Едно загрижувачко сознание: секое петто постаро лице не се храни доволно, а најчести причини се загубата на партнерот или дури кршење на коски по што губењето на тежина е нормална појава.

Во 2011. година „Дејли Мејл“ објави „експлозивен“ податок: повеќе од 800 штитеници на домовите за пензионери во Велика Британија умреле од дехидрација и неухранетост, односно од глад и жед во текот на 5 години (2005-2009), иако домот неделно го плаќале од 600 до 800 фунти. Тоа била причината за бројните смртни случаи во домовите на пензионери.

Во Англија и Велс годишно околу 20.000 луѓе ги продаваат своите живеалишта (станови, куќи) за да дојдат до средства за сместување во некој од домовите за стари и немоќни лица. Сѐ повеќе луѓе од третото доба остануваат сами, без помош од роднини и пријатели, па домовите им доаѓаат како сламка на спасот.

Сознанието извлечено на почетокот од овој прилог е на германскиот лекар Јирген Мартин Бауер, од универзитетот „Ерланген-Нирнберг“. Тој укажува на честа појава на саркопенија (губење на мускулната маса) кај старите луѓе од причини кои често можат да се отстранат.

Губењето на тежина кај постарите луѓе не е невообичаена појава, но често преминување во состојба на загриженост. Заедно со губењето на мускулната маса, често губи и масно ткиво што е токму причина за недоволна конзумација на храна. Така неухранетите лица често повеќе не се во состојба да се движат.

Освен губењето партнер или кршење на коските, неретка причина за саркопенија е и отежнатото голтање или џвакање. Со нивното отстранување на старите лица може да им се помогне повторно да внесуваат доволно храна во организмот.

Како можно решение се смета и зголемувањето на мускулна маса во фитнес центар, со лекарско следење и доволен внес на храна.

А најчесто прашање поврзано со исхраната на старите луѓе, нивното здравје, нивната живеачка воопшто, но и со опстанокот и продолжението на човековата цивилизација, е како да се постигне долговечност? Во што е нејзината тајна? Како можеме да имаме не само долг живот, туку и да одржиме оптимално здравје низ годините и особено за време на староста?

Од индивидуален и социо-економски аспект, најважно е прилагодувањето на животот на годините и годините на животот. Постојат многу физички психички, социјални промени и промени во средината што не опкружува кои се јавуваат со годините.

Физиолошките се поврзани со внесувањето на храната, со пречките во варењето, со намалениот осет за вкус и мирис и со оштетувањето на менталната функција.

Хроничните болести и оштетувања, како што се артиритисот, хипертензијата и мозочниот удар, срцевите оштетувања, респираторните проблеми, дијабетесот, ракот и остеопоразата, можат да дјествуваат врз квалитетот на животот на постарата популација. Докажано е влијанието на исхраната врз развојот, чувствителноста и последиците од тие болести.

Улогата на исхраната во заштитата на здравјето и квалитетот на живеењето, со квалитетната исхрана во младоста и средните години исто така придонесува за способноста на постарите луѓе да се опорават од болести.

Без оглед дали живеат во сопствен дом, во болница или во домови, неисхранетоста е поврзана со зголемувањето на чувствителноста на инфекции и намалувањето на квалитетот на животот.

Во секое животно доба за нормално да функционира организмот бара подмирување на прехранбени и заштитни материи. Се прифаќа енергетските промени да се намалуваат со годините и апетитот да станува помал, но подобрениот внес на прехранебени материи го подобрува прехранбениот статус, води до подобра отпорност на организмот и може да ја подобри општата состојба на човекот.

Специфичниот недостиг на заштитни материи вклучува витамини Б6, Б12, фолати, витамин Д и калциум. На пример, стареењето е поврзано со намалена делотворност на есенцијални прехранбени материи, како што е намалената способност за синтеза на витаминот Д во кожата и намалената апсорпција на прехранбени материи. Прехранбените антиоксиданси, како витамините Ц и Е, и други супстанции во овошјето и зеленчукот, имаат заштитна улога во намалувањето на ризикот од рак.

Постарите луѓе имаат поголема потреба за внесување на одделни прехранбени материи и нивно сигурно надоместување кај хроничните или акутните болести.

Идна цел на науката и медицијата не е само да се продолжи животот, туку и да се намали времето кое луѓето го минуваат болни и неспособни. Здравото стареење е секогаш тешко за оние кои живеат во сиромаштија, но со квалитетна исхрана, вежбање и избегнување на пушење луѓето можат да го исполнат својот потенцијал и да постигнат оптимално здравје.

Според стручњаците, основните препораки за правилна исхрана на старите луѓе се однесуваат на балансот помеѓу количеството внесена и потрошена храна, на урамнотежената исхрана не само во енергетски поглед, туку и во однос на изворот на витамини и минерали, на разновидната исхрана и на дневниот ритам на оброците. Енергетските потреби на лицата во постаро животно доба се пониски за 20%.

