Потребно време за читање: 3 минути

Руско-корејски тим на научници открил во Сибир добро сочувани замрзнати остатоци од волнест мамут, а за кои се верува дека содржат сочувани живи ќелии на овој одамна изумрен предок на денешниот слон-што не приближува до негово клонирање!

Како што соопшти рускиот Североисточен федерален универзитет, меѓународен тим истражувачи открил влакна од мамут, меко ткиво и коскена срж на длабочина од околу 100 метри под земја, во текот на летната експедиција во североисточната провинција Јакутија.

Шефот на експедицијата „Јана-2012“, Семјон Григориев изјави дека корејски научници со руски тим тргнале во потрага по живи ќелии во надеж дека ќе успеат да клонираат мамут. Порано научниците наоѓаа коски и делови од животното, но не и живи ќелии. Григориев на локалните медиуми им изјави дека ќе бидат потребни месеци за да се утврди дали тие навистина нашле живи ќелии, пренесе АП.

-Се чини дека некои ќелии сѐ уште имаат живо јадро, а на преносен микроскоп се виде дека некои станици имаат боја. Само по лабораториско истражување ќе знаеме дали се тоа живи ќелии или не,-потенцира тој, додавајќи дека првите резултати можат да се очекуваат дури на крајот од годинава.

Прочитај и за ... >>  На Земјата ќе настапи заладување?!

Целата научна мисија се бори за кредибилитет, зашто научниците се сомневаат дека што било може да преживее илјадници години во сибирскиот пермафрост.

А како што пренесе агенцијата РИА Новости, контроверзниот јужнокорејски научник Хуанг Ву Сук веќе изразил интерес за ова откритие.

Друга група научници во Јакутија потпишала договор со Хуанг во март да клонира младенче на волнест мамут што е откриено во пермафростот, слој на земја во која температурата е постојано под точката на замрзнување наназад неколку или повеќе илјади години. Младенчето е откриено на брегот на морето Лаптев вп 2011. година. Се верува дека животното пцовисало пред околу 10.000 години.

Хуанг, претседател на Фондацијата за биотехнички истражувања Суам, е поздравен во Јужна Кореја како национален херој и „врховен научник“, додека неговите трудови во истражувањето на човечки ембрион не се прогласени за плагијат во 2006. година. Тој е осуден условно на затворска казна во 2009. поради проневера и примање на повеќе милиони долари како грантови за незаконити потреби.

Прочитај и за ... >>  Дијамантот-најтврдата природна материја на Земјата

Хуанг го направи првиот клон на пес на светот во 2005. година. Во октомври 2011. година изјави дека успешно за првпат клонирал којоти.

РИА Новости предупредува дека примерокот е премал за клонирање на мамути.

Во 2011. година еден јапонски научник изјави дека е убеден оти ќе може да го оживее волнестиот мамут во рок од 4 години, со користење на технологија за рекомбинација на ДНК. Др. Акира Иритани има намера да извлече генетски материјал од замрзнато ткиво на мамут и да го инјектира во јајна станица на африкански слон, со што ќе го добие изумреното суштество.

Палеонтолозите веќе имаат откриено неколку видови на мамути. Најголема група се мамутите од реката Сонгхуа, кои во рамената биле високи над 5 метри и тежеле до 12 тони. Други видови биле големи како модерните африкански слонови, а е најден и џуџест мамут.

Иритани изјави дека денешната технологија доволно напреднала за да се вдахне живот во видови кои изумреле, се додека постои доволно добро сочувано ткиво кое може да служи како донор на гени.

Прочитај и за ... >>  Тајните на Арктикот и Антарктикот

Се смета дека волнестите мамути скитале низ светот пред 8000 години, кога се појавиле првите траги на човечка цивилизација. Ова го открија пред неколку години научници на Алјаска. Претходно се претпоставуваше дека тие предисториски животни изумреле приближно илјада години пред крајот на последното ледено доба.

Меѓутоа, утврдено е дека една група мамути на Алјаска преживеала многу подолго. Радиокарбонското датирање на фосилните остатоци покажа дека пред 8000 години тие животни уште постоеле на островот Ст. Паул. Приближно во тоа време се појавиле првите траги на човечка цивилизацја во древната Мсопотамија, на подрачјето на денешен Ирак.

Анализа на делови од заби покажа оти мамутите кои преживеал на островот биле помали од повеќето единки на нивниот вид. Се претпоставува дека животните останале таму во времето кога островот се издвоил од копното, пред приближно 13.000 години. Но, не е јасно како тоа мамутите да не ги истребиле првите доселеници кои имале чамци.

Некои стручњаци веруваат дека претераниот лов го предизвикало изумирањето на мамутите, но се чини дека тоа не вреди за оние од островот Ст. Паул.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here