На секои две недели исчезнува еден јазик

0
19

Од околу 7.000 јазици со кои денес се говори во светот, дури половина од нив се на пат да исчезнат, објави National Geographic. До крајот на векот тие повеќе нема да постојат.

Стапката на престанок на користење на некој јазик, според проценките на лингвистите наведени во една студија на спомнатото списание, е мошне брза-по еден јазик исчезнува на секои две недели.

Некои од јазиците исчезнуваат засекогаш со смртта на последните лица кои знаат да ги зборуваат, а други исчезнуваат постапно во двојазичните култури кога еден јазик потиснува друг.

Пет региони во светот се изложени на најголем ризик од исчезнување на јазици: северна Австралија, средишниот дел на Јужна Америка, северозападот на Северна Америка, источен Сибир и истокот на САД.

Студијата се темели врз теренски истражувања кои, освен друштвото на National Geographic, го поддржа и институтот Living Tongues Institute for Endangered Languages, а е објавена во списанието National Geographic и на мрежните страници www.languagehotspots.org.

Половина од јазиците во светот немаат пишан облик и поради тоа се ранливи, изјави David Harrison, лингвист од Swathmore College:

„Кога тие јазици исчезнуваат, зад себе не оставаат некој речник или текст, како ниту збир на траги на културата која ги изнедрила“.

Во Австралија, каде што се загрозени речиси сите 231 доморотски јазици, истражувачите сретнале мали заедници на исти јазички групи, на пример на јазикот Magati Ke на Северната територија или Yawuru на западот на Австралија.

Еден истражувач го сретнал единственото лице кое говори Amurdag, јазик кој на Северната територија е прогласен за исчезнат (којзнае дали лицето е уште живо).

На пат на исчезнување се и многу од 113 јазици кои се говорат на подрачјето на Андите и Амазон, каде што шпанскиот и португалскиот го преземаат приматот.

Доминацијата на англискиот загрозува 54 домородечки јазици на северозапад на Северна Америка, подрачје кое ги опфаќа Британска Колумбија, Орегон и државата Вашингтон. Во Орегон само едно лице говори Siletz Dee-ni, последен од јазиците некогаш вообичаени во еден од индијанските резервати, додека во Оклахома, Тексас и Ново Мексико се уште се говорат 40-тина јазици. Меѓутоа, тие се на умирање.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion