Потребно време за читање: 2 минути

„Леви“-„откачени“ или необични-бизарни, сеедно. Во секој случај, изборот е секогаш, буквално секој ден од богат пребогат. На Интернет има многу специјализирани сајтови за такви вести и информации, но веќе се забележува „заситеност“. Имено, и „најлевите“, „најоткачените“ како да стануваат „нормални“, „обични“, па таквите сајтови драстично го губат рејтингот, односно драстично се намалува нивната посетеност.

Еве сосема мал избор од „левите“ и „потрајни“ настани и случувања во светот:

Yugo е „Мона Лиза на ужасот“

-На листата на „50 најлоши автомобили на сите времиња“, на американското списание Time, надежта на автомобилската индустрија на поранешна Југославија, популарниот Yugo GV, е прогласен за „Мона Лиза на ужасните автомобили“.

На увозникот на Yugo целта очигледно му била секој жител на Америка да го принуди на работа да оди пеш, па во 1985. година почна да го увозува Yugo GV. Произведен е во комунистичка Југославија, а потсетуваше на оружје.

Интересно, во возилото, во кое во стандардната опрема одеше и „тепих“, yugo-то и тогаш имаше редок одмрзнувач на мразот од прозорецот, очигледно рацете да ви ги одржува топли додека го туркате. Машината би почнала да чади, своевидната електроника да пишти, а деловите едноставно би почнале да отпаѓаат.

Прочитај и за ... >>  Лесно до развод? Ништо полесно. Само изберете и обидете се.

Yugo („ти одиш“) или не, пишува добитникот на Пулицерова награда за новинарство Dain Neil, инаку колумнист на LA Times;

Светско првенство во свирење на „воздушна гитара“

-На крајот од август во финскиот град Oulu се одржува Светско првенство во свирење на air guitar, т.е. воздушна гитара. Почнало како шега, но прераснало во годишно собирање на луѓе од целиот свет кои имитираат свирење на гитара.

Натпреварувачите се претвораат дека во два круга на натпреварување, во рок од 60 секунди, свират на замислена гитара со што поенергичен сценски настап, при што се бодуваат техничката изведба, нивната харизматичност и самата „воздушност“, т.е. уметноста на свирење на замислена гитара, која не би смеела да биде обична имитација на стварноста.

Во минатата-2017. година се одржа 22-ро на ред, а во финалето се натпреваруваа 15-мина кандидати од Јужна Кореја, Пакистан, Шведска, Велика Британија, Канада и други земји. Победи Американецот Мет Бернс, познат по прекарот „Еристотел“, претворајќи се дека свири гитара со звуците на хеви-метал верзијата на „I Will Survive“;

Прочитај и за ... >>  Траењето на бизарните вести

Опасни американски сандали

-Јапонските власти ги предупредија љубителите на популарната американска марка на сандали Crocs на опасноста да останат прилепени за скалите при возење на подвижни скалила.

Сандалите Crocs, омилени помеѓу јапонските деца и младите поради удобноста и дизајнот, се направени од еластичен материјал кој лесно се прилепува за површините.

„Ги молиме клиентите да бидат внимателни“, изјави одговорниот на одделот за сигурност на потрошувачите при јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here