Моќниот хормон мелатонин

0
55

Тој се излачува од епифизата, пинеална жлезда која се наоѓа зад очните јаболкца, во предниот дел од мозокот. Го регулира нашиот биолошки часовник, и тоа така што кога се излачува премногу ни се спие, а кога ни недостасува страдаме од несоница.

Функцијата на епифизата е откриена на крајот од 50-тите години на 20. век, а многу пред тоа беа познати многу нејзини анатомски и хистолошки податоци.

Хормонот мелатонин, што го лачи таа, го открил во 1958. година Арон Лернер, од универзитетот Јејл. Присутен е во мали количини во човековото тело, но доволни за да ги координира дневните и сеознските промени во организмот, а да го регулира и сексуалното созревање на адолесцентите.

Важно е сознанието дека лачењето на мелатонинот во многу зависи од надворешни фактори, како што се на пример траењето на дневната светлина или времето поминато надвор.

Пинеланата жлезда или pineal glend е поставена длабоко во нашиот мозок и е снабдувач на ендокриниот систем. Управува со најголемиот дел од функциите во нашето тело.

Во однос на сонувањето и будноста, утврдено дека мелатонинот го одредува правилното одвивање на тој циклус, поврзан со 24- часовната ротација на Земјата. Веројатно секој стрес или депресија го нарушува тоа циклично менување на сонот и будноста , односно го нарушува неговото лачење. Тоа се врши на секои 12 часа, во времето кога настапува ноќта. Бидејќи човечкикот мозок нема можност за процена на разликата помеѓу денот и ноќта, се чини дека токму мелатонинот е тој што сигнализира кога е ден, а кога ноќ.

Овој хормон најмногу се излачува за време на ноќта, неговото ниво паѓа на минимум со појавата на денот, зашто светлината го блокира излачувањето, а децата на возраст до седум години го лачат најмногу. Некои научници тоа го поврзуваат со подолгото спиење во однос на возрасните (поради високо ниво на мелатонин).

Докажано е дека тој го спречува сексуалното созревање кај децата. Кога неговата концентрација ќе се намали, во организмот се зголемува нивото на хормонот еутеотропин кој има значајна улога токму во созревањето на половите органи.

Мелатонинот значително го редуцира бројот на будења од сон во текот на ноќта и го корегира проблемот на цикличната смена на будноста и на сонот која се јавува по подолгите летови и по наглите промени на временските зони (тн. jet lag).

Исто така е утврдено дека количеството на лачење на мелатонинот зависи од добата на денот и од староста на човекот.

Мелатонинот што го лачи оваа жлезда не го контролира само циклусот на будноста и спиењето, туку покажува и колку сме стари, кога влегуваме во пубертет и како нашиот имунолошки систем се бори против болестите. Таа е сместена во средината на нашиот мозок, па сончевата светлина нема директен пристап, а нашите очи и испраќаат директна информација за дневната (сончева) светлина или кога е угасено светлото и кога е мрак.

Колку што сме постари, нашиот мелатонин почнува да опаѓа и да се намалува драстично се до 60-тите години, кога го произведуваме многу помалку одошто во раните 20-ти години.

Во сите наши ќелиски станици постојат микроскопски структури кои се викаат митохондрии. Митохондријата се смета за напон во ќелиите зашто ја претвораат енергијата во АТП (најмногу потребен за давање на живот на ќелиите во нашето тело). Во процесот на создавање на АТП треба да се земе предвид и „согорувањето“ на кислородот. Како што старееме, стареат и нашите митохондрии, им опаѓа продукцијата на АТП, поради што доаѓа до недостиг на кислород, што натаму рзултира со тотално пропаѓање на ќелијата во сите нејзини делови.

Како старееме, се помалку имаме енергија, па на „сцената“ стапува мелатонинот. Тој ги метаболизира тироидната жлезда и хормоните (компонента која на митохондријата и обезбедува енергија помеѓу останатите ќелиски органели), дотурајќи и уште повеќе енергија. Кога таа прима повеќе гориво од тироидната жлезда, може да произведе повеќе АТП, давајќи повеќе енергија на секоја одделна ќелија во нашето тело. Тие потоа без проблем го користат кислородот што го земаме во себе, така што нашите станици не почнуваат да оксидираат.

Мошне интересни резултати покажало истражување во Америка на дејствувањето на примената на мелатонинот кај луѓе кои страдаат од хронична несоница, сезонски психички пречки (зимска депресија), несоници по долготраен авионски лет или ноќни дежурства.

Многу важно сознание, кое сѐ уште се испитува за целосна потврда: овој хормон има силно антиоксиданско дејство, особено против слободните радикали. Познато е, слободните радикали се молекули или делови од молекули со непарен број на електрони, за кои се смета дека предизвикуваат дегенеративни процеси поврзани со стареењето, особено Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Тие имаат и силно влијание врз настанувањето на карцином. Доколку сознанието се потврди, тоа ќе значи дека мелатонинот би можел да биде мошне корисен лек против овие болести. Тоа веќе докажано со експерименти врз животни.

Засега научниците сметаат дека земањето на мелатонин може да се препорача во подоцнежното животно доба, кога почнуваат да се појавуваат дегенеративните промени во организмот, а со цел забавување на процесот на стареење. Тоа наедно значи дека благодарение на него во не така далечна иднина ќе може да се продолжи животниот век на човекот.

Конкретна препорака на лекарите: ако сакате да го подобрите циклусот на сонот и на будноста, земајте 1,5- 3 мг мелатонин, и тоа половина час пред да одите на спиење.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion