Потребно време за читање: 3 минути

Со годините и мудроста е поголема, подлабока, повредна? Да…ама сепак не.

Едни научни истражувања потврдуваат, други оспоруваат. Колку постар, толку помудар? Да? Постарите се помудри од помладите? Не.

„Само“ секој стоти човек е мудар? Кознае.

Прво дека постарите се навистина помудри:

Едно најново истражување покажа дека мажите и жените кои имаат најмалку 60 години се многу подобри во донесувањето на одлуки кои се покажале добри на подолги патеки. Од друга страна, лица во 20-тите и 30-тите години се заинтересирани само за моментна добивка и не гледаат корист од планирање.

Овие откритија се во целосна спротивност со стереотипите дека постарите луѓе стануваат сенилни.

Тим од Универзитетот во Тексас спровел студија над 28-мина постари испитаници и исто толку помлади, кои во текот на тестирањето донесувале важни одлуки. Се покажало дека групата на младите повеќе избирала опции кои донесуваат краткорочна корист.

„Резултатите открија дека младите луѓе реагираат импулсивно, потпирајќи се на моментни цели, додека постарите се поспособни да ги согледаат долгорочните последици на своите одлуки“, изјави професорот по психологија Тод Мадокс.

Прочитај и за ... >>  Кучето и човекот

Научниците претпоставуваат дека тоа би можело да има врски со промените во развојот на мозокот кои се случуваат со стареењето.

Друго истражување, пак, покажа дека бабите и дедовците главно имаат одговор на сѐ, но во тешки ситуации можеби не е секогаш најпаметно да се бара совет од нив. Тим на научници по детални истражувања заклучил дека луѓето со годините не стануваат нужно помудри од помладите, а во некои ситуации реагираат и понеразумно.

Професорката по психологија Урсула Штаудингер, од универзитетот Јакобс во Бремен-Германија, вели дека старите луѓе не можат да ги прифатат новите работи еднакво добро како младите.

„Старите луѓе не се отворени за нови искуства, а освен тоа со годините стануваат нетолерантни. Таа комбинација не е показател на мудроста на некое лице“.

Што е тоа мудрост? И како таа може да се измери? Штаудингер со своите колеги осмислила еден метод. На испитаниците им се предочени проблеми на други луѓе за кои требало да размислуваат на глас, а научниците воделе белешки. Паралелно, врз основа на литературата, се изведени 5 критериуми за мудрост. Во нив, на пример, спаѓа сознанието дека животот е полн со неизвесности, но оти човекот сепак е принуден да дејствува. Или тоа дека луѓето дејствуваат врз основа на различни приоритети и секогаш се бара одговор на прашањето како да се земат предвид.

Прочитај и за ... >>  Секојдневјето

И по повеќегодишни истражувања заклучокот е јасен: мудроста е навистина ретка. „Нашите истражувања покажаа дека мудри можеме да наречеме помалку од 1% испитаници. Посебно кога мораат да решаваат свои проблеми, зашто тогаш обично стануваат премногу емотивни. Полесно е да се даде мудар совет на друг, одошто на себе си“.

Тоа посебно важи за постарите луѓе. Уште во 2007. Штаудингер и нејзините колеги конфронтирале две групи на лица- стари од 20 до 35 години и од 60 до 75. Задачата била да се проценат сопствените добродетелства и слабости.

Истражувањето покажало дека во оценувањето постарите постигнуваат полоши резултати од помладите. Штаудингер тврди дека е тоа затоа што во последната животна фаза луѓето размислуваат за целиот свој живот и ги издвојуваат позитивните настани за да не бидат премногу огорчени. Освен тоа, постарите луѓе се помалку критични спрема себе си, додека помладите лица полесно го анализираат својот живот.

Но, Штаудингер има и добра вест за постарите од 65: мудроста може да се научи, но за тоа е потребно многу труд. Предуслов е отвореност кон нови искуства.

Прочитај и за ... >>  Играта и детето

„Мудроста не е вродена. Морате да го надвладеете својот внатрешен отпор“, вели таа.

Конкретно, тоа значи дека луѓето во години би требало да се пријават на некој курс и да учат нешто ново. На пример сликање или танц, почесто да читаат книга која инаку не им била според вкусот и да одат на патувања во места во кои не биле.

Постарите луѓе имаат повеќе животно искуство што може да биде посебно корисно во решавањето на општествените судири.

Истражувањето објавена во списанието „Proceedings of National Academy of Sciences“ покажало дека просудувањата на постарите луѓе кои ќе се најдат во таква ситуација се поурамнотежени, а со тоа и помудри од просудувањата на помладите.

Истражувачите кои тоа истражување го спровеле на универзитетот Мичиген тврдат дека постарите би можеле да се земат како советници во стопанството, политиката и во судските процеси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here