Потребно време за читање: 2 минути

Тој им припаѓал на седумтемина древни грчки филозофи кај кои, всушност, се зачнала елинистичката филозофија. Живеел на преминот помеѓу 7. и 6. век пред нашата ера.

Прочуена е неговата мисла: „Запознај се самиот себе“. Таа изрека и денес е актуелна. Можеби поактуелна повеќе од кога било во минатото.

Албер Ками забележал дека денешниот човек е опседнат од техниката и таа му е речиси единствената грижа. Тој за својот автомобил се грижи можеби многу повеќе отколку за самиот себе. Воопшто, смета дека среќата е во предметите и богатствата што го опкружуваат.

Човекот во својата долга историја направил значајни продори во непознатото. Тој успешно го пронашол клучот со кој се отвора вратата на природата за да ги искористи нејзините тајни. Меѓутоа, самиот на себеси е се уште голема непознаница.

Кога филозофот Талес од Милет го прашале: „Што е тешко?“, тој одговорил: „Да се познаваш самиот себе си“. На прашањето „Што е лесно?“, неговиот одговор гласел: „Да му дадеш совет на друг“.

Прочитај и за ... >>  Ана Ахматова

Талес од Милет ја проучувал природата, астрологијата, математиката Се тврди дека го открил соѕвездието на Малата мечка.

Прв го претскажал помрачувањето на Сонцето (во 585. година пр.н.е.), со што ја стекнал славата на еден од „сеумтемина мудреци“ на антиката.

Ја утврдил рамнодневницата, движењето на Сонцето од еден до друг солстициј. Ја учел геометријата кај египетските свештеници, а со помош на сенката ја измерил и височината на пирамидите. За тоа му послужил оној момент кога нашата сенка се поклопува со должината на нашето тело.

Во Милет ја основал првата филозофска школа (Јонска школа), а неговата личност обично се става на почетокот на западната филозофија и наука. Наслови на одделни Талесови дела спомнуваат Диоген Лаертиј и Гален, но не е утврдено дека Талес кога било пишувал. Подоцнежните писатели го нарекуваат, како и неговите јонски следбеници, „филозоф“ и во тој назив е содржана ознаката на новиот пристап во посматрањето на природата. Тој пристап е одреден двојно: со математички односно геометриски тип на истражување на односите помеѓу појавите, и филозофска генерализација на искуството. Токму таквата ориентација овозможувала напредок од парцијалните одделни знаења кон целовита концепција на науката.

Прочитај и за ... >>  Јуриј Михајлович Лотман

Во филозофската спекулација, која и започнува со него, се искажува нова миславна потреба во материјалистички замислената праматерија, која според Талес е водата, да се пронајде супстанција и причина за разновидните облици на природата. Тој принцип на се, како што го наррекува Аристотел, е прво филозофско вообличување на суштината на стварноста, начин на воопштување кој и потоа останал основа на различни филозофски космологии.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here