Потребно време за читање: 7 минути

Одвреме-навреме читаме (слушаме) за најнови откритија (со и без наводници), сознанија, потврди, негирања и п(р)ојави за и поврзани со Исус Христос. Тоа поначесто се случува пред или за време на празници, а особено пред, за време и по Велигденските празнувања.

Најнови:

-Едно момче тврди дека го запознал Исуса Христа;
-Пронајдени шајките д крстот на кој бил распнат Исус;
-Тајната вечера била во среда, а не на Велики четврток;
-Тврдење на астрономи: Исус е роден во јуни;
-Исус не воскреснал?!

„Рајот постои“ е називот на книгата во која Колтон Бурпо од САД прераскажува што доживеал во моменти кога хирурзи се бореле за неговиот живот.

-Едно момче кое за малку ќе умрело кога му пукнало слепото црево, го опишало своето искуство во книга која стана бестселер број еден на „Њујорк Тајмс“, а е преведена на десетина јазици.

На Колтон Бурпо во 2002. година му бил погрешно дијагностициран грип, па на враќање од семејното патување во Колорадо сериозно му се слошило. Итно е префрлен во болница каде што е опериран два пати, а во текот на еден зафат под анестезија доживеал доаѓање во рајот, каде што ги запознал својот прадедо и Исус Христос.

„Дојдоа неколку ангели, ме одведоа и го видов Исус. Седев крај него кога наиде еден тип и ме праша: „Дали си ти син на Тод?“. Реков дека сум и тој ми рече дека е дедо на мојот татко. Беше голем, имаше огромни крилја, кадрава коса, голема насмевка и беше баш фин“, раскажал Колтон за телевизијата MSNBC, кој го запознал и Јован Крстител, но тогаш сѐ уште не знаел кој е тој.

Податокот кој најмногу ги шокирал родителите е тврдењето дека момчето на небото ја запознало својата неродена сестра, за која никако не можел да знае зашто никогаш не му кажале дека пред него мајката Соња имала спонтан абортус со девојче;

Археологот од израелско-канадско потекло Симча Јакобовици тврди дека пронашол остатоци од шајки кои се користеле пред 2000 години за распнување на Исус Христос на крст.

-Јакобовици тврди дека остатоците од шајки ги пронашол во пештерата Армон Ханацив, близу до Ерусалим. „Рѓосаните шајки се добро зачувани“, тврди овој археолог.

За разлика од Јакобовици, Израелската археолошка канцеларија смета дека е тој голем археолог, но шајките не се од Исусовиот крст.

„Според нашите сознанија, шајките најверојатно потекнуваат од 15. век и нема докази дека се од времето во кое живеел Исус“, изјавиле стручњаците.

Археологот и натаму тврди дека ќе го продолжи своето истражување и ќе пронајде докази дека шајките потекнуваат од Исусовиот крст;

Тајната вечера, која Исус Христос последен пат ја поделил со своите апостоли на Велики четврток, е одржана во среда, тврди професорот Колин Хамфриз од Универзитетот во Кембриџ.

-„Открив дека тајната вечера била во среда на 1. април 33. година“, изјавил за „Тајмс“.

Во својата книга под наслов „Мистеријата на тајната вечера“ (The Mystery of the Last Supper), професорот Хамфриз се обидува да ја реши противречноста содржана во Евангелијата која историчарите веќе со векови ги мачи.

Прочитај и за ... >>  Пајаковите нишки како хируршки конец

„Познавачите на Библијата и христијаните веруваат дека тајната вечера почнала по заоѓањето на сонцето во четврток навечер, а дека Исус е распнат на крст следниот ден наутро околу девет часот. Судењата на Исус се одржани во три различни дела на Ерусалим. Стручњаците со штоперица в рака го претрчале Ерусалим за да видат како е можно во временскиот период помеѓу четврток навечер и петок наутро да се случат сите тие настани, а заклучокот на повеќето бил дека е тоа невозможно“, објаснува тој.