Пирамидата ја прават продукти кои треба да бидат основна исхрана: житарици, леб, компир, тестенини, качамак и други пченкарни производи. Најголем дел од дневниот внес на храна треба да е од нив. Овошјето и зеленчукот, по можност во свежа форма, е на наредното скалило зашто е богато со витамини, минерали, природни антиоксиданси и диететски влакна. Кон врвот на пирамидата се и млекото и млечните производи, продукти кои се значаен извор на калциум и белтоци. За поголем внес на белтоци се препорачува и конзумирање на мешунки, бело месо, јајца и риба. Рибата е одличен извор на биолошки вредните протеини, липосолубилните витамини и минерали. Месото на рибата е со висока нутритивна и биолошка вредности и е лесно сварливо. Препораката на нутриционистите е рибата да биде застапена барем 2 пати неделно во менито.

Се советува во што помала мера да се конзумира црвено месо, зашто освен протеини содржи и заситени масти и холестерол, а е познато дека заситените масти се сметаат за „лоши“ маснотии кои со разградбата во организмот создаваат материи кои имаат атероген потенцијал и претставуваат опасност за развој на кардиоваскуларни заболувања, во најтежок случај инфракт на миокардот и мозочен удар. Во продуктите кои содржат „лоши маснотии“ се и сувомесните производи и маргаринот кои содржат штетни транс масни киселини.

„Добрите“ маснотии се наоѓаат во маслата од растително потекло, на пример оревите, бадемите, лешниците, семенките од тиква, интегралните житарици и месото од риба. Тие содржат прости и сложени незаситени масни киселини.

Јаглените хидрати претставуваат основен извор на енергија и во просек претставуваат 55-60% од дневните енергетски потреби. Пожелно е да се внесуваат продукти кои содржат сложени јаглени хидрати, како што се интегралниот леб и пецивата, како и продукти богати со целулозни влакна, зашто тие бавно се разложуваат во организмот и не доведуваат до нагло зголемување на шеќер во крвта.

Освен внесот на соодветни продукти во одреден однос, потребно е да се води сметка за внес на 2-3 литри течности во вид на вода, негазирана минерална вода, супа, незасладен чај или свежо цедени сокови од овошје или зеленчук. Со внесот на големи количества течности се обновуваат келиите, се подобрува варењето и работата на бубрезите.

Физичката активност треба да ја следи правилната исхрана, а нејзиниот избор треба да се усогласи со здравствената состојба. Се препорачуваат прошетки, возење на велосипед, работа во градина и секаков друг престој во природа.

Старите лица секојдневно треба да имаат во своето мени:

-500-800 мл млеко
-150-200 г. овошје
-70-100 г. јужно овошје
-150-200 г. различен зеленчукот
-50-100 г. месо (мисиркино, пилешко, риба)
-1 јајце секој втор или трет ден
-2-3 парчиња леб или замена за леб
-5-8 чаши чај или вода (минерална).

Се препорачуваат и следните додатоци во исхраната: 500 мг витамин Ц, 200-400 мг витамин Е, 5.000 и.е. Бета каротин, 50 мг селен, 10-60 миг коензим Q10, 400 мг магнезиум, 25 мг цинк, 500 мг калциум и 500 микрограми хром на ден.

Некои побрзо заспиваат ако земат шолја топло млеко. Поради недостиг на заби, старите лица порадо земаат јогурт, кисело млеко, меко готвено овошје, макарони, чорби и супи, мелено месо, пире од овошје, јајце подготвено на разни начини.

Некои продукти можат да предизвикаат разни тегоби во органите за варење, па треба да се избегнуваат. Тоа се масните јадења, зелката, гравот, грашокот, сувомеснатите производи. Умерените количества слатки, кафе или чај ако пречат не треба да конзумираат.

Во продолжение и 10 препораки за правилна исхрана:

  1. 3 главни оброци во приближно исто време, со две ужини помеѓу нив; би било идеално ужината да биде салата од овошје или зеленчук.
  2. Задолжителен појадок и вечера не по 18 часот.
  3. Избегнвуање на продукти богати со животински масти и сувомеснати производи.
  4. Зголемен внес на растителни белтоци, како што се грав и ореви, оние што сождрат и „добри маснотии“.
  5. Намален внес на холестерол (масни видови месо, масни сирења, путер, јајца).
  6. Зголемен внес на сложени јаглени хидрати и диететски влакна (зеленчук, овошје, интегрални житарици)
  7. Да се пие многу течност- вода, чаеви и овошни сокови.
  8. Да се заменат колачите со овошје, мед…
  9. Имајте на ум дека голем број индустриски производи содржат многу сол.
  10. Обидете се да го намалите на најмала можна мера внесот на кафе, алкохол и цигари.