Најлоши занимања на 21-от век

0
33

Иако репортерите, програмерите и економските аналитичари се некои од добро платените професии, посебно во САД, тие занимања наедно се сметаат и за најлоши за 21-от век. Зошто е тоа така?

Forbes донесе листа на работи кои во иднина нема да овозможуваат голема заработувачка и чија вредност сѐ повеќе ќе опаѓа на пазарот на трудот.

Луѓето, во смисла на вработени, станаа најбрз растечки сегмент на глобалниот пазар, па вработените станаа лесно заменливи, а работодавачите неретко заминуваат во земји каде што работната сила е поевтина. Поради тоа е потребно да се биде стручњак во своето занимање, ако сакате да бидете барани на пазарот на трудот.

Светот се менува, па така и таблоидите кои некогаш имале најголеми тиражи. Имено, големите новински куќи делат сѐ повеќе откази, а тиражите на познатите весници опаѓаат. Иако новинарот до скоро беше барано и мошне ценето занимање, денес за него веќе не е толку голема побарувачката. Поради тоа, во САД им препорачуваат на новинарите, дописниците и репортерите, посебно на радиските новинари, да побараат работа во помали средини, каде што конкуренцијата е помала. Новинарите во денешно време работат без работно време, под исклучителен стрес и меѓу голема конкуренција. Годишната заработка на репортерот во САД се движи околу 32.000 долари.

Занимањето на економистите не треба да се генерализира. Додека економскиот аналитичар во последно време е едно од најбараните занимања на денешницата, побарувачката за „останатите“ економисти не e поголема од 6%. На пример, мошне се барани економските аналитичари на пазарот и финансиските аналитичари. Во зависност од специјализираното подрачје, економистите работат под исклучителен стрес, сами или во мал тим. Во САД заработувачката им се движи околу 73.000 долари годишно.

Заводот за вработување во САД предвидува во наредните години пораст за занимање на вработен во патнички агенции, и тоа до 6%. Предноста на ова занимање е додатната заработка, односно дневниците кои ги добивате во зависност од државата во која се наоѓате, но често сте оддалечени од вашата куќа. Годишната заработувачка во САД изнесува околу 28.000 долари.

Во блиска иднина не се предвидува пораст на јувелирниците. Напротив, таа индустрија бележи стагнација. Поради тоа им се препорачува на јувелирите да се специјализираат за изработка на накит. Повеќето јувелири работат самостојно, а годишната заработувачка во САД им е околу 28.000 долари.

Според податоците на Заводот за вработување, градинарството и сточарството се единствените вносни земјоделски работи во САД. Иако работата не е баш идилична оти бара напорен труд во различни временски услови, годишната заработувачка изнесува околу 45.000 долари.

И додека софтверските инженери и администраторите на бази на податоци се исклучително барани занимања, на компјутерските инженери ситуацијата не им е блескава, оти таа работа не е специјализирана и можат да ја работат програмери во која било земја. Работата е канцелариска, а годишната заработувачка во САД изнесува околу 63.000 долари.

Иако не се очекува голема побарувачка за агенти на осигурителни куќи, осигурувањето е отсекогаш барано, а нови клиенти се можни во оние земји кои не се на подрачјето на САД. Поради тоа на Американците им се препорачува учење на странски јазици. Агентите главно работат во мали канцеларии, а годишната заработувачка во САД им изнесува околу 42.000 долари.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion