Најважни 5 антиканцерогени овошја и зеленчуци

0
55

Стручњаците велат дека пролетта е идеално време да „навалите“ на овошје и зеленчук кои, освен што се вкусни, можат да ви послужат како превенција на сите видови канцер. Подготвија листа од топ 5 антиканцерогени продукти:

Пролетните јадења ќе го засилат вашиот имунитет и со помош на антиоксиданси ќе се бори против ќелиите на ракот и канцерогените токсини што ги имаме во организмот.

Еве ги 5-те најдобри пролетни продукти што ја вршат таа улога:

Јагоди

Јагодите се можеби и најдобар избор зашто имаат малку калории, можат да се најдат секаде и во екот на сезоната обично им паѓа цената. Би било добро, ако имате замрзнувач, да замрзнете неколку килограми за да можете да ги јадете во текот на целата година.

Една шолја јагоди има одвај 46 калории и ви помага да се борите против ракот на кожата, дојката, хранопроводот и мочната бешика. Кога купувате јагоди, водете сметка уште да имаат зелена „капичка“ и да не се згмечени или мувлосани.

Спанаќ

Влакната, фолатите (Б витамин) и антиоксидансите во пресниот спанаќ ви помагаат да се заштитите од рак на устата и гласните жици. Една шолја спанаќ има сенасе 7 калории, па слободно јадете колку што сакате.

Пациентите кои земаат средства за разредување на крвта би требало да го ограничат внесот на овој продукт, зашто витаминот К, што го содржи, може да доведе до создавање на крвни згрутчувања.

Ананас

Жолтата овошка има ниско ниво на натриум, слатка е и помага во одржување на добра телесна линија. Одличен е избор за ужина или десерти и е богат со витамин Ц. Пролетта е идеално време за детоксикација на целото тело. Ако акнцетот го ставите на овошјето и зеленчукот кои во сезоната не се скапи, ќе заштедите пари, а ќе бидете поздрави.

Синап

Ако не сакате спанаќ, испробајте синап (или слачица; од него се прави сенф) кој има сосема поинаков вкус. Згответе го со малку маслиново масло и без сол, па така ќе има околу 85 калории. Збогатете му го вкусот со неколку капки лимонов сок.

Брокула

Брокулата е многу корисна, особено за жените кои преживеале рак на дојка. Исто така, овој продукт е важен и во спречување на појава на рак на дебелото црево.

Во една порција брокула има само 30 калории, а е преполна со влакна кои помагаат дигестивниот тракт да функционира подобро. Освен тоа, овој зеленчук штити и од рак на кожата и ве штити од изгореници од сонце.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion