Потребно време за читање: 2 минути

Секој што се надева дека првиот вонземјанин кој ќе стаса на нашата планета ќе биде пријателски расположен како ET од истоимениот филм, можеби е во заблуда.

Во последниот обид да апелираат на човештвото да го намали емитирањето на штетни гасови во околината, научниците објавија дека еколошки настроени вонземјани би можеле да ја уништат нашата планета, згрозени од лошиот однос спрема природата.

Посматрани од далечина, промените на Земјината атмосфера би можеле да нѐ обележат како цивилизација која се оттргнала од контрола. Во тој случај вонземјаните би можеле да извршат превентивен напад за да се заштитат од потенцијалната закана по нивниот начин на живот. Меѓутоа, тоа е само една од можностите.

Научниците исто така сметаат дека е можно доаѓање на агресивни вселенци, кои би нѐ јаделе или поробувале, па дури и вид чија индустрија отишла толку далеку што им е потребна нова планета за преместување на производството.

Прочитај и за ... >>  Најголем медиумски музеј на светот

Водечкиот истражувач Шон Домгал Голдман и неговиот тим составиле листа на хипотетички ситуации која би требало да биде од корист ако се сретнеме со суштества од друга планета.

Извештајот, во чија изработка учествувале НАСА и Државниот универзитет во Пенсилванија, има за цел да одговори на прашањето „Дали контактот со вонземјаните ќе му донесе корист или пропаст на човештвото?“ и да ги подготви Земјаните на можни сценарија на средби со вселенци.

Според мислењето на научниците, во најдобар случај човештвото ќе добие сознанија за тоа како да совлада глад, сиромаштија и болести. Алтернативното сценарио би можело да биде и триумф на луѓето над силите на вонземјаните, а потоа присвојување на нивната технологија.

Во неутралната категорија на можни исходишта човекот нема да има ниту корист, ниту штета од средбата со вонземјани, зашто ќе има можност за комуникација со нив. Според една теорија, вонземјаните би можеле да им станат иритантни на Земјаните, токму како во филмот „Дистрикт 9“ кој зборува за суштества од некоја друга планета затворени во концентрациони логори во Јужноафриканската Република.

Прочитај и за ... >>  Традиционална јапонска куќа

Во најлош случај ќе ни се случи сценариото на холивудскиот филм „Денот на независноста“ (Independence Day), кога би можело да дојде до уништување на човештвото.

Како би можеле воопшто да комуницираме со вонземјаните?

Научниците сметаат дека првите „реченици“ би биле „изговорени“ математички. Нивниот став е дека денес сме повеќе од кога било блиску до средба со суштества од некој друг свет, зашто значително сме ја измениле Земјината атмосфера, што се гледа од други планети.

Теории за исходите од средбите со вонземјани

Корисни последици:

-чисто забележување на живот на други планети-промена на филозофските погледи на Земјаните;

-кооперативни вонземјани-дискусија за науката и математиката, примање на совети за спречување на глобална катастрофа, наоѓање на решенија за проблемите на Земјата;

-некооперативни вонземјани- човештвото успешно ја надминува заканата.

Неутрални последици:

-невидливи вонземјани-намерно се кријат или случајно не можеме да ги забележиме;

-забележливи, но поинакви- незаинтересирани за комуникација или бескорисни.

Штетни последици:

-намерна штета-себични вонземјани кои не поробуваат или јадат;

Прочитај и за ... >>  10 мистерии на еволуцијата на човекот

-ненамерна штета-физичко загадување или зараза, механички оштетувања, компјутерски вируси, биолошко загадување или лошо културно влијание.

(Извор: http://www.b92.net/)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here