Историската аргументација

0
9

Без оглед што историјата зависи од луѓето и времето што ја создаваат, а многу често ја корегираат оние на кои не им одговара, притоа уништувајќи изворни документи за на нивно место да стават други-фалсификувани, таа сепак издржува, преживува и конечно победува.

Премногу се трагите и документите на времето врз кои се потпира таа за да запре нејзиното траење.

Не треба да ѝ се верува на историјата, туку таа треба да се проверува. Не само од историчарите, туку и од сите оние што оставаат нешто, макар сосема мал дел во неа.

Александар Христов (1914-2000) бил универзитетски професор, академик. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1939) и на истиот докторирал на тема „Борбата на македонскиот народ за создавање на своја држава“ (1954).

Христов е еден од основачите на Правниот факултет во Скопје. Станал член на МАНУ во 1979.

Христов има објавено неколку учебници и голем број научни трудови од областите на управното право и македонската национална историја. Предмет нa неговото нaучно интересирaње се глaвно три облaсти нa прaвото:

-во облaстa нa изучувaњето нa феномените нa упрaвувaњето и упрaвните системи и посебно нa упрaвното прaво, aкцентот нa неговото нaучно интересирaње е стaвен врз положбaтa нa рaботниот човек во процесот нa упрaвувaњето и упрaвaтa. Токму тоa уште од сaмиот почеток на научна работа го ориентирa кон системaтско изучувaње нa односите нa упрaвувaњето;

-многубројните трудови нa Проф. Д-р А.Христов од облaстa нa држaвно- прaвнaтa историјa нa мaкедонскиот нaрод претстaвувaaт знaчaен извор зa зaпознaвaње нa историјaтa нa мaкедонскиот нaрод;

-неговите политиколошки истрaжувaњa се нaјтесно поврзaни со двете претходни ориентaции. Од особено знaчење е тоa што своето нaучно интересирaње во овaa облaст го оствaрувa преку емпириски истрaжувaњa.

Развојот на државноправната мисла на нашиве простори, на организирањето на борбата на македонскиот народ за национална самобитност, национална слобода и независност, во предметнава монографија Христов ја разгледува низ четири етапи: од Кресненското востание во 1878. до 1893., преку борбата на Внатрешната македонска револуционерна организација-ВМРО, политичката програма на Внатрешната организација и Илинденското востание, во кое се изразени формите на револуционерното устројство на власта со создавањето на Крушевската република (до 1908.); потоа македонската државна мисла содржана во програмските декларации на левицата на ВМРО (од 1908. до 1912.) и периодот на Народната федеративна партија (до 1919. година).

Овие четири етапи, во кои доминираат барањата за Балканска федерација, а во која Македонија би имала статус на суверена држава со полна рамноправност и еднаквост на народностите кои живеат во неа, со создавање власт де факто и барањата изнесувани пред меѓународната јавност и пред големите сили за да се обезбеди конституирање на Македонија како нова држава на Балканот- сите тие, како и низа други прашања од развојот на државноправната мисла, се обработени и документирани во првиот дел под наслов: „Националноослободителното движење и барање облици за конституирање на Македонија како национална држава“.

Вториот дел- „Идејно-политички определби во борбата за остварување на правото на македонскиот народ на самоопределување и сопствена држава“, го обработува периодот помеѓу двете светски војни; почнувајќи од поделбата на Македонија и правните последици од неа, националноослободителното движење и идејата за југословенска федерација, улогата на Комунистичката интернационала и Балканската комунистичка федерација во концепирањето на македонската држава, програмските определби на ВМРО (Обединета), КПЈ и правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на Македонците во Пиринскиот и Егејскиот дел, па се до теоретските основи на КПЈ во остварувањето на правото на македонскиот народ на самоопределување до Втореата светска војназ; за во посебна единица на крајот да се обработи и историјата на федерализмот во Македонија и македонската државноправна мисла.

Овој кус приказ на делото на Д-р Александар Христов „Создавање на македонската држава“ само ја искажува неговата компетенција и неопходната потреба од прочитување и подетално запознавање. Тоа го потврдува и фактот дека е тоа на еден начин синтетичка елаборација на оваа тема, а која авторот пошироко ја обработи во 4- томниот комплет „Создавање на македонската држава“, објавен во 1986. година.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion