Потребно време за читање: 8 минути

Прстенот е вид накит со тркалеста форма, со украсен додаток, најчесто од бесценет камен или од некој друг вреден материјал. Најчесто се изработуваат од благородни метали-злато, платина, сребро или од некоја легура на благородни метали.

Бурмата е вид накит кој се смета за најстаро обележје на бракот, кое датира од стариот Египет, а според некои извори од 9. век пр.н.е. Од 13. век таа станува дел од христијанските венчавки и се затврдил обичајот да се носи на домалиот прст од левата рака. Имено, додека свештеникот ги изговарал зборовите „Во име на Отецот, Синот и Светиот дух“ тој допирал по еден прст, почнувајќи од палецот. На изговорениот збор „Амин“ се ставал на домалиот прст. Исто така, се затврдил и обичајот да го носат обата пола, зашто дотогаш го носеле само жените. Станал симбол на тоа дека пред Бога сите луѓе се днакви. Всушност, пред тоа жените добивале веренички прстен, па на тој начин церемонијата на прстенување била готова. Така таа добивала доверба дека заслужува да добие таков подарок.

Според некои извори, обичајот младенците да разменуваат бурми ја поттикнала американската златарска индустрија кон крајот на 19. век , по светската економска криза. Пред неа прстени разменувале околу 155 младенци, за по неа тој број да се зголеми за 80%.

Кај православните верници бурмата се носи на десната рака, додека кај некои народи, како што се Италијанците и Бразилците, се носи на левата. Обичајот носење бурма на десната рака потекнува од старите Римјани, за кои левото имало негативна конотација и означувало нешто што е неповолно, за разлика од десното кое означувало позитивни особини, како умешност и остроумност. Сепак, во поново време носењето бурма на левата рака е попрактично; повеќето луѓе се деснораки и бурмата може да запречи, посебно во одделни професии како електричар.

Во некои европски земји вереничкиот и венчалниот прстен се едно парче накит, кое по венчавката се гравира; се испишуваат имињата на младенците и датумот на венчавката и се преместува на другата рака. Обично овие два прстена се издвоени, но во нашево време се прават и како два или три споени.

Постојат разни варијанти на која рака се носат овие два прстена, а една од нив е дека бурмата се става преку вереничкиот прстен, што значи дека веридбата прераснала во брак. Некои луѓе не носат бурми, иако се венчани, а од разни причини. Затоа ја чуваат во мали кутии, ја носат на синџирче околу вратот, а некои и ја тетовираат на прстот.

Прстенот е сличен на бурмата, но има украсен додаток-надградба. Се носи на прст од рака како украс, а во некои цивилизации и како статусен симбол.

Венчалниот прстен е прстен кој сопружниците го разменуваат во текот на церемонијата на склопување брак. Неговата историја започнува во Стариот Египет, на бреговите на Нил, каде што од рогоза и трска со свиткување се изработувале првите прстени и белегзии. Таквите најрани прстени траеле околу една година, зашто материјалот се распаѓал, па некои порадо се одлучувале за потрајни материјали, како кожа, коски или слонова коска. Во Стариот Египет тој е отелотворување на совршенство, симбол на совршено спојување на вљубени без почеток и крај, симбол на сонцето, месечината, земјата и целата вселена. Не без причина го носиме на четвтиот прст од левата рака, зашто тогаш уште се верувало дека вената што тече низ него води рамно до срцето, до самиот извор на љубовта и страта. Преземајќи го тоа верување, Старите Римјани ја нарекле „vena amoris“ или вена на љубовта.

Прочитај и за ... >>  Помеѓу компромисот и толеранцијата

Со развојот на металургијата стана вообичаена изработката на прстени од метал. На почетокот тие биле мошне невешто направени, но редовно со вградени скапоцени или полускапоцени камења, за што сведочат бројни ѕидни слики и хиероглифи пронајдени во египетските гробници. Во тоа време повеќе одошто љубов со прстените се искажувало богатство.

Во римското доба и средниот век прстенот не се разликувал од вереничкиот, но од 16. век почнува да се користи обичен едноставен златен прстен (евентуално и од платина или паладиум).

Во последно време венчалните прстени се изработуваат и украсуваат на разни начини: со матирање, брусење, дијамантирање, комбинација на различни видови благородни метали, со украсување со драгоцени камења, најчесто дијаманти (обично само за младенката). Се гравираат и сентиментални пораки, имиња или датумот на венчавката на внатрешната страна од прстенот.

При изборот на венчалниот прстен со обработена површина треба да се има предвид дека поршината со време се троши и станува помазна, па прстените по подолг период на носење не можат да изгледаат како нови. Некои матирани површини тогаш можат да се обноват, додека кај други тоа не е можно.

Се изработуваат и прстени кои однатре можат да бидат заоблени, што е доста практично кај широките прстени поради полесно ставање и вадење, како и за поудобно носење. Таквиот облик се нарекува внатрешно bombe.

