Потребно време за читање: 2 минути

Една царска ќерка боледуала од некоа мисла што имала. Сите царски екими ја ватиле да ја лекуаат и никој лек не беше и нашол. Од ден на ден сѐ полошо чинела и на лице гинела.

Чул еден стар еќим што бил забораен од светот поради староста што ја имал, никој не беше го викал.

-Ја чекај,- рекол сам со себе,- да појдам кај царската ќерка, да ја видам што болес имат и да ја оздравам.

Пошол и се преставил пред царската ќерка. Откога ја испрашал заради болеста од секаде што ѝ је и ја боли, ѝ го нашол лекот.

-Мнозина еќими,- му рекол старио еќим,- те лекуале и билки ти давале и пак не те оздравеле, ќерко; јас без билки ќе те оздравам, да ме паметуаш и да велишп Бог да го прости старио еќим што ме оздраве без билка.

-Оф, бре дедо- му рекла нажалена царската ќерка,- ако можиш да ме оздравеиш, јас ќе му речам на татка тебе да те клаит прв еќим на столнината и голем бакшиш ќе ти даам.

Прочитај и за ... >>  Едно магаре вода не знаи да напои. (Многу си е прос.)

Откоа и чул еќимо тие зборои, отишол при куменџијата и напраил еден позлатен прстен со муур озгора. На мууро беше пишал вака: „Сѐ што било- поминало, и сѐ што ќе биди- ќе поминит“. И го донесол еќимо прстено и је клал на прсто.

-Еве ти го леко, царска девојко,- је рекол еќимо,- секој саат и секој ден, кога ќе ти дојдит лошата мисла што ти го мачит срцето, ќе го пеиш муурот и ќе го поразмислиш тоа што ќе го пеиш. Така ако го пеиш и размислиш, до четириесет дни ќе оздравеиш, бездруго те уверуам и со глава моја ти се таксуам: ако не оздравеиш, да ми ја пресечите.

За вистината, царската ќерка беше оздравеала, побрго од четириесетте дни, од болеста што ја имала во мислата. Таа оздравела и еќимо на голема чес беа го клале.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here