Апостолите Матеја, Марко и Лука наведуваат дека тајната вечера била на празникот Пасха, додека Јован тврди дека е одржана пред тој еврејски празник. Хамфриз смета дека двете страни се во право, но се повикуваат на два различни календара кои, кога ќе се споредат, даваат точно решение-дека тајната вечера се случиле ден пред Велики четврток, значи во среда;

Група австралиски астрономи во 2008. објави дека Божиќ би требало да се слави во јуни, зашто пресметале дека токму во тој месец се појавила Витлеемската ѕвезда која, како што пишува во Библијата, ја следеле трите мудреци за да додјат до местото на кое е роден Исус Христос.

Доколку е оваа теорија точна, тоа би значело дека Исус се родил во знакот Близнаци.

Истражувачите тврдат дека Витлеемската ѕвезда е всушност величествена конјукција на двете најсветли планети-Јупитер и Венера.

Австралискиот астроном Дејв Риники користел сложен компјутерски софтвер за да ја утврди точната позиција на небеските тела и да направи мапа на ноќното небо кое се надвивало над Светата земја пред повеќе од 2000 години. Во текот на истражувањето тој открил дека во времето на Исусовото раѓање се случил спектакуларен астрономски настан.

Риники смета дека мудреците веројатно го протолкувале како знак на кој чекале и тргнале по „ѕвездата водилка“ до Христовото родно место во Витлеем, како што е опишано во Библијата. Користејќи го Евенгелието според Матеј како појдовна референца, тој утврдил дека конјукцијата на планетите, што се појавила во соѕвездието Лав, се случила точно на 17. јуни две години пред Новата ера.

Австралискиот астроном, инаку уредник на списанието „Skay and Spejs“, изјавил дека не постои компјутерски софтвер кој може да ни покаже како точно изгледало небото во кој било момент во последните неколку илјади години:

„Го користевме тој софтвер за да се вратиме во времето на Исусовото раѓање, следејќи ги описите дадени во Библијата.

Планетите Венера и Јупитер мошне се доближиле една до друга во втората година пр.н.е., создавајќи јак светлосен одблесок на небото“.

Риники наведува дека најверојатно тоа била светлината која тројцата мудреци ја протолкувале како знак.

„Астрономијата е исклучително прецизна наука“, потенцира австралискиот истражувач, додавајќи дека неговата намера не била да ја нападне верата:

„Често, кога доаѓа до мешање на науката и религијата, тоа може да ги збуни луѓето. Во овој случај мислам дека ова забележување ќе ја зајакне верата на луѓето“.

Прочитај и за ... >>  Факти и митови за нашиот мозок

Според некои претходни теории, Витлеемската ѕвезда се објаснуваше како супернова (ѕвездена експлозија) или комета.

Веста одекна како бомба: Библиографот Џејмс Табор и познатиот режисер на документарни филмови Симка Јакобовици тврдат дека во една древна гробница во Ерусалим откриле неколку саркофази кои датираат од 1. век, но и посмртни остатоци на Исус и неговото семејство!

Како што објави „Њу Џерси Њусрум“, истражувачите користеле подвижна роботска рака на која била прицврстена камера, за да дојдат и до најзафрлените делови на гробницата. Освен саркофазите, тие наводно откриле и неколку костурници и посмртни остатоци за кои тврдат дека им припаѓаат на Исусовите ученици.

На костурниците биле изгравирани антички грчки симболи, а на една пишувало „Јуда, син на Исус“, поради што тие заклучиле дека Исус имал семејство.

Семејната гробница на Исус Христос, откриена во 1980. година, се наоѓа сенасе стотина метри од новото наоѓалиште, но таа не била доволно истражена поради приговорот на еврејските верски власти кои забраниле натамошни истражувања и ископувања.

„Да тврдеше кој било дека пронашол докази за воскресение во гробница од тој период, би рекол дека е тоа невозможно-сѐ досега“, изјавил Табор во вестите на телевизиската куќа Fox.

Инаку, мистеријата што ги опкружува животот и смртта на Христос доби ново поглавје благодарение на прославениот оскаровец, режисерот Џејмс Камерон, и неговиот документарец „Последната Исусова гробница“. Она што се тврди во него од темел го менува учењето на христијанството.

Имено, Камерон во своето дело наведува дека Марија Магдалена била погребана заедно со Исус и нивниот син Јуда во семејна гробница, а која археолозите ја откриле во јужен Ерусалим уште во 1980. Тие пронашле вкупно 10 костурници, помали камени сандаци стари околу 2.000 години. Вкупно 6 се обележани со имињата „Марија“, „Матеја“, „Јошија, син Јосифов“, „Марија“, „Јаков, син Јосифов“ и „Јуда, син Јошиин“ (Јошија е Исусовото име).

Интересно е дека на еден од саркофазите на грчки е испишано името „Mariamane e Mara“, што наводно претставува вистинското име на Марија Магдалена, која според Библијата Исус Христос ја извел на вистинскиот пат.

Изјава на Камерон:

„Немаме никакви физички докази дека Исус постоел. Овој филм ги дава првите физички, археолошки и форензички. Ова е само почеток на истражувањата кои ќе траат долго. Ако на светлината на денот излезат факти кои можат да му наштетат на истражувањето, нека биде така. Ние нашата домашна ја сработивме, случајот е изнесен во јавноста и дебатата може да почне“.

Еве акценти од несогласувањата во евангелијата, изнесени на официјалниот сајт на филмот (Интернет):

„Празната гробница е прв знак на воскресението на Исус Христос според евангелијата. Но, четирите канонизирани евангелија не се согласуваат до детали за прашањето како и кој открил дека Христовото тело исчезнало од гробницата.

Во Евангелието според Марко се наведува дека Марија Магдалена и Девица Марија дошле да го посетат местото каде што Исус е погребан и оти наишле на отворена гробница. Човек облечен во бела облека седел во пештерата и им рекол да не се плашат зашто Исус воскреснал. Во Евангелието според Матеј се наведува дека Марија Магдалена и Девица Марија виделе ангел облечен во бело како ја отвора гробницата и тој им рекол да не се плашат зашто Исус воскреснал од мртвите.

Прочитај и за ... >>  Од светските центри на џет-сетот: Јордан

Во Евангелието според Лука се наведува дека жените од Галилеја откриле оти гробницата е отворена, а двајца луѓе во бела облека им пришле и им рекле да не се плашат зашто Исус воскреснал. Во Евангелието според Јован се наведува дека Марија Магдалена прва открила дека гробницата е отворена и оти видела во пештерата два ангела во бело“.

Веднаш по премиерата, Камероновиот филм наиде на осуди. Експерти за теологија ги отфрлија наводите дека Исус имал син Јуда, како и оти воопшто се работи за негова гробница. Тие тврдеа (тврдат) дека е во прашање уште една голема измама на јавноста и оти костурницата веројатно му припаѓала на некое богато еврејско семејство.

Археологот Амос Клонер, кој учествувал во откривањето на пештерата каде што се откриени костурниците, вели дека најверојатно е во прашање костурница на еврејско семејство кое живеело во Ерусалим:

„Не можам да прифатам дека Исусовите родители Марија и Јосиф имале семејна гробница во Ерусалим. Тие биле мошне сиромашни, израснале во Назарет и дошле во Витлеем за Марија таму да се породи“.

Меѓутоа, математичарите се скептични во врска со тоа дека некое еврејско семејство од првиот век во Ерусалим би можело да има исти имиња како семејството на Исус Христос.

„Шансите за такво нешто се од 1:100 до 1:1.000“, тврди Андреј Фоерфергер, професор по математика на Универзитетот во Торонто.

По откритието, а во согласност со традицијата, коските од костурниците се повторно погребани и притоа не се извершени ДНК тестови за да се утврди дали погрребаните биле во роднински врски и дали воопшто им припаѓаат на луѓе кои живееле во раниот период на христијанството. Врз основа на остатоците од костурниците тие тестови и натаму е можно да се извршат.

Потрагата по Христовиот гроб е тема која од дамнина ги преокупира авантуристите, научниците и љубопитните луѓе. Според една од многубројните верзии, Исус умрел во текот на мисионерски пат низ Азија и е погребан во Сингапур, во индискиот дел на Кашмир, а според друга дури во Јапонија на почетокот од 1935. година. Наводно е најден фрагмент пишуван на древниот јапонски јазик, стар 1.900 години, во кој се наведува дека Исус, роден во Витлеем, е погребан во јапонското село Хераи.

Според верувањето на христијаните, Исус е погребан на местото каде што денес се наоѓа Црквата на Христовиот гроб, едно од најсветите места во христијанството. Тоа е денес седиште на Православната патријаршија во Ерусалим. Три дена по погребувањето Исус воскреснал.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here