Потребно време за читање: 4 минути

Пирамидите имаат тајна и чудесна моќ?! Сомневањата се од одамна, уште од почетокот на откривањето на египетските пирамиди, но во нашево време сѐ повеќе се потврдува дека „зрачат“ позитивно врз човекот, но и врз „неживите“ материи во неговата околина.

Потврдено: имунолошкиот состав на организмите во нив зајакнал, пораснал бројот на леукоцитите во крвта и се забрзала регенерацијата на ткивото; здравјето на новороденчињата многу се поправило, а на околу 5.000 затвореници во руските затвори само за неколку месеци значително им се поправило однесувањето откако во нивната храна им се ставале сол и пипер кои претходно биле држани во пирамида.

Се чини дека пирамидите ја намалуваат силата на разни вируси и бактерии. Семе оставено во пирамида од 1 до 5 дена резултирало со зголемување на приносите од 30% до 100%!

Најсериозен предлог: да се стапи во контакт со градителот на руските пирамиди и да се подигне една во центарот на Скопје. Се разбира, и во сите други градови и села односно општини во Македонија!

Прилог на новинарот Крешимир Мишак, објавен во загребски „Вечерњи лист“:

Необичните ефекти кои создаваат пирамидални структури секако не се нова вест, барем не откога чешкиот инженер Дрбал пред речиси половина столетие го патентира своето острило на жилетот, кое всушност било мала пирамида. Уште истражувањата на Др. Алварез на една од египетските пирамиди покажале дека во тие структури се случува нешто необично. Но, за „класиците” другпат.

Прочитај и за ... >>  Урбаниот систем на Германија

Овојпат вниманието ќе го свртиме на истражувањето на пирамидите кои во поранешниот СССР траат веќе подолго од деценија. Извршено е на повеќе од дваесет големи пирамиди изградени на осум различни локации во Русија и Украина-во околината на Москва, Астрахан, Запорожје, Воронеж, Белгород, Краснодар, Башкирија во Узбекистан и на други места, а една е поставена во околината на Ница во Франција. Пирамидите се направени од фиберглас, најголемата од нив е висока 44 метри, тешка 55 тони, а нејзината градба чинела милион долари.

Голод градител на пирамидите

Тие пирамиди уште од 1990. година ги гради научникот Александар Голод, директор на московската фирма Defense Enterprise, за да го истражи влијанието на пирамидалните структури врз биолошките објекти и „неживи” материи. Ги гради оти „верува дека пирамидите на човештвото ќе му донесат добродетел и светот ќе го направи подобро место”.

За бројните истражувања на пирамидите, кои се спроведуваат веќе подолго од десет години, е заслужна Руската нацинонална академија на науките, т.е. нејзини членки како што се Руската академија на медицинските науки, Институтот за теоретска и експериментална биофизика, Научниот истражувачки институт за графит и Украинскиот институт за физика.

Голод објаснува дека „влијанието на пирамидите врз кој било објект, без оглед на тоа дали е збор за минерал, раствор, органска супстанција или живо суштество, создава големи промени во неговата структура”. Тие структури се доведуваат во поголем ред и стануваат пооптимални и хармонични. Со зборовите на Голод, „кога се во резонанција со природата, нивната сила и издржливост се зголемуваат”.

Прочитај и за ... >>  Климатските промени и градскиот живот

Пирамидите и здравјето…

Со руските пирамиди експериментирале различни научни дисциплини-медицината, екологијата, агрокултурата, физиката и др., а истражувањата ги спроведувале врвни руски и украински научници, кои научно ги документирале сите промени до кои доаѓа поради пирамидите. Нивните резултати покажале дека имунолошкиот состав на организмите зајакнал по изложување во пирамида, пораснал бројот на леукоцитите во крвта и се забрзала регенерацијата на ткивото. Показателите на здравјето на новороденчињата на кои им се давани раствори кои се држани во пирамида многу се поправиле, а експериментите на околу пет илјади затвореници во руските затвори покажале дека за неколку месеци нивното однесување значително се поправило. Тоа им се припишува на солта и пиперот во нивната храна кои претходно биле држани во пирамида. Се зголемило дејствувањето на фармацевтските лекови со намалување на нуспојавите и е зголемено преживувањето на станиците на ткивото инфицирани од вируси и бактерии. Се чини дека пирамидите ја намалуваат силата на разни вируси и бактерии. Семе оставено во пирамида од еден до пет дена резултирало со зголемување на приносите од 30 до 100 насто.

…Пирамидите и глувците

Др. Н.Б. Јегорова, од Истражувачкиот институт за вакцини Мехников, со колегите истражувала како изложувањето на пирамидите влијае врз организмите. Еден од експериментите е работен со тифус кој напаѓа глувци, а го предизвикува бакеријата наречена Salmonella typhi-murium. Ескпериментите се вршени врз неколку групи на глувци сместени во пирамида во разни траења и нееднаков број пати. Контролната група ја чинеле глувци сместени во пирамида. По различни временски периоди на изложување на пирамидата, глувците се заразени со спомнатата бактерија и во текот на месец дена е набљудувана стапката на нивното преживување. Заразеноста со Salmonella typhi-murium за глувците е мошне сериозна и се доволни само неколку станици за да се предизвика смрт. По дваесет и пет дена речиси сите контролни животни биле мртви. Во групите изложени на дејствувањето на пирамидата преживеале од 35 до 40 насто глувци. Изненадувањето на истражувачите било големо оти „е тешко да се постигне процент на преживување на глувци од 40 насто ако се заразени со смртоносна доза на Salmonella typhi-murium”.

Прочитај и за ... >>  Состојби на и траги од урбаниот- модерниот живот

-Нема сомнение дека е тоа поврзано со времето што го минале во пирамидата-изјавила Н. Б. Јегорова, особено затоа што не е збор за само една група на глувци, туку за повеќе. Н.Б Јегорова смета дека пирамидата ја зајакнува природната отпорност на организмот, но не знае на кој начин. Одговорот ќе мора да го причекаат повнимателни и подетални истражувања кои тогаш не се спроведени. Нагласила дека на глувците не им се давани никакви хемиски супстанции и лекови, па, исклучувајќи ги така другите фактори, морале да заклучат дека самата пирамида влијаела врз организмите, иако механизмот на нејзиното дејствување не е познат.

Се чини дека воопшто не би било лошо во секој кварт да има една поголема пирамида!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here