Одгледување на домати и пиперки

0
125

Тоа се култури кои сакаат топлина, па треба да се расадуваат во загреана почва, не под 14 степени Целзиусови.

На расадот во пластични леи му треба извесно време за да се воспостави функцијата на кореновиот систем, надземната маса има просушен изглед, а кај оној одгледуван во ФТС не се јавува физиолошки стрес по расадувањето, односно коренот веднаш почнува да функционира.

Доматот се расадува на растојание од 50 см до 60 см во редот (преку една капалка), а пиперката на 25 см до 30 см (на секоја капка). Растојанието помеѓу латералните цевки, односно помеѓу редовите треба да изнесува 60 см, а за да се овозможи обработка помеѓу нив.

Откако културата ќе се стабилизира и ќе се пополнат местата на растенијата кои не успеале да се зафатат, се преминува кон потпирање: над котиледонските ливчиња лабаво се врзува манила и се прицврстува на хоризонтална жица која се поставува паралелно со редот растенија преку целиот пластеник. Манилата треба да биде врзана доволно лабаво за да може да се намотува главното стебло во текот на целата вегетација. Притоа да не се оштети стеблото или соцветијата, а доволно цврсто за да не се дозволи растенијата да се потпираат едни на други кога ќе стежнат во фаза на носење на плодовите.

Ако се дозволи да прераснат, нивното отстранување ќе предизвика оштетување на главното стебло, а со тоа се отвора пат за инфекција од разни болести.

Освен редовното филизење (отстранување на странични изданоци покрај листот и главното стебло кога не се подолги од 10 см; тие непотребно трошат хранливи материи) и дефолијација (отстранување на старите листови), може да се примени и пинцирање- отстранување на два до три од најголемите и најмалите цветови за да се постигне униформно зреење и формирање на плодовите. На една китка се оставаат 5 до 6 плодови.

Стручњаците особено инсистираат на внимателно наводнување и ѓубрење во текот на вегетацијата. Имено, растенијата релативно брзо реагираат на недостиг или вишок на вода, а симптомите се препознаваат лесно. Пред да преминат во фаза на сушење, оние на кои им недостасува вода добиваат темнозелена боја и стануваат крути, а оние кои имаат вишок во кореновата зона имаат посветла зелена од нормалната и делумно пожолтување на долните листови што се должи на неможноста да го повлечат азотот од почвата.

Пресметано е дека за едно растение од домат, високо 90 см, со целосно развиена лисна маса, во фаза на носење на плод (без загуби на вода во почвата) се потребни следниве дневни дози на вода, во зависност од надворешните климатски услови:

-при многу облачно време-од 0,14 до 0,28 литри
-при облачно во поголем дел од денот-од 0.28 до 0.42 литри
-при променливо облачно-од 0,71 до 0,58 литри
-при сончево со мали промени-од 1,1 до 1,2 литри
-при сончево време-од 1,5 до 1,8 литри.

Во просек, за вегетација од 22 недели, со неделна потреба од 9 литри, може да се смета дека на едно растение му се потребни околу 200 литри вода.

Бидејќи пиперката содржи релативно помалку вода и хранливи материи, а има повеќе растенија на единица површина, истите препораки за исхрана и наводнување се применуваат и за посевите под неа.

Што се однесува на ѓубрењето на растенијата во текот на вегетацијата, се смета дека за доматот и пиперката е најдобро во околината на кореновата зона да има постојано доволно количество на лесно достапни хранливи материи. Фосфорот се дава со основното ѓубрење, па во текот на вегетацијата треба да се избалансира односот помеѓу азотот и калиумовите ѓубрива.

Треба да се има на ум дека вишокот на азот може да резултира со прекумерно развивање на лисна маса, со преслабо врзување и развивање на плодовите, а недостигот ќе резултира со тенки, слаби и пожолтени растенија.

Вишокот на калиум, пак, ќе резултира со прецврсти, спечени плодови, а неговиот недостаток ќе дозволи да превладее азотот и да се јават спомнатите симптоми на преобилна вегетативна маса.

Значајна улога во развојот на растенијата и формирањето на плодовите играат и микроелементите. Вишокот или недостигот може да резултира со сериозни симптоми и да се отвори пат за секундарна инфекција од разни габи и вирозни заболувања.

Кога постои можност растенијата да се наводнуваат капка по капка, генерално може да се препорача следната шема на избалансирана исхрана во различни фази од развојот:

-калиум (K20)           900-1.100 кг/ха    28 г по растение
-азот (N)                     450-550 кг/ха       14 г
-фосфор (P205)             80-110 кг/ха         7 г
-магнезиум (Mg0)       120-140 кг/ха         7 г
-калциум (Ca0)            550-660 кг/ха       14 г.

Неопходно е да се води секојдневна евиденција за работните операции, температурата, исхраната и третирањето против болести и штетници за да може да се расдвојат симптомите предизвикани од абиотски фактори и да се дијагностицираат вистинските причинители за неправилностите во развојот на културите.

(Користени повеќе прилози на Интернет)

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion