Народно верување: Таласами

0
26

Не само вапири и вештици имало некоаш, ами и друзи страшни видуачки. Еве какви нешта видел татко ми, Бог да ми го прости.

Кога бил во млади годиње, патуал една ноќ и му бил патот да поминит на едно место кај што имало луѓе отепани и закопани од арамии. Тоа место било таласамлија, не беше чаре чоек што ќе поминел тамо ноќе да не налеит од таласамите. Кога приближал татко ми тамо, му текнало оти ќе врвит на тоа место. Ако беше му текнало од вечер, не ќе кинисуаше за ноќта да врвит тамо; арно ама беше дошол на местото, тики не беше ни да се врати, ни да одит. Ајде, си рекол, на име Боже, `и понатресол чивте пиштоли, та беше го разлутил коњот уште оддалеку и дошол на местото кај гробиштата. Во еден темен дол, кај што требало на едно место да се врвит, и туку беше му го препречиле пато два вола многу големи, со едни рогои колку еден стажен, оти беа одвртеле  како некој ѕверои. Застанал коњо пред волоите, бре терај коњ, неќит да оит, фрчит и назад се враќал и полека-лека волоите ватиле да одат кај него. Друго чаре немало, ами тргнал пиштолите во нив, да што сакат нека бидит, си рекол со умот. Туку откога пукнал пиштолите на волоите, веднаш загинале-и  наизлегле `ртки илје и милје, та кога се раскакале преку него, пред него, зад него, како некој стрели. Уште малку ако беше стојал, очите со нокти ќе беа му `и изваеле. Господ да чуат и да бранит. Арно ама беше го пуштил коњо на дизгин и откога откочил од местото и потроа-потроа невиден бис(т) се сторија. За уверуање беше било што обата пиштола беа му се искршиле цевките, да од тоа требало да сет таласами.

-Море да беше ми текнало, бре синко, да бев го рекол; во имја оца и сина, веднаш ќе се стореа прав и пепел, ама на страо згора не ми текна-ми велеше.

(Заб. Марко К. Цепенков)

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion