Од филозоф до филозофски

0
26
филозоф filozof

Многу или малку филозофи во нашево време? Многу или малку филозофија? Премногу филозофисти во бизнисот и политиката? Кој како ќе земе, кој како ќе гледа и промисли.

Никако ако и изнесувањето на малку потемелно знаење и разбирање на работите, а камо ли на нешто суштинско од она што не опкружува, од она пред нас и околу нас, го третираме како филозофирање- филозофизам.

Секојдневната потреба од мудар збор, мудар совет, секојдневната потрага по мудроста- тоа е почетокот на откривање и осознавање на вистинските вредности на филозофијата и нужноста од неа.

Основно значење на поими и термини од и во врска со филозофот, филозофијата, филозофското:

  • филозоф- пријател на мудроста, мудрец, мудар човек; човек кој се посветил на истражување на вистината за светот и животот, кој се занимава со филозофија, кој се занимава со апстракции; фигуративно- замислен, расеан човек, чии мисли и зборови е тешко да се разберат;
  • филозофем- прашање од областа на филозофијата, филозофско учење или тврдење, мислење, посматрање;
  • филозофизам- надрифилозофија , празна филозофија;
  • филозофија- мудрост; научна работа врз изградување на општ поглед на светот и самиот тој поглед на свет; највисок облик на општествена свест; наука за најопштите закони на движењето и развитокот на природата, општеството и човечкото мислење; основно прашање на филозофијата е прашањето на односот помеѓу мислењето и битието (субјектот и објектот), духот и материјата, како и испитувањето на причинте и принципите на стварите; фигуративно- мудрување;
  • да филозофираш- да се занимаваш со филозофија; да умуваш, да мислиш и да ја истражуваш вистината за светот и животот; да се стремиш кон сознание со истражување, одредување и врзување на поими;
  • филозофист- дрвен, празен филозоф, надрифилозоф;
  • филозофски- кој се однесува на филозофијата, кој и припаѓа;
  • филозофска пропедевтика- науки кои се сметаат како вовед и претходна подготовка за проучување на филозофијата (логика и психологија);
  • филозофска школа- ученици и следбеници на некој филозоф кои, под негово посредно или непосредно влијание, продолжуваат да работат во негов дух.

Не сум филозоф, ама ја сакам филозофијата оти за мене вистината за светот и животот е сушност на опстојувањето со личен и колективен идентитет. Не сум филозофист, туку само одвреме- навреме поставувам некој филозофем од нашево совремие и филозофирам за него. Се разбира, по темелно запознавање со филозофската пропедевтика и имајќи ги предвид модерните филозофски школи.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion