Потребно време за читање: < 1 минута

Канонот е арапски чалгаџиски инструмент кој, заедно со грнетата (кларинетот), ќемането или цигулката (виолината), утот, лаутата, тарабуката и хармониката, е кордофоничен. Струнен инструмент, еден вид псалтер, со правилен трапезоиден корпус.

Канонот најчесто се изработува од јаворово дрво. Трапезоидниот корпус е затворен со штичка од смрека и козја кожа. Над козјата кожа е поставен потпирач (магаренце) за струните, потпрен на четири места. Над кожата е смрековата штичка со која се затегнуваат од 24 до 27 црвени струни, групирани по 3 и штимувани унисоно. Звукот се произведува со удирање по струните со метални напрстоци, во кои се вденати целулоидни плекрони, углавени на кажипрстите на левата и десната рака.

Секоја октава кај Арапите се именува со зборот „дар“. Дијапазонот на инструментот варира помеѓу две и три октави.

Канонот е виртуозен инструмент, па како таков го среќаваме и како солистички инструмент. Како ансамблов најчесто го има во чалгаџиските.

Канонот е пренесен во Македонија од турските патувачки чалгаџиски групи, а се користи арапскиот.

Прочитај и за ... >>  Еснафски врзаници

Еве како го претставил канонот најголемиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков:

„Канон(от) е напраен од две штици ореои или од бука, танки, околу имат первас, како што имат кемането празно; на горната штица имат три решмиња за глас да даваат, магарица што стојат тељоите (кантините и другите), кујурук опашка кај што стојат рзани тељоите запетлани, штица пониска од горната штица кај што стојат чивиите, седумдесет чивии со седумдесет тељои- и со помалку се свири (50), клуч што се стегаат чивиите, едно тенекијче што се става на показалец за да држи помеѓу него едно тазене од рог или од перо гускино, на двата прста клаваат таквие тенекии и држат тазениња кога свират чивте, кога не- само на деснио показалец ‘и дрнка пердињата и тељоите за да праи песна и друго”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here