Потребно време за читање: 3 минути

Иако се чувствуваме супериорни над луѓето кои живееле со векови пред нас, мораме да им оддадеме признание. Зад себе оставиле предмети кои дури ни модерната наука не може да ги објасни.

Интернет магазинот „Cracked“ објави преглед на 6 луди откритија кои науката не може да ги објасни.

6. Војничев (Voynich) ракопис

Станува збор за древна книга која успеала да ги оневозможи сите обиди да се дешифрира нејзината содржина. Книгата е поделена на поглавја со доследни текстови и детални илустрации. Се чини дека станува збор за стварен јазк, но кој никој порано не го видел. И веројатно има некакво значење, но никој не знае какво. Дури не се знае ни кој го напишал тоа, ниту кога е точно напишано. Се претпоставува пред 500 до 600 години.

Од нејзиното откритие во 1914., оваа книга била објект на интензивно проучување од страна на многумина криптографи, вклучувајќи некои од врвните американски и британски воени криптографи. Никој од нив не успеал да дешифрира ниту еден збор од книгата. Едни тврдат дека се работи за обична измама, додека други сметаат дека е збор за тн. „глосолалија“, што е всушност уметност на пишување на нешто што е неразбирливо, а е приопштено од страна на виша сила, како Бог или вонземјани.

Книгата им стана свет грал на крипотографите и историчарите, а доби назив според руско-американскиот трговец со книги Вилфрид М. Војнич (Wilfrid M. Voynich) кој ја пронашол.

Прочитај и за ... >>  Вистински бизарности

5. Механизам Antikythera

Всушност, тоа е античка машина понајдена на останки од брод во близина на Грција, која датира од 100. година пред Христа.

Механизмот од бронза и железо, стар 2100 години, кој е откриен во 1901., би можел да се нарече прв астрономски сметач. Содржи опрема и стрктура која не е пронајдена на слични предмети уште 1000 години.

Научниците не можат да се согласат кога е направен механизмот, ниту кој го направил. Постојат претпоставки дека го направиле Грците, зашто инструкциите на него се напишани на грчки, додека други тврдат дека всушност доаѓа од Сицилија.

Се смета дека механизмот е направен за да се предвиди и открие позицијата на небеските тела, а некои претпоставки одат толку далеку што велат дека е тоа остаток од машина за патување низ времето.

Било како било, механизмот Antikythera содржи функции и опции кои во античкото доба биле целосна непознаница.

4. Цевки од Баигонг

Во дел на Кина кој не е населен, а всушност се работи за индустриско подрачје, постојат три мистериозни отвори на врвот на локалната планина кои се делат натаму во стотици древни за`рѓани железни цевки.

Некои од нив водат длабоко во планината, додека други водат до блиското солено езеро. Дел од нив се наоѓаат во езерото, а дел одат покрај неговиот брег. Некои од поголемите цевки се со размер од 40 см и изгледаат како да се распоредени со намера. Во што е работата?

Прочитај и за ... >>  Најсмешна туристичка поплака на сите времиња

Имено, архелозите заклучиле дека цевките датираат од каменото доба. За чудо, немаат пукнатина иако се стари илјадници години. Тоа сугерира дека не се поставени под земја само така, туку оти имале и некоја намена. Претпотавките одат од тоа дека цевките од Баигонг се древни астрономски лаборатории или дури писта за лансирање на вселенски бродови која зад себе ја оставиле вонземјани.

3. Џиновски камени кугли од Костарика

Костарика и неколку околни подрачја се преплавени од џиновски камени кугли.

Обликувани се речиси совршено, со мазна површина. Некои од нив се прилично мали, од само пар сантиметри во размер, додека други се со размер од 2,5 метри и тежат неколку тони. Куглите се наоѓаат насекаде иако нивната намена не е позната, баш како ни периодот кога настанале.

2. Багдадски батерии

Всушност, батериите се серија предмети пронајдени на подрачје од мезопотамијата, кои датираат од столетија пред Христа.

Кога ги пронашле археолозите, првата претпоставка била дека се работи за обични глинени садови. Но тоа е набрзо отфрлено со оглед дека содржеле бакрен прат и знаци на корозија. Тоа значи дека веројатно содржеле течност која во допир со бакар произведувала електрична енергија.

Прочитај и за ... >>  Во 2007-ма се „случи“ поздрав од гробот на Папата Јован Павле II

Ако е тоа вистина, се работи за први батерии на светот, иако се уште не е јасно за што точно служеле.

1. Bloop

Во 1997. година научници снимиле чуден звук во океан. Чуден и мошне гласен. Толку гласен што го снимиле два микрофона оддалечени 3.000 милји. Збунетите истражувачи го нарекле „bloop“.

Особеностите на звукот силно упатуваат на живо суштество, толку непогрешливо што повеќето научници веруваат дека негов извор е морско суштество кое се крие во длабоките, студени и вечно темни води. Но да произведе такво нешто, суштеството би морало да биде многу поголемо од синиот кт. Ако е тоа организам сличен на китот, би морал повремено да изронува за воздух, што значи дека веројатно би бил виден, освен ако не поседува помал апарат за дишење, како на пример слонова сурла (а имало многу видувања на такви чудовишта низ истоијата).

Што и да е, bloop не се слушнал никогаш повеќе по летото 1997. и останува една од необјаснетите тајни на Земјините океани.

Вообразените истражувачи на мистерии ќе речат дека звукот всушност го произведува древното подморско чудовиште Cthulhu, кое го опишал познатиот писател на хорор и научна фантастика Хауард Филипс Лавкрафт (H.P. Lovecraft).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here