Денес е можно да се избира помеѓу венчални прстени од бело, жолто или црвено злато, како и од комбинации на тие бои. Исто така е можно да се избира и чистотијата на златото кое кај нас е најчесто од 14 карати, иако се повеќе се продаваат 18-каратни златни прстени. При таквиот избор теба да се има предвид дека венчалниот прстен се носи главно секој ден, од сиот накит е најмногу подложен на трошење, па поради тоа можеби е подобро да се избере прстен од поевтин и потврд 14-каратен материјал, отколку пофини и поскапи 18-каратни варијанти. Од другите материјали за венчален прстен често се употребува и платина, а поретко титан и сребро.

Една кинеска легенда објаснува зошто венчалниот прстен се носи на четвртиот прст:

Палците ги претставуваат родителите, показалците ги претставуваат твоите браќа и сестри. Средниот прст те претставува тебе самиот. Четвртиот (домалиот) го претставува твојот пар (партнер). Малиот прст ги претсавува децата. Склопи ги рацете дланка во дланка, потоа средните соедини ги како што е прикажано на сликата.

Обиди се да ги раздвоиш палците (родителите). Ќе успееш, зашто тие не би требало да живеат со тебе вечно. Повторно спои ги и обиди се да ги раздвоиш показалците (браќата и пријателите). Се отвораат зашто тие заминуваат, имаат свои животни патишта. Обиди се да ги раздвоиш малите прсти (твоите деца), тие се отвораат зашто децата растат и заминуваат. Повторно спои ги. Конечно, обиди се да ги раздвоиш домалите прсти (пар-партнер) и ќе се изненадиш-тоа е невозможно да се направи. Парот е судбински врзан до последниот ден од животот. Затоа венчалниот прстен се носи токму на тој прст.

Некои сознанија (симболики) и препораки за прстенот на женската рака

Прстен со овален камен треба да и се подарува исклучиво на жена со која сте во длабок емотивен или пријателски однос. Правоаголен камен сакаат жени хедонисти, обликот на „созла“ жени со цврсти убдувања, додека камен во облик на срце е идеален за романтични души.

Стручњаците тврдат дека изборот на прстенот мошне убедливо „раскажува“ за карактерот и личноста, па затоа кога го подарувате тоа мора да биде главен критериум. Затоа е важно да го погодите вкусот на оној што ќе го носи. Секој прстен на женската рака има своја приказна и симболика, па поради тоа тој не е најдобар подарок ако добро не го познавате. Истражувања покажуваат дека жение најмногу се радуваат кога како подарок ќе добијат накит, првенствено прстен, но и оти дури 58% од нив се разочарани од изборот на своите партнери. Еве што предлагаат тие:

Прочитај и за ... >>  Занимањето открива каков е мажот во сексот!

-Прстен со еден камен и прилега на отворени и амбициозни жени на кои сакате да им порачате дека ви се важни. Тој е совршен за дами кои сакаат класичен и традиционален изглед на накит, а е добар избор и за амбициозни, жени свртени кон кариерата, кои се отворени и јасно знаат што сакаат. Големината е работа на вкусот, па ако не сте сигурни што би сакала таа, погледнете во нејзините раце следниот пат кога ќе бидете заедно. Ако носи големи, крупни прстени, тоа нека биде и ваш избор;

-Тркалестиот камен е добар за јаки жени кои знаат што сакаат. Тој се подарува само кога сте со жената во длабок емотивен или пријателски однос. Тие се верни љубовнички и пријателки, но ако ги повредите умеат да бидат мошне непријатни, зашто за она што ви го даваат очекуваат возврат;

-Четвртестиот камен го носат жени хедонисти, со префинет вкус и стил. Тие уживаат секогаш кога можат, но се и доволно силни да поднесуваат тешкотии. Наклонети се на фантазирање и мечтаење, но своите најинтими тајни ги откриваат мошне ретко. Формата на „солза“ ја сакаат жените со по малку традиционални сфаќања. Мошне се верни и во работата и во љубовта, со цврсти уверувања и понекогаш со премногу стриктни ставови. Камен во форма на срце сакаат романтични души, жени кои сонуваат за гламур, живеат во бајка, со „главата во облаци“. Во нив засекогаш ќе постои немирно, палаво дете желно за нови авантури;

-Прстен со неколку каменчиња е идеален подарок за сентиментални, продуховени жени. Особено оној со три камења, зашто тројката е јак симбол во многу култури и традиции. Ваквиот прстен е совршен подарок за жени на кои сакате да им подарите нешто интимно и лично. Ќе го сакаат и смирените жени, зрелите, самосвесните, по малку мистичните;

