Колку трае љубовта?

0
21

И покрај силните теории за тоа дека љубовта со годините бледее, а ја заменуваат почитувањето и разбирањето (јас тврдам дека тие не ја заменуваат, туку се нејзина сушност), научниците утврдија дека тоа не мора да се случи. Се разбира, како и за сите големи, вредни работи во животот, потребно е само малку да се потрудите за сѐ да биде како што треба.

На сите ни е познато она чувство на треперење на целото тело на потечокот од врската, односно вљубувањето што предизвикува хемиски реакции во мозокот кои можат, ако имате среќа, да водат до поинтензивно и подолгорочно чувство-љубовта.

Меѓутоа, како што минува времето, може да се случи љубовта да почне да венее, а нејзиното место полека и речиси незабележано да почне да го зазема почитувањето спрема партнерот и спрема сѐ што сте минале заедно.

Сепак, и покрај ова раширено верување, научниците велат дека таквиот развој на настаните не мора да биде секогаш во игра, односно дека вистинската, искрена љубов од почетокот на врската со ист интензитет може да гори и по повеќе децении.

Имено, истражувачи од Универзитетот Stony Brook спровеле истражување во кое учествувале 274 лица, кои во брак до тој момент биле најмалку 10 години. Од нив се очекувало да одговорат на прашања во врска со своите чувства спрема партнерот, а резултатите ги изненадија психолозите.

Како што објави „Daily Mail“, околу 40% изјавиле дека чувствуваат „мошне интензивна љубов спрема партнерот“, 13,4% своите чувства ги опишале како „силни“, а 26,2% рекле дека се се уште прилично вљубени во сопружникот.

Бидејќи било потребно да ги дефинираат своите емоции, испитаниците ги опишале како комбинација на „позитивни и добронамерни мисли“, „љубезност спрема сопружникот“, „сексуални односи“ и „општо чувство на среќа и задоволство“.

Анализата на добиените резултати покажала дека интензитетот на чувствување донекаде слабее по 20 години брак, но деценија подоцна повторно се засилува. Исто така, се покажало и дека постои разлика помеѓу половите која влијае врз доживувањето на љубовта. За мажите е важно често да размислуваат за партнерката и со неа да уживаат во заеднички активности, додека на жените, верувале или не, за среќа им е потребно да имаат некој вид „слободен простор“. Посилна љубов спрема сопругот-така чувствуваат жените кои имаат хоби во кое уживаат сами или работа што ја сакаат и која ги исполнува.

Како целосна или делумна потврда на претходно сознаеното, еве 9 неверојатни брачни рекорди.

Најголема разлика во годините

Во ноември 2006. Судар Марто од Малезија, кој тогаш имал 105 години, се оженил со Ели Рахмат, 22-годишна девојка. Што е уште понеобично, Судар истовремено бил во брак со 69-годишна жена, која со одушевување ја прифатила Ели и нивната заедница.

Нависок венчан пар

Кејша Болтон, висока 195 сантиметри, се омажила за Вилко ван Клиф, висок 213 сантиметри, со што станале највисок пар на светот.

Најнизок венчан пар

Даглас Мејстр Бергер де Силва, висок само 90 сантиметри, е оженет со Клаудија Переира Рочо, која од него е повисока само 2 сантиметра.

Најголема свадбена торта

Една американска слаткарница направила торта висока 5 метри и тешка неверојатни 5 тони.

Најдолга веридба

Октавио Гилен и Адријана Мартинез се вериле во 1902. година кога имале по 15 години, а се венчале во 1982. Значи, веридбата траела неверојатни 67 години.

Најмногу бракови

Глин Вулф, која го држи рекордот и со најмногу разводи, се омажила 29 пати во текот на 88 години живот. Најкратката брачна заедница на Вулф траела 19 дена, а најдолгата 7 години. Првпат се омажила во 1926., а последен во 1996.

Најстари младоженци

Франсоа Фернандес и Медлин Франсин се венчале во 2002., во 96-тата односно во 94-тата година од животот.

Најголема разлика во тежина

Џинот Браура Минох, бил тежок 480 килограми, имал двајца синови со жената Џенет, чија вага покажувала само 41 килограм. Тој умрел во 1983., по 5 години брак.

Најскапа венчавка

Ваниша Митал, ќерка на една од најбогатите личности на светот, се омажила за инвестициониот банкар Амид Батиј во Версај. 6-дневната прослава, на која настапила Кајли Миног, чинела дури 55 милиони долари.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion