Потребно време за читање: 3 минути

Напоредно со „стандардното“ градинарство постојат во светот необични, ретки градинарски зафати, некои и епохални. И тоа од обични селани-градинари.

Избор:

-јапонски систем на садење на салата на вертикална плоча;
-„дијамантска роза“ на индиски градинар;
-чудотворно растение: Алое Вера.

Поради недостиг на земја, во Јапонија е усовршен систем на садење на салата на вертикална плоча:

-Еден јапонски селанец усовршил единствен систем на садење на салата на вертикална површина, што овозможува зголемена продуктивност со помалку трошоци. Тој пронајдок се испитува и во оранжерија во округот Хјого, а се состои во фиксирање на млади салати на вертикални плочи, високи 4 метри, што се наводнуваат со пареа. Сместени се близу до извор на светлина.

 

Селанецот Марумото дошол на таа идеја за да им помогне на голем број јапонски земјоделци соочени со бројните просторни проблеми:

„Избирајќи вертикална плоча, можат да посадат зеленчук на простор 10 пати потесен од поле и спектакуларно да го зголемат приносот“, објаснува тој.

На тој начин не може да се сади зелка, но Марумото има намера да ја примени својата техника за одгледување и на спанаќ;

Прочитај и за ... >>  Чудесно растение: брусница

„Најубавите работи се наоѓаат во мали пакувања“, е позната поговорка во која секако верува и индискиот градинар Судрир Кетават:

Тој успеал да одгледа најмала роза на светот. Таа му припаѓа на познатиот вид „petite polie“, што расте само 4 сантиметри. Розата која тој ја одгледал има само 2 сантиметра и е веќе влезена во Лимка книгата на рекорди, индиски пандан на Гинисовата книга на рекорди.

„Ја негував како да е мало дете. Пупката има помалку од половина сантиметар, а ливчињата се уште помали. Во стручната литература не најдовме податок за помала роза. Мислам дека ја одгледав најмалата роза на светот“, вели Кетават.

Дијамантската роза, како што ја нарекол, сосема сигурно е најмала во Индија, а многу веројатно и во светот. Тој чека официјална потврда од Гинисовата книга на рекорди и ја чува розата како да е вистински дијамант;

Малку е познато дека и Александар Македонски знаел за лековитите својства на Алое Вера.

Токму таа му залечила опасна рана од стрела што ја добил во Палестина. Некои сметаат дека ова растение било причина тој да го освои островот Сокотра во Индискиот океан-на него успевала најмногу:

Прочитај и за ... >>  За зачинските, ароматичните и лековитите билки

-Лековитоста на алојата се спомнува уште во Стариот завет, 6000 г. пр.н.е., а првите рецепти датираат од Месопотамија- најдени се на глинени таблички (2.200 години пред Христа). Фараоните ја сметале за елискир на долговечноста и таа е еден од мотивите на египетските цртежи. Клеопатра ја користела како козметички препарат, а се садела околу пирамидите. Војниците на Наполеон ги лечеле повредите со сок од ова растение, Индијанците го сметале за едно од 16-те свети растенија, а кинеските лекари ги користеле неговите трнови за акупунктура. Во Новиот завет пишува дека телото на Исус го премачкале со 100 литри балсам од алоја и мирта. Во периодот помеѓу 10. и 13. век алојата станува општо прифатена во медицината на Европа, а на почетокот од 20. век во Америка, на Флорида почнува комерцијалното производство-се формираат насади, плантажи на Алое Вера. Махатма Ганди пишува дека силата при постот ја црпи од три извори: вербата во Бога, едноставниот живот и растението Алое Вера што го запознал додека престојувал во Африка.

Прочитај и за ... >>  Непознатото растение бамбусот

Интересен е и податокот дека астронаутите кои се спуштија на Месечината во 1969. година носеле во строго редуцираниот багаж и крема од алоја.

Според најновите сознанија, Алое Вера содржи над 200 корисни состојци. Меѓу другите: витамини А, Ц, Е, Б, минерали и олигоелементи (натриум, калиум, калциум, магнезиум, бакар, цинк, хром…), ензими кои го поттикнуваат процесот на варење, ги уништуваат бактериите и дејствуваат антивоспалително. Содржи и гликоза, а дејствува и антидијабетски. Шеќерот царисин има антивирусно дејство што ова растение го прави исклучително зашто засега не постои лек што ги запира вирусите. Од другите состојци може да се изделат и сапонините- чистачи со антисептични својства, салицилна киселина која има антибактериско дејство и амино киселини кои се внесуваат со храната, а се неопходни за функционирање на човековиот организам.

Алојата има антиоксидантско дејство (го штити организмот од слободните радикали), дејствува како имуностимуланс (ја јакне отпорноста на организмот), има антиканцерогено и антивирусно, бактерицидно, фунгицидно, аналгетичко и антиалергиско дејство и УВ заштитно.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here