На „ти“ и на „Вие“

0
38
Mature man handshaking with partner after striking a business deal

Постојат ли правила кога можеме или би требало да си се обрнуваме помеѓу себе на „тии“, а кога на „Вие“?

Ова веднаш го поврзуваме со воспоставениот однос-блиски или (по)далечни, непосредни или „посредни“, со личната култура, „нивото“ на односот или намерниот-случајниот контакт и слично.

Па „ти“ значи форма на интимно однесување, доверба, но и на однос на надреденост-подреденост, надмоќ поточно „еднострано“ понижување. Обрнувањето со „Вие“, пак, е послужбено, а најчесто го користиме кога соговорникот не го познаваме, кога е на повисока позиција од нашата или е видливо постар.

Дали обраќањето на „ти“ или „Вие“ е пред се прашање на субјективна проценка? Што велат струњаците-психолозите?

Најнапред, нешто мошне интересно, забележано и со истражување потврдено-во политиката: десничарите обично почесто користат „Вие“, а левичарите и либералите многу повеќе се обраќаат на „ти“! На „ти“ се толкува како симптом кој укажува на еднакво правно општество, но не е прифатливо особено за претприемачите кои тоа го сметаат како нарушување на хиерархијата, авторитетот и почитувањето. Па кога е веќе неизбежно, се инсистира барем тоа да биде во приватниот живот, но не и во присуство на други колеги, соработници, пријатели, во бизнисменскиот, односно еснафскиот круг.

Уште нешто, сигурно за многумина непознато: во Латинска Америка „Вие“ е речиси задолжително. Се користи дури и помеѓу пријателите („вос“), а на претпоставените и постарите им се укажува уште поотменото „устед“. Од друга страна, во англискиот не постои разлика помеѓу „ти“ и „Вие“-во двата случаја се вели ју-you, но постојат други формули за изразување на почит.

И ова е забележано: многумина клиенти и проститутки меѓусебно си се обраќаат со „Вие“ пред и по љубовниот чин, додека за време на односот зборуваат на „ти“?!

Забележан е и еден бизнисменски случај со „ непријатен“ крај: еднаш пропаднал проект за спојување на две големи банки во Франција зашто во едната се користело „ти“, а во другата „Вие“.

Според многумина учени за односите и релациите помеѓу луѓето „Вие“ станува се повеќе анахронизам и тврдо-круто однесување. На „ти“ е порамноправно и ја затврдува, дури продлабочува комуникацијата. Тоа е во согласност со современиот свет кој настојува да се ослободи од големиот број конвенции.

Добро е да се знае:

-не постојат цврсти правила за обраќање на „ти“ и „Вие“. Обраќајте им се на личностите на начин кој вам ви се чини најсоодветен и за кој сметате дека ќе им биде пријатен. Ако е некој против на „ти“, тоа не е секогаш поради желбата да се задржи дистанцата. На некои срамежливи луѓе едноставно им е тешко да го разврзат јазикот;

-избегнувајте двостран пристап: не користете „ти“ и „Вие“ со иста личност. Тоа ја одразува вашата несигурност и му сигнализира на вашиот соговорник веднаш да се постави во надмоќна позиција. Одлучете се за едното или за другото. А ако не знаете како да го направите тоа, постои начин кој секогаш успева: директно прашајте го соговорникот;

-на „ти“ е непочитување? Напротив, не е ниту недостиг на почит, ниту желба да му се наметне авторитет на другиот. Никој со вистинска свест за себе нема да се почувствува омаловажен ако му се обрнуваат со „ти“, освен ако навистина се чувствува помалку вреден.

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion