Книжевен речник: историја, теорија, критика

0
14

Да се позанимавам со науката за литературата, основните сознанија за неа.

Кој е поттикот за тоа? А зошто би морало да има поттик? Онака, во меѓувреме, од едно до друго творечко време. Не ќе е баш така. Има друга причина: тие основни созанија се нужни за разбирање на севкупноста и компелксноста на меѓузависноста на книжевноста и цивилизацијата.

Најнапред, историјата на литературата: нејзиниот развој, нејзините појави и пројави, творечкиот живот на нејзините создавачи, критичката валоризација на нивното творештво.

Да се имаат предвид националната или посебната историја-на еден народ, нација, светската односно општата, и компаративната-споредбената-развој, врски, допирни точки и разлики помеѓу национални литератури.

Потоа, теоријата на литературата-суштината на литературата како уметност, процес на создавање на едно дело, нејзината структура, значење, место и улога, формите-композиција, јазик, стил.

И конечно, литературната критика.

Таа е особено привлечна, не само за мене, ами и за секој друг творец, литерат, за секој што има респект спрема резултатот од концентрирана или потрошена творечка енергија.

Критиката како објаснување? Никако не. Какво објаснување? Кое дело бара објаснување. Какво толкување? Кое дело бара толкување?

Откривање? Да, апсолутно да. Оценка? Да, како дело од откривањето на делото, како дел од неговото продолжение од мене.

Основни созанија: дел од книжевноста која служи како врзувачка нишка помеѓу книжевното дело и читателот; цел на книжевната критика да ги открива оние значења и убавини што ги содржи едно конкретно книжевно дело-задоволството во него.

Критичарот како идеален читател? Чудно тврдење на некои. Имало ли некогаш, има ли таков? Јас сум и писател и критичар, но не затоа што сум пишувач и читател, туку оти знам кој е напорот нешто да се напише, и колкаво е задоволството кога нешто ќе се открие.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion