Потребно време за читање: 3 минути

Веројатно веќе и птиците на гранка знаат дека проституцијата се вика „најстар занает на светот“. И покрај тоа, во многу земји на светот е сѐ уште противзаконска и осудувана, а живее и ден-денес.

Еве еден интересен преглед на некои од најинтересните светски бордели:

Голема сестра

Овој мошне посебен бордел се наоѓа во Чешка, а во него љубезниот тим ќе ве послужи-сосема бесплатно. Единствен услов е да се согласите вашите случувања да се снимат и да се растурат преку Интернет и сателитските и кабелските телевизии. Овој бордел е така идеален за сите воајери, но и за сите оние што уживаат да ги гледаат други. Се разбира, услугите се поповолни за оние кои сакаат да покажат малку месо. Како што тоа и инаку бидува.

Сладострасни вонземјанки

Во Лас Вегас е отворен бордел кој се занимава со мошне специфичен вкус: тој е тематски одреден со таинственото Подрачје 51, а во него клиентите можат да уживаат во игри со девојки маскирани во кој бил вид вонземјен живот. Секоја девојка доаѓа „пакувана“ за својот клиент, а Денис Хоф, човекот со идеја зад овој бордел, вели дека најмногу ги привлекува обожувачите на СФ.

Прочитај и за ... >>  Човекот и модерната живеачка

Nana Entertainment Plaza

Ова мошне посебно место во Бангкок е дом на над 40 барови во кои има изобилство на стриптиз, танц и слични извори на забава, но се истакнува според тоа што сите девојки сами ја договараат цената со уважените корисници на услуги. Ова е еден од ретките примери на давање сексуални услуги без посредништво, а се претпоставува дека со малку труд може да се договори и цена која ќе биде на обострано задоволство.

Star Wars (Војни на ѕвездите)

За сите љубители на мошне специфична тематска забава тука е и ноќниот клуб во Лос Анџелес кој, меѓу другото, нуди редовен настап на девојки облечени во ликови од Star Wars. Се разбира, девојките не се многу долго облечени, а освен принцезата Leia, најомилен лик на публиката е империскиот јуришник I Chewbacca.

Најотмен бордел на светот?

Mustang Ranch е легален бордел што се наоѓа во Рен во Невада, каде што проституцијата е легална. Амбициозните сопственици тврдат дека овој бордел сакаат да го направат најотмен на светот, а во прилог на тоа е што изгледа како луксузен хотел. Интересно е дека престојот во него е сосема бесплатен, но клиентите мораат да ја плаќаат девојката која е нон-стоп со нив додека се таму. Без оглед на тоа дали посетителот е осамен маж, брачен пар на златен пир или некоја трета опција.

Прочитај и за ... >>  Урбан мобилијар

Siletto

Овој луксузен австралиски бордел се наоѓа во Сиднеј, а на своите гости им нуди повеќеметарски водопади и префинето уредени соби на најразлични теми. Некои од нив: Џемс Бонд, Кама Сутра, Бети Буп и Римски оргии. Во последнава се наоѓа и голема бања, а не е познато колкумина можат во неа заедно.

Мобилен бордел

Проституцијата не е противзаконска во Франција, но е противзаконско сводништвото и некои сродни активности. Помеѓу илегалните работи се вбројува и водењето бордел, а со оглед дека човековата снаодливост не познава граници кога се работи за сексот и заработката, таквите закони вродија „бордели на тркала“. Имено, покрај патиштата можат да се најдат бели комбија кои функционираат како мобилни станици за…сервисирање. Ако е вратата отворена, значи дека проститутката е подготвена за работа, а ако е затворена, а комбето се ниша иако е на место, значи дека среќата треба да се побара малку подоцна. Или во соседното возило.

Куќа на страста

Овој берлински бордел неодамна се освестил еколошки и понудил посебен попуст за гостите кои доаѓаат со велосипед или користат средства од јавниот превоз. Освен што така ги надитриле економската криза и загадувањето, помагаат и во решавањето на преполните паркиралишта во близина на борделите. Оваа деловна стратегија вродила со плод, зашто сопствениците тврдат дека од почетокот на акцијата секоја недела доаѓаат просечно по 3-4 нови клиенти.

Прочитај и за ... >>  Рационално користење на струја

Pascha

Најголемиот бордел во Европа се наоѓа во Германија и е дом на околу 120 проститутки, чии услужни дејности ги користат над 1.000 клиенти дневно. Борделот има 12 ката на кои проститутките изнајмуваат соби. Некои таму живеат, а други изнајмуваат соби само за работа. Клиентите можат да се шетаат низ борделот и да го разгледуваат, а влезот в соба се наплатува 5 евра. По влегувањето во неа цената на услугите ја договораат директно со проститутката, а таа ги задржува сите пари. Девојките во борделот службено немаат сводници, а се должни да плаќаат единствено данок и соби. Во рамките на Pascha се наоѓаат и барови и стриптиз клубови, а постојат и посебни катови за сексуални услуги по посебно поволни цени, како и посебен кат за транссексуалци.

(Извор: Net.hr)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here