бренд brend brand
Потребно време за читање: 3 минути

На поставеново прашање најточно и најпрецизно, стручно и компетентно можат да одговорат менаџерите, а особено оние чија стручност- специјалност е маркетингот и односите со јавноста. Меѓутоа, бидејќи целта на овој прилог не е едукативна, само ќе потсетам на некои основни, општи нешта во врска со брендот и неговото создавање, а кои му се познати (би требало) на секој проследувач и промислувач на нашите севкупни состојби, пред се економските.

Брендот кај нас најчесто се преведува со марка, име- назив на фирма, на производ и сл. Таквиот превод не оти е неточен, туку е премногу „едноставен“. Со други зборови, „брендовската“ проблематика ( се уште малку познат термин кај нас е „брендинг“) е многу покомплексна.

Имено, тоа- маркирањето (сметам дека е посоодветно: именувањето) е само прв чекор, почетна фаза на создавање на еден бренд. Се разбира, никако не со помала вредност од подоцнежните. Нашите фирми- претпријатија- компании, па и оние кои работат конкретно на маркетингот, особено на промотивни кампањи и односи со јавноста, најмногу грешат токму на тој прв чекор. Тоа го сметаат за најлесно (да се „измисли“), па инсистирањето на стручност на тој план, ангажирањето на средства за тоа односно плаќањето го сметаат за залудно фрлена пара.

А токму тоа- именувањето, претставува една цела наука (без наводници). Во врска со него, само ќе потсетам на некои од основните правила (во теоријата на современиот маркетинг се нарекуваат закони: на зборовите, автентичноста, квалитетот, категориите, а кои го дефинираат влијанието на брендот врз свеста на купувачите): името да биде кусо, едноставно, да означува категоријална припадност, потоа единственост, звучност, лесен изговор.

Прочитај и за ... >>  7 добри совети за почеток на бизнис

Можете ли да наведете, на пример, дузина имиња- марки кои ги задоволуваат сите наведени правила односно „законски одредби“?

Комплексноста на брендовската проблематика се потврдува токму со наведените „закони“. Во однос на именувањето од оособено значење е и „законот на зборовите“. Поточно речено, на еден и единствен збор. Што значи тоа? Во однос на ефектот- ефикасноста на брендот, најнапред се смета на вредноста на чувството (не на манипулацијата со него) и асоцијацијата-атрибутот (една- еден, не повеќе) што тој го предизвикува кај човекот (купувачот, потрошувачот) кога ќе го слушне.

Сосема накусо и за другите закони на влијание:

Автентичноста односно оригиналноста не значи ништо друго, освен „прв на пазарот“, а секој друг (бренд) негова имитација или „варијација“; квалитетот, и тоа не некој „објективен“, туку „наметнат“ со „нешто“ што подолу накусо ќе го елаборирам, а се состои од две букви: PR (латински); категоријалноста не значи друго, освен „припадност“, при што од особена важност, од највисок квалитет е брендот да промовира категорија ( на пример, на производи на пазарот).

Би ми одзело многу простор и време кога макар и накусо би ги елаборирал другите „закони“ на брендингот. Само ќе спомнам уште некои: законот за ширење, за контракција, за публицитет, за реклама.

Прочитај и за ... >>  Дали сте подготвени за мал бизнис?

Можеби попрецизен наслов на овој текст би бил „Брендот и PR“ бидејќи ова “PR” е најнепосредно поврзано со него (се разбира и со многу други нешта, всушност со се што претставува успех- успешност воопшто).

Реков дека PR е „странско“. Тоа е кратенка за еден англиски термин (полека се одомаќува и во нашиот јазик, но бидејќи е премногу „туѓ“ се повеќе се користи како кратенка)- public relacion (PR), кој точно се преведува со „односи со јавноста“. Кога се работи за брендот, тие односи најчесто се сведуваат на информации-PR информации (кај нас и на тој план сме на „почетокот од почетоците“).

Но пред да го поставам суштинското прашање и само „иницијално“ да одговорам на него, уште следново: брендот се создава, се брани и постојано се зголемува неговата вредност со време, простор, енергија и надградба.

Ако успешноста на една фирма- компанија или еден производ ја врземе со еден од најважните елементи- брендот (ако не и најважен), тогаш за нас, а особено за странците, сигурно е шокантно и апсурдно да се прогласуваат дури 200 најуспешни компании во Македонија. Значи, Македонија има ни помалку ни повеќе, туку „цели“ 200 брендови (на годишно ниво) кои „играат“ на пазарот, веројатно најмногу на домашниот. Шокантноста односно апсурдноста, па и комичноста станува просто „заразна“ кога ќе се обидеме (странците одамна не научија, па не се ни обидуваат) да изброиме макар дузина брендови. Ако тоа го поврземе со нивото, развиеноста на PR, макар сведен(о) на PR информации, тогаш смеењето станува дури опасно- може да ни ја „разболи“ логиката без шанса да ја „излечиме“.

Прочитај и за ... >>  Привилегиите на малите претпријатија

Сега суштинското прашање:

Со колку брендови може да се пофали односно да настапи на домашниот (во однос на „странската“ конкуренција) и странскиот пазар Република Македонија? Прашуваме „и“, бидејќи брендот „како таков“ не прави разлика помеѓу нив.

И следново:

Ако Република Македонија е привлечна бизнис дестинација, особено за странски инестиции (во што „од петни жили“ се обидуваме да ги убедиме пред се странците, макар и со тендери „во четири очи“), тогаш која е вредноста на пазарот (и домашниот, но особено странскиот) на брендот „Република Македонија“?

Нашиот одговор е: никаква или, поблаго речено, речиси никаква. Оваа оценка ќе ја аргументирам со следново: барањето за создавање (некои велат подобрување и, се разбира, намерно грешат) на бизнис амбиент (оние „некои“ велат „поволен“ и повторно намерно грешат, затоа што „неповолниот“ не е бизнис амбиент), подразбира барање за: функционирање на правната држава-почитување на законите, ефикасно судство итн., жестока битка против „превисоката“ корупција, континуиурана ефикасна битка против криминалот, департизација, деполитизација, систем на вредности односно утврдени стандарди итн. итн.

А што се однесува на односот со јавноста, кога е збор за „привлечната бизнис дестинација“- брендот „Република Македонија“, треба пред се да се знае дека најнапред во него мора да се инвестира.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here