Announcement Icon Tips Support Information Info
Потребно време за читање: 2 минути

Денес, кога е сосема можно без никакви проблеми да се влезе со наизглед обичен ранец во кое било метро и да се испратат илјадници луѓе во сигурна смрт или да се доживее оргазам на Месечината во вселенски костум, информациите дефинитивно станаа стока за широка потрошувачка. Се конмзумираат брзо, од нозе, без многу прашања, точно онолку колку што трае едно трепкање на човечкото око. Се наоѓаат насекаде, каде што ќе помислите дека можат да се најдат.

Откога ќе се разбудите, па сѐ додека не го угаснете светлото пред спиење, колона на информации чека да ви влезе во мозокот со специјален прибор за чистење, кој е три пати поразурнувачки од „доместос”, „вениш” или „цилит бенг”. Секој ден, во исто време, на исто место, информациите се смешкаат и се туркаат да заземат што поголем реон во кората на големиот мозок, за што полесно да можат да ги контролираат нештата, не оставајќи простор за нормално функционирање на мозочниот „хард диск”.

Прочитај и за ... >>  Сексот, здравјето и...

Отворате сандаче, излегува куп шарени хартии. На секоја нешто пишува. Упадливо е. Евтино е. Брзо е. Сите би сакале да ги посетите. Тие се токму тие што ги барате. Баш сте мислеле да ги израдувате гадинките во вашата кујна! Фрлате сѐ во канта, освен сметките. Писма веќе никој не праќа. Ве информираат колку сте се опуштиле со телефонот минатиот месец. Не им е доволно што речиси секогаш ви го креваат притисокот, па ете одлучиле нешто и да ви порачаат. Обично ставаат хартии со убави бои и пишуваат дека насилството мора да се запре, како да сте баш вие еден од манијаците кои тепаат деца. Освен тоа, ве молат да уплатите симболични пари-ќе бидете хумани, оти е тоа донација за нечиј црн џигер.

Го туткате тоа и трчате на работа. На улица сретнувате толпа луѓе со која се судирате. Некои од нив шетаат персонални билборди на градите. Некој ви порачува нешто преку рамки за очила. Некој преку ѓон за чевли. Слушате музика од слушалките на момче кое, во превоз, седнало покрај вас. Тажна песна. Жената ве удира со кесата на која се огромни букви што ви се обраќаат. Понекогаш сакате да замижите и повеќе да не ве оптоваруваат сите тие пораки, оти за стварноста не постои далечинско за да се промени каналот. А толку би било добро да постои A/V верзија на животот. Тоа ви е онаа функција на далечинското со чие притискање станува се црно.

Прочитај и за ... >>  Домашните миленици ви даваат здравје

Кога ќе излезете од превозот, молневито се сменуваат големите количества на билборди. Секој сака да ве види насмеан. Сите се трудат да ви се вовлечат и да ви кажат дека сте вие идеалниот купувач на нивниот производ. Мислат дека и вам ви е важно тоа дека гумите се толку добри што можат да закочат и на Монт Еверест. Ма ајде. Белки не може тоа!

Во секој агол на планетата, во секоја стотинка стасува по една информација. Вртејќи се во круг и допирајќи милиони луѓе по браздите на нивните мозоци, информациите прават опасен вртлог во кој е лесно да се удавите.

Единствено што можам е да признам дека информациите ја добија војната.

Упс, простете, морам токму овде да прекинам, ми стаса SMS. А и доста се овие информации.

Преземено и преведено од:
http://www.b92.net/

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here