѓутоа, мачките предат и кога ги боли нешто за со тоа самите себе си малку да се утешат. На пример, некои мачки интензивно и гласно предат за време на котење на младенчиња.

И мажјаците и женките полово созреваат помеѓу 6-от и 8-от месец од животот, но полниот телесен развој го завршуваат и едните и другите дури неколку месеци подоцна. Тој развој кај повеќето расни мачки трае и неколку месеци подолго. Со половата зрелост почнуваат да се воочуваат и разликите во телесната градба помеѓу мажјаците и женките. Мажјаците се со покрупна градба, имаат посилен врат, а поради масните перничиња на образите имаат и поголема глава. Женките се обично поеластични и имаат тесна, тријаглеста глава.

Освен физичките разлики, мажјаците и женките различно и се однесуваат. Мажјаците се територијални животни и подрачјето што го сметаат за свое го обележуваат со прскање на урина и триење од предмети на места кои најчесто ги посетуваат. На неканетите гости реагираат со заканувачко однесување и изразито агресивно. За разлика од женките, наклонети се на скитање и излегуваат често со денови во потрага по женки кои се бркаат или во лов. Кога конечно ќе се вратат од скитањето бараат утеха, храна и мирно место за одмор.

Мачките обично полово созреваат во 6-от месец од животот и тогаш за првпат се „тераат“, а во рамките на периодот на терање се плодни обично 5 до 6 дена. Додека се тера, мачката непрестано се трие од предмети, се валка по подот и предизвикувачки ја крева задницата во височина. Ако во тој период не се пари со мажјак, по околу 3 недели повторно ќе се тера.

Прочитај и за ... >>  Правила за исполнет живот

Мачките што излегуваат на отворено повикуваат повеќе мажјаци, од една страна со мирисна порака да се тераат, содржана во урината, а од друга со мошне бучно огласување кое потсетува на плач на мало дете. Кога мажјаците ќе се соберат, во првата фаза мачката ги држи на растојание со фрчење, дување и удирање со шепа, што искусен мачор по правило успева да го избегне. Женката потоа се повлекува на сигурна оддалеченост, додека мажјаците се заплашуваат еден со друг со погледи, кострешење и гласно врескање. Се обиколуваат помеѓу себе и се проценуваат. Ако ниеден не се повлече навреме, со тоа признавајќи дека е послаб, од таа средба може да се развие вистинска битка од која мажјаците излегуваат полни со гребнатини и каснувања. Право на парење добива оној мачор кој од тие битки излегува како победник. Смртноста кај некастрирани мажјаци е значително поголема отколку кај кастрираните, зашто тие во потрагата по женки кои се тераат минуваат големи оддалечености (неретко во радиус и над 3 км), како и поради последиците на опишаните битки за женка.

До парење може да дојде дури и кога женката ја сигнализира својата подготвеност за парење така што клекнува, ја подига задницата и опашот го свиткува силно настрана. Ако парењето трае само неколку секунди и нагло се прекинува, со тоа што женката со врисок го отфрлува мажјакот, на неговиот пенис се наоѓа израсток кој актот го прави болен за женката. Таа болка е потребна оти предизвикува излегување на јајце-клетки и овозможува оплодување. Во периодот на терање мачката може да се пари со повеќе мажјаци, а бидејќи кај секое парење се „ослободува“ само една јајце-клетка, во едно легло може да има мачиња со повеќе татковци.

Периодот на терање обично завршува со скотност која во првите недели не се ни забележува. Дури во последните 3 недели мачињата се доволно големи за да може да се забележи зголемен обем на мевот, а тогаш и почнуваат да растат млечните жлезди. Мачката во просек носи 63 до 65 дена. Во последните денови е нервозна и непрестано бара сигурно место на кое ќе се окоти. Често ги лиже дојките и аналното подрачје. Кога живее во куќа или стан, мачката за котење ќе ја избере собата на лицето што го чувствува за најблиско. Местото на кое ќе се окоти може да биде полутворен орман, мала кутија или дури креветот на блиското лице. Самото породување може да трае повеќе часови, дури и до 24 часа. Периодот помеѓу раѓањето на одделните мачиња може да биде мошне различен. Во првото окотување на една мачка леглото има најчесто 2-3 мачиња. Се случува мачката со првото окотување да не се снајде и да не покаже никаков интерес за своето потомство. Ако се окоти на отворено, едноставно ги остава, а мачињата угинуваат. Кај подоцнежните окотувања бројот на мачиња се зголемува и може да порасне и до 7. Бидејќи мачката има само 6 дојки, најслабото кое може да се избори за своја дојка обично угинува, освен ако човекот не се вмеша и не го дохранува.

Прочитај и за ... >>  Обични луѓе

Мачките имаат голема способност за учење и сеќавање, што ја користат пред се за информации кои им се од некоја корист. Тука спаѓаат пред се нивната најмила храна, местото на кое стои садот со вода и мачкиниот тоалет, најудобното место за спиење и местото на кое стои ннивната најмила играчка. Освен тоа, мошне брзо откриваат како треба да се однесуваат за да го придобијат човекот да го направи она што го сакаат, па така посебно добро се оѕвиваат на своето име кога им е време за оброк. Мачките кои живеат на отворено добро се сеќаваат на границите на своето подрачје, на познатите мачки кои се појавуваат на тоа подрачје, како и на опасните кучиња. Асоцијативното сеќавање и овозможува на мачката да решава нов проблем споредувајќи го со веќе доживеан. На тој начин без проблем ги разбираат меѓусебните односи помеѓу одделни настани и реагираат на нови, дотогаш непознати ситуации.

Мачките доаѓаат на свет со низа инстинкти, но некои форми на однесување кои се надоврзуваат на тоа мораат да се научат со трпение и труд. На пример, во тоа спаѓаат ловот и употребата на мачкиниот тоалет. Кога мачката може да излезе на отворено, по третата недела старост на мачињата, таа почнува да донесува лов. На почетокот сама пред мачињата го изедува веќе мртвиот, а подоцна го носи жив, пред мачињата го убива и им го остава да се обидат да го изедат. На крајот носи жив лов и пушта мачињата да го фаќаат. Ако тие не ја добијат таа поука од својата мајка или, пак, мајката е лош ловец, тие мачиња веројатно никогаш нема да бидат добри ловци.

Кога некоја египетска мачка угинувала, нејзиното тело било балсамирано, а муцката покриена со дрвена скулптурирана маска во форма на мачкина глава. Некои мачки се ставани во дрвени мртовечки сандаци изработени во форма на мачкино тело, а некои во плетени мртовечки кошари. Погребувани се во огромни мачкини гробишта, чиј број на гробови понекогаш надминувал милиони.

Божицата на мачките се викала Басте, што значело „Онаа од Баста“. Баст бил град во кој се наоѓал главниот храм посветен на мачките. Секоја пролет таму се собирале до половина милион аџии да учествуваат во светиот фестивал посветен на мачките. На секој од тие фестивали би биле погребувани отприлика 100.000 мумифицирани мачки во чест на мачкината божица-девица. Култот на мачката бил толку популарен што се одржувал речиси 2.000 години. Службено е забранет дури во 390-тата година по Христа, кога веќе и онака бил во сериозно опаѓање. Во својата златна ера, додека бил на врвот на популарност, овој култ верно одржувал огромна почит и углед што мачките го уживале во древната египетска држава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here