Потребно време за читање: 4 минути

Таа- митологизацијата е најприсутна во светот на шоу- бизнисот, во светот на џет- сетот, на „недопирливите”, во музичките, филмските, телевизиските, спортските врвови. Се врши според однапред утврдено, до детали осмислено и во контиуитет реализирано сценарио (всушност долготрајно создавано и без престан обновувано). Така било и така е во развиениот, но пред сѐ декадентен и деструктивен Запад. Особено кога се работи за „вредности” кои во неразвиените и недоразвиените на другите „страни“ на светот се примаат и прифаќаат еклектички, некритички без никаква, ниту најмала промисла и разоткривање.

Во митологизирањето не „игра” обичната смрт, па и кога станува збор за личности кои со години наназад не создале ништо бележито, ништо вредно; живеат и се богатат на „стара слава”. На пример, сосема е очекуван почетокот на приказната за убиство на Мајкл Џексон, контроверзниот „крал на попот” кој во последните години (всушност од албумот „Трилер”) не создаде ништо за паметење, а беше „во центарот” со низа афери и судења (за педофилија).

А што е со Мелани Грифит, со лечењето од зависност од дроги и лекови? Изјави дека „борбата” е полесна оти сопругот Антонио Бандерас и семејството ја поддржуваат „максимална“ (во претходните два обида поддршката не била таква?).

Ред е да дознаеме нешто и за една филмска убавица-Моника Белучи. Таа објасни дека не ѝ е проблем да ослаби (за да не изгуби улога поради дебелина) јадејќи риба, зеленчук и месо, но повеќе ѝ се бендисувале улоги за кои мора да добие на тежина.

Особено во музичкиот свет се случуваат најобично-необичните „нешта”. Во него живеат и преживуваат најчесто со љубовни и „инспиративни” маки, најмногу маргинални, безначајни, ништожни „ѕвезди” и „ѕвездички”.

Прочитај и за ... >>  Случено за паметење

Џесика Симпсон посегнала по црната магија за да му се одмазди на „дечкото” кој ја оставил на ден пред роденден, а нашите пејачи и свирачи воопшто не треба да се срамат оти мораат да пеат во кафулиња, диско клубови и на свадби, освен (можеби) поради „ситната пара”. Тоа го прават најславните светски бендови и пејачи. Најмногу наплатуваат „Ропингостонсите”- за свирење на свадба 5 милиони фунти (!).

Од македонскиот шоубизнис? Ептен ни се „на број“, па со ништо не можат да изненадат, што ќе рече се здодевни, нема за што да се „фатат“.

Убиство на Џексон со силниот анестетик „Пропофол”?
-Во моментот на смртта во телото на Мајкл Џексон имало смртоносна доза на „Пропофол”, се наведува во извештајот на главниот патолог на Лос Анџелес кој ја извршил обдукцијата.

Тој почина на 25- ти јуни 2009. година од срцев удар во својот дом, а неговиот личен лекар Конрад Мјуреј порекна дека на кој било начин е одговорен.

Патологот заклучил оти станува збор за убиство. Би- Би- Си, пак, објави дека се работи за убиство од небрежност.

Деталите од извештајот на Д-р Лакшман Сатјавагисваран доспеале во јавност при објавата на изјавата со помош на која е добиен налог за пребарување на ординацијата на Д- р Мјуреј во Хјустон- Тексас.

Патологот изјавил дека според неговата проценка причина за смртта на Мајкл Џексон, во согласност со прелиминарните патолошкио наоди, е смртоносна доза на „Пропофол”. Во документот исто така пишува дека неговиот личен лекар му го давал тој силен анестетик поради несоница и оти бил загрижен бидејќи Џексон станал зависен од него, па се обидел да му го „симне” користејќи други лекови. На кобното утро Д- р Мјуреј сепак му потклекнал и на „кралот на попот“ му дал помала доза од лекот откако низа други лекови не дејствувале. Потоа пејачот за кратко го оставил сам за да изврши телефонски повици и кога се вратил Џексон повеќе не дишел. Се обидел да го оживее до доаѓањето на итна помош, но тој е прогласен мртов штом стасал во болница;

Прочитај и за ... >>  Најскапи куќи на светот

За природната убавина на Моника Белучи
-Глумицата тврди дека е преангажирана за да вежба и оти се користи со ситни трикови, како носење на црна облека, за да ги прикрие телесните недостатоци.

„Со мојот начин на живот одењата во теретана се едноставно невозможни. Да станам во 5 наутро и да вежбам еден час за во 6 да бидам на снимање? Невозможно. Наместо да вежбам, едноставно облекувам црна облека. Попрактично е и позабавно”, објаснува Белучи додавајќи дека за потребите на некои улоги може мошне брзо да ослаби јадејќи риба, зеленчук и месо, но исто така предност им дава на улогите во кои мора да добие на тежина. Одговара и на прашањето зошто нема некои одредени совети за убавина: смета дека единствен начин да изгледаш добро е да ги прифатиш своите недостатоци и да се измириш со својот изглед.

„Тоа доаѓа однатре. Ако не се чувствуваш добро, нема шанса да изгледаш добро- не само девојките, туку и жените кои имаат многу искуство. Но обожувам кармини за усни, ги имам на тони. Главно неутрални и бои на кожата. Само понекогаш ставам класичен црвен кармин што секогаш ме потсетува на мајка ми и баба ми, која го ставаше секогаш пред одење в црква. Дури и кога беше мошне стара, беше женствена, а се надевам дека и самата ќе успеам во тоа”;

Прочитај и за ... >>  Купување острови

Одмаздата на Џесика Симпсон
-Лута и разочарана оти Тони Ромо ја оставил на ден пред роденден, Џесика Симпсон посегна по црната магија. Како што тврди магазинот „Нејшенел Енкваер”, пејачката ангажирала вештерка која фрлила уроци на нејзиното поранешно момче.

Маѓиите фрлени врз него би требало да му го загорчат животот, поточно да го оневозможат да најде друга девојка, но и да му одмогнат во кариерата на професионален спортист;

Славни свадбени бендови
-Членовите на светскиот состав- легенда „Ролингстонси”, Мик, Кејт, Рон и Чарли, можат да дојдат и да свират на вашата венчавка за „ситнина” од 5 милиони фунти, односно 5 милиони евра!

Имено, според истражувањето што го спроведе британската ТВ куќа „Living TV” групата на Џегер ја доби „титулата” најскапи „свадбени” изведувачи на светот.

За одговор на прашањето кој и е најблиска конкуренција на најстарата и најбараната рок енд рол „банда” на Земјината топка не била потребна голема мака. Очекувано, на второто место е Сер Елтон Џон, кој на приватна „wedding party” би навратил за цена од 2 милиона фунти, колку што за свој настап бара и австралиската „џебна Венера” Кајли Миног- но со една разлика.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here