Потребно време за читање: 4 минути

Нашево време, како никое и ничие досегашно, бара многу време и енергија за каков било успех, во која било сфера на животот и работата-бизнисот. Многумина си го поставуваат прашањето што е потребно за да се дојде до сопствен успех, а малкумина успеваат да го најдат одговорот, уште помалку да го спроведат „во дело“. Најчест неуспех е што „мора“ да се работи што не се сака, дури без оглед дали се знае.

Индивидуи и компании често живеат и работат ден-за-ден, зашто моментната ситуација ги принудува на тоа. Многу од нив веќе се предале и и се препуштиле на матицата да ги носи.

Да, основно е да се работат вистинските работи кои единствено можат да доведат до успех. Но се разбира, има уште многу други, не помалку важни.

Еве некои од клучните прашања за корпорациите и нивните вработени, кои на патот кон успехот треба да се постават и на кои е потребно да се даде адекватен одговор:

-Како да се открие што вработените навистина сакаат?;
-Како веднаш и на вистински начин да се дефинираат амбициозните и достижните цели во сите области на животот на вработените и како да се реализираат?;
-Како да се одржи јасен фокус на целите што е потребно да се остварат?;
-Како да се надминат проблемите што стојат на патот кон успехот?;
-Како со леснотија да се постигнат саканите резултати?;
-Како да се идентификуваат причините заслужни за неуспехот и како да се надминат?;
-Како да се прилагоди начинот на размислување?;
-Како да се забрза комуникацијата со луѓето од опкружувањето за полесно да се остварат саканите цели?;
-Да се идентификуваат најчестите грешки што ги прават луѓето за да се избегнат.

Прочитај и за ... >>  10 совети за напредување во кариерата

А според многумина експерти, добрата кариера има 5 елементи без кои не може да се дојде на врвот: амбиција, интуиција, храброст, фокус и лидерска аура. Тие можат да помогнат, без оглед дали се обидувате да бидете на чело на голема и моќна компанија или само сакате да започнете мал семеен бизнис.

Интуиција
-Амбициозни сте, храбри да ја следите амбицијата и луѓето ве слушаат или следат. Или макар копираат! Сега е време да се запрашате дали имате малку интуиција. Повеќето од вас веројатно веќе одмавнуваат со глава, тврдат дека интуицијата е нешто што го имаат само жените. Тоа не е сосема точно. Жените само имаат доста специфичен начин на кој ја користат својата интуиција.

Англискиот публицист Холбрук Џексон рекол за интуицијата дека е тоа само разум во брзање. Таа ви говори по кој пат на состанок среде сообраќаен шпиц, или кој клуб ќе биде најдобар за провод во сабота навечер- но тоа никако не е предвидување или гатање-туку токму тоа, интуција-сума на сите знаења. (Во доверба-дали кога било сте се запрашале од каде кај жените толкава интуиција-од каде толкава сума на знаење кое често умее да не изнервира со својата домисленост? Па од една подеднакво „иритантна“ способност што ја имаат-способност непрестано да зборуваат меѓусебно за се и сешто. Значи, вмрежувањето е еден од клучевите за добра интуиција на работа, на терен или генерално во животот!);

Прочитај и за ... >>  7 услови за создавање на успешна фирма

Амбиција
-Амбициозниот човек, велат мудри римски филозофи, сонува соништа поголеми од него самиот. Низ напорот да ги достигне, човекот расте, се усовршува и станува Подобар Човек. Амбицијата не е резултат, туку процес во текот на кој се трудите да го победите својот најголем непријател- самиот себе, и да бидете денес подобри од вчера. Да научите како да ги победите своите мани и да ги надминете своите недостатоци, за да ја постигнете целта.

На амбициозниот човек таквата цел му станува само нов старт.

Храброст
-Секое човечко суштество инстинктивно се стреми кон зачувување на сопствениот живот. Тој инстинкт човечкиот вид го дели и со сите останати животни. Мудрите луѓе за храброста говореле како за можност да го надминеме и тоа последно животинско во нас, со што стануваме и навистина целосно Човек. Така излегува дека храбар човек е само оној што не дозволува во неговиот живот нештата да зависат од други луѓе, а кукавици се оние што се надеваат дека други луѓе ќе им ги решаваат проблемите.

Храброста овозможува животот да го согледаме во сета негова големина и во целост да го живееме. На крајот на краиштата, не е ли токму храброста таа што ни дава сила да тргнеме во големиот свет и таму да ги остваруваме своите амбиции и таа која ни дава импулс да станеме кога ќе паднеме, макар и по дваесетти пат?

Прочитај и за ... >>  Се учиме ли на грешките?

Фокус
-Ниту амбицијата, ниту храброста, ниту лидерството ќе ги има доколку не сте фокусирани. И тука никаква интуиција нема да ви помогне. Можете да знаете се за се на светот и уште двојно повеќе, но ако не станете од кревет, не направите план и не тргнете фокусирано и доследно да го следите, се ќе остане само уште еден недосонет сон. Односно ќе испаднете кукавица. Може и нешто полошо.

Добриот план кон целта дозволува измени, но не дозволува мрзеливост, ескивирање и инерција. Сакаш стомаклии? Одиш да вежбаш? Тогаш вежбај секој ден, внимавај на исхраната и гледај да ги собереш сите цаки што постојат на светот. Биди фокусиран. Имаме и втор збор за фокус-едноставно, тоа е посветеност. Значи, фокусирај се на успехот, предај му се.

Лидерство
-Лидерите не водат, тие ги инспирираат луѓето околу себе. Американскиот писател Хенри Милер тврдел дека лидерот всушност не води никаде (leader, анг. од lead-водење), тој само го покажува правецот. Амбициозниот човек, доволно храбар да работи на остварување на својата амбиција, неумитно им станува лидер на останатите кои ја немаат таа среќа да ги красат амбиција и храброст. Самиот факт дека сте тргнале таму кај што никој не бил, дејствува импресивно врз околината, која потоа копира. Ве копира вас!

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here