Woman Iris Eyelashes Green Eye Make Up Lid
Потребно време за читање: 3 минути

Обично се вели: очите кажуваат сѐ. Да, но дали тие вам сѐ или барем нешто ви кажуваат? Умеете ли да го разбирате нивниот „говор”?

Со помош на ориенталната дијагностика можете, меѓу другото, да ги читате од очите физичката, менталната и духовната состојба на лицето за кое сте заинтересирани.

И не само состојбата, туку тие-очите се еден од нашите „најизразувачки инструменти“ кои покажуваат секоја физичка, ментална и духовна промена. Преку раздалеченоста на очите, нивниот агол, нивната големина, очните капаци и друго.

1) Помала раздалеченост помеѓу очите укажува на карактер кој е претежно агресивен, со тесни видици и тврдоглав, додека емоционално и интелектуално е жесток. Црниот дроб, панкреасот, слезинката и бубрезите се посебно чувствителни кај лицата со такви очи; овие органи кај нив лесно подлегнуваат на пореметувања поради пррекумерно внесување на прехранбени продукти од животинско потекло.

Поголема раздалеченост зборува за помалку крута и блага природа, но нерешителна и бавна. Кај лицата со такви очи органите во централната област на телото се чувствителни на прекумерно внесување на шеќер, безалкохолни пијалоци, тропско овошје, како и ароматични, стимулативни прехранбени продукти и напитоци;

Прочитај и за ... >>  25 часовна работна недела?!

2) Очи што се на надворешниот крај искосени угоре укажуваат на тенденција кон јаснотија на емоционален и интелектуален план.

Спротивно, очи што на надворешниот крај се искосени удолу, укажуваат на поблаг и потолерантен карактер;

3) Мали очи говорат за карактер што се одликува со решителност, активност и самоувереност, напоредно со физичката сила, виталноста и издржливоста. Ако очите се ненормално мали, тоа е знак на тенденција кон остар, агресивен карактер.

Ненормално големи очи укажуваат на нервни пореметувања, вклучувајќи пречувствителност, раздразливост, нервоза, срамежливост и недостиг на сигурност.

Воопшто, пожелно е мажите да имаат помали и потесни, поискосени очи, а жените да имаат пошироки, отворени, со тркалезна форма.

3) Во врска со очните капаци следново:

Затегнати очни капаци откриваат лица со изразена тенденција кон јаснотија на ментален план.

Набрчкани, лабави очни капаци се често знак на физичка сила.

Очните капаци што се отечени и црвени или имаат пурпурна боја говорат за актуелно прекумерно внесување на овошје, шеќер и други слатки, млечни напитоци, други безалкохолни пијалоци и стимуланси. Ваквата состојба може да укажува и на земање на дрога и лекови. Капаци кои така изгледаат можат исто така да бидат индикација на општа слабост на органите за варење и ненормално нервна чувствителност. Најзагрозени органи се бубрезите, цревата, слезинката, црниот дроб и репродуктивните органи, како и хормоналните функции.

Прочитај и за ... >>  Поврзано со времето

4) За мигањето:

Во просек, здраво возрасно лице мига отприлика еднаш на секои 20 секунди или 3 пати во минута. Лице кое мига значително помалку е во состојба на поголема активност и пргавост на физички и ментален план. Лице, пак, кое мига повеќе од 3 пати во минута се наоѓа во фаза на влошена здравствена состојба поради внесување на премногут течност, овошје, шеќер и други прехранбени производи и напитоци. Ако мигањето е ненормално зачестено, тоа значи дека лицето пати од нервни пореметувања и се наоѓа во состојба на крајна чувствителност, страв, плашливост и раздразливост.

5) За трепките:

Долги трепки се знак на прекумерно внесување на течност, пресен зеленчук и овошје. Ако трепките се извиени нанадвор, тоа покажува ненормална нервна чувствителност и е знак дека репродуктивните функции се во состојба на дегенерација поради внесување на овошје, овошни сокови, вино, шеќер, слатки, безалкохолни пијалоци, ароматични стимулативни продукти и пијалоци, како и лекови и дрога во раното детство. Пократки трепки се последица на внесување на претежно варени солени јадења, пржени, печени и варени продукти од животинско потекло, а помало внесување на житарици и зеленчук. Трепки што се извиени навнатре се знак на прекумерно внесување на големи количества на сол, месо, риба, кавијар и живинско месо, без доволно житарици во зрно и зеленчук, продукти што би дејствувале како противтежа на овие првите. Кај таквите лица репродуктивните функции се често ненормални, особено кај жените, кои можат да патат од менструални грчеви и изостанок на менструација поради собирање на јајниците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here