-Спирален прстен со камен треба да им се подарува на храбри, модерни жени, кои не прифаќаат компромис. Иновативен и модерен дизајн им прилега на жени кои имаат прогресивни ставови, кои се јаки и мислат со своја глава. Таквите дами секогаш се забележани и малкумина оставаат рамнодушни. Отворени, јаки, уметнички настроени, жени кои се родени водачи, добри во изразувањето и интепретирањето, оние кои знаат да ги искористат шансите што им ги дава животот;

-Прстен со камен во боја е добар подарок за неконвенционални жени. Статистиките покажуваат дека жените најрадо носат прстени со сафири, рубини, смарагди и дијаманти или со полускапоцени камења според месецот на раѓање. Скапоцените и полускапоцените камења во боја се совршени за специфичен вид жени- креативни, емотивни, неконвенционални, сетилни;

-Старински или филигрански прстен ќе им се допадне на романтични души, на оние кои по малку живеат во минатото и копнеат по некои стари, добри времиња. Дамите кои сакаат вакви прстени се создадени за глума, пишување или некоја друга форма на уметничко изразување, мошне се хумани и креативни, реформаторки во душа;

-Прстен богато украсен со скапоцени камења сакаат популарни, кокетни жени, желни за успех. Тие се секогаш забележани, знаат што сакаат и како да дојдат до тоа, модерни се, убаво облечени, софистицирани и моќни и со појавата и со ставот. Гламурозни се, насмеани и јаки, знаат што сакаат од своите партнери и не се согласуваат на помалку. Тие се гладни за успех, способни за мултитаскинг, енергични и интелигентни;

Прочитај и за ... >>  Национален идентитет

-Прстен без камен е избор за жени на кои удобноста и практичноста им се на прво место. Тие се најчесто спортски типови, неупадливи, скромни, понекогаш и срамежливи, свртени кон семејството и децата. Зрели но ненаметливи, интелектуално јаки, но повлечени.

Многу прстени „емоционален штит“

Освен формата на прстенот и каменот, карактеристиките на женската личност се во согласност и со прстот на кој ги носи. Изборот на прстот на кој се носи накитот најмногу зборува за внатрешната состојба и начинот на согледување на светот, тврдат стручњаците.

-Прстен на показалецот открива амбициозна личност која нема да избира средства за да дојде до својата цел. Тоа се лица со јасно одредени приоритети, кои никогаш не се свртуваат кон минатото. Сакаат да управуваат и со својата и со туѓи судбини, и најдобро се чувствуваат кога се моќни и кога некој или нешто зависи од нив;

-Прстен на средниот прст открива личност свртена кон материјалното. Таквите лица сакаат раскош и се мошне горди на своите деловни успеси;

-Најголем број луѓе носат прстен на домалиот прст. Тоа се исклучително емотивни лица, а стручњаците тврдат дека оние што имаат повеќе од три прстени на овој прст со тоа прикриваат некоја емоционална или креативна фрустрација, неуспех или пораз. Оние што на тој прст носат еден или два прстена умеат и да даваат и да примат љубов, силни се и сигурни;

-Малиот прст открива лица подготвени на експериментирање, способни, сетилни и чувствителни. Меѓутоа, доколку прстенот на малиот прст е упадливо голем, станува збор за лица кои имаат проблеми во изразувањето на сексуалноста!;

-Прстен на палецот носат неконвенционални, слободоумни жени кои не се срамат од својата сексуалност.

Хиромантите тврдат дека дланката е единствената „лична карта“ на секој од нас и велат дека луѓето кои носат исклучително многу прстени на тој начин прават „емоционален штит“, зашто длабоко во себе се плашат да не бидат повредени, додека оние што упадливо го украсуваат показалецот се чувствителни на критики!

Мажот со прстен на палецот ќе го паметите засекогаш

Прстенот на палецот првобитно го носеле стрелците, за тој да ги заштити од жицата на лакот, во 15. век тој бил резервиран за докторите, додека во 70-тите години од минатиот век бил симбол на исклучителен либерализам во љубовта, сексот, воопшто начинот на живот.

Некогаш жените на загинатите војници носеле прстен на палецот за да покажат почит спрема своите паднати мажи, додека денес носат жени кои секогаш се издвојуваат од масата, било со изгледот, било со размислувањето. Сепак, стручњаците тврдат дека најголема симболика прстенот на палецот има ако е на машка рака и оти се тоа посебни луѓе кои ќе ги паметите засекогаш.

Тоа се неограничени, независни, енергични мажи, кои поседуваат јака харизма со задолжителна доза на мистериозност. Изразити индивидуалисти, својата слобода ја сакаат повеќе од се, неконвенционално се облечени, специфични и во вкусот и во стилот, бунтовници кои жеите напросто ги обожуваат.

Страсни љубовници, шармери кои лесно заведуваат, но кои никогаш предолго не се задржуваат на едно место.

Девојки, жени, ако сте сакале такви, вечно ќе ги паметите и секогаш ќе сакате да се вратите во нивната прегратка!

(Користени повеќе прилози на Интгернет)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here