Кој како му мисли на комшијата, тоа ќе му го даји Госпо нему

0
11
крава krava

Одејќи св. Јоан при Бога да му се моли на Бога за некој луѓе сиромаси, го стрел на пато некој сиромав чоек и откоа се научил оти ќе оди св. Јоан при Бога, му се помолил да му речи на Бога да му даи Госпо една крава (некој кажуат: магаре), да си ја молзи и да си рани дечињата со маштеницата, како што имал негоио комшија.

Одејќи св. Јоан при Бога, му се молил за сите луѓе и најпосле му посакал една крава да му даи на тој сиромав.

-На тој сиромав што ти рече да му даам една крава-му рекол Госпо- да му речиш да ми се моли да му даам на комшијата уште една крава и после ќе му даам нему една.

Идејќи си св. Јоан назад, го стрел сиромаио што сакал крава и му кажал као што му рекол Госпо.

Реклама

-Како, како да му се молам на Бога да му даел уште една крава?! Триста години да немам крава, и не је чаре да му се молам на Бога да му даи уште една крава, на комшијата да му се сторат две, и после да ми даел една мене. Јас молам Бога дење-ноќе да му пцојса на комшијата таа што ја има, а пак Госпо сакал да го молам да му даел две крави нему. Ете вака да му кажиш на Бога ако одиш при него другаш.

Коа и чул тие зборои св. Јоан од тој сиромав што имал толкуа лоша мисла, се почудил и си рекол сам со себе:

-Затоа Госпо, сполај му, не ти дал и нема да ти даи.

Фото: Softpedia