Nina Spirova
Потребно време за читање: 2 минути

Нина Спирова е еден од легандарните македонски женски вокали и една од првите македонски женски изведувачи на забавна музика. Со својот чист, кадифест глас остави трајни вредности-музички записи на неколку забавни мелодии кои станаа евергрини, како и бројни бисери на македонската народна музика.

Таа е скромна, ненаметлива, повлечена, со многу малку, речиси ништо познато од нејзиниот приватен живот, со однесување несвојствено за пејач-ѕвезда со таков потенцијал. Имајќи го предвид пред сѐ животното доба, веројатно засекогаш се повлече од естрадната сцена и е дел од музичкото минато.

Спирова е родена во Прилеп, Македонија, на 26.10.1938. година. Исполнувала и снимила голем број познати хитови од светски автори, како и обработки на македонски народни песни. Сепак, и според нејзините почитувачи и според музичките стручњаци главен белег оваа пејачка остави во забавната музика.

Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв спомна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај, Кољо“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди“, „Кажи, кажи либе Стано“ и др.

Прочитај и за ... >>  Хеви метал музика

Во 1969. година ја освјува првата награда и наградата од стручното жири на фестивалот „Скопје 69“ за интерпретацијата на композицијата „Езеро мое“ од Љубомир Бранѓолица“. Истиот успех го постигнува и со „На овој ден“ од истиот автор во 1973., а еддна година подоцна го освојува првото место со „Претчувство“ од Б. Илиќ.

Настапувала во десетина европски земји, како и во САД и Австралија, а во 1966. година како претставник на тогашната ЈРТ гостувала во Атина на фестивалот „Музика на Елисејските полиња“.

Нина Спирова соработувала со најпознати македонски автори и аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски- Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и др. Има снимено над 80 композиции од кои поголем број се хитови: „Езеро мое“, „Еден бакнеж“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“, „Молчи, молчи“ и др.

Забележителен настап имала на фестивалот „Београдско пролеќе“ во 1963. и во 1964. година, со песните „Експрес во 03“ и „Бела хризантема“. Во 1965. година на фестивалот „Опатија 65“ по вторпат ја освојува наградата на публиката со песната „Далеку од љубов“.

Прочитај и за ... >>  Харфа

Снимила неколку сингл плочи на српско- хрватски јазик.

Нејзиното ЛП со македонска народна музика (Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“ и др.) е добитник на златна лента за врвен квалитет во сите музички сегменти.

https://www.youtube.com/watch?v=0m1A6ynomBw

Во 1962. година Нина Спирова ја освои првата награда од публиката на култниот фестивал на забавни мелодии „Опатија 62“, со сега веќе легендарната композиција „Еден бакнеж“ на Петар Пешев. Македонскиот режисер Милчо Манчевски го „реактуелизира“ поставувајќи го како главна музичка тема во својот филм „Сенки“ (Shadows).

Многумина музички критичари Нина Спирова ја прогласија за прва македонска поп дива, а некои ја нарекуваат македонска Едит Пјаф. Има статус врвен уметник.

Засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години на 20. век. Во последниве децении живее во Германија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here