Интересни прашања-куси одговори

0
14

-Што е фаларистика, а што филуменија?
-Популарните традиционални спортови во Јапонија
-Симфониската поема и нејзините најзначајни претставници
-Како изгледала површината на Јадранското море во леденото доба?
-Што се презема во слушај на срцев напад при патување со авион?
-Кое е вистинското име на големиот шпански сликар Ел Греко?
-Шаховските турнири на слепо


Што е фаларистика, а што филуменија?
-Паралелно со постојаниот развој на филателијата и нумизматиката, во последните 5 децении во светот се рашири забава или хоби, дури понекогаш и своевидна страст за собирање на разни значки и беџеви, како и многу други предмети што се дел од секојдневниот живот. Собирањето на значки е наречено фаларистика, според старогрчкиот збор „фаларон“, што значи коњски накит, пошироко накит воопшто.

Собирањето на етикети од кибрити, како и цели кутии од нив, се вика филуменија, а на ова хоби треба уште да му се додадат собирањето на хартиени салфетки, ресторански листи на јадења, накит, скапи автомобили, детски играчки, итн.;

За популарните традиционални спортови во Јапонија
-Помеѓу најпопуларните традиционални спортови во Јапонија спаѓаат: џудото, каратето, кендо (мечување со дрвени мотки) и сумо (борење).

При натпреварите во сумо борење се сретнуваат двајца тешки борачи, често потешки и од стотина килограми, во тркалезен ринг со под од набиена земја. Откако ќе ги извршат ритуалите на поклонување, клечење, тапкање со нозете, перење на устата со вода, и посипување на подот со сол, борачите се фаќаат во костец обидувајќи се со сила едниот да го исфрли другиот од борилиштето или да го фрли на земја. Во Јапонија 6 пати годишно се одржуваат турнири на професионални сумо борачи, а според резултатите на победниците им се доделуваат рангот и платите.

Се разбира, во Јапонија се мошне популарни и други спортови: бејзбол, пинг-понг, ракомет, тенис, пливање, бокс, скијање, итн.;

За симфониската поема и нејзините најзначајни претставници
-Симфониската поема е оркестарско дело слобоодно по форма, со поетска и мисловна програма. Интересно е да се истакне дека најзначајните претставници на овој музички род се композитори кои создале врвни дела во други музички жанри-операта, симфонијата, но и помали музички форми.

Најзначајни композитори на симфониски поеми се: Франц Лист, Сен-Санс, Рихард Штраус;

Како изгледала површината на Јадранското море во леденото доба?
-Таа била помала од денешната, па и устијата на Јадранските притоки се наоѓале подалеку спрема југозапад. Устијата на Цетина и Крка се наоѓале околу 40 километри југозападно од Шибеник, на Зрмања околу 20 километри од Лошињ, на Соча околу 60 километри југозападно од најјужниот ‘рт на Истра.

Во природата е се променливо. Човек обично мисли дека планините се вечни. Меѓутоа, геолозите тврдат и докажуваат дека планините се менуваат низ долгото геолошко време. Во текот на долгите, мошне долги временски периоди, и високите планини бидуваат претворени во ридови, па дури и во рамнини;

Што се презема во слушај на срцев напад при патување со авион?
-Иако случаите на срцев напад и други акутни заболувања во текот на летот со авион се релативно ретки, тие се сепак мошне сериозни и поради тоа воздухопловните компании морале и со ова да се позанимаваат, оти превезуваат милиони патници секоја година. Една студија, спроведена во Сиетл-САД, покажала дека во текот на годината имале околу 20.000 такви случаи. Од нив во околу 10.000 состојбата на болниот била мошне сериозна, така што авионот морал да се спушта на најблискиот аеродром за заболениот што е можно побрзо да се смести во најблиската болница.

Воздухопловните компании во Франција располагаат со комплети лекови и материјали за помош во самиот авион, а кај контролата на летот се наоѓа и екипа на специјалисти. Домаќинките на авионите се обучени да извршат кардиопулмонална реанимација и масажа на срце, односно да укажат прва помош;

Кое е вистинското име на големиот шпански сликар Ел Греко?
-Тој е роден на Крит, кој тогаш бил под млетачка власт, од каде што преку Венеција и Рим стасал во шпанскиот град Толедо, во кој го минал целиот живот. Ел Греко е од грчко потекло и неговото вистинско име било Доменикос Теотоцопулос.

Најраниот учител на големиот сликар најверојатно бил некој критски сликар кој сликал во византиска традиција. Во 1560. година Ел Греко дошол во Венеција кај што се запознал со сликарството на Тицијан, Тинторето и други мајстори. Неколку години подоцна во Рим ги запознал и делата на Рафаел, Микеланџело и маниристите од средна Италија. Во 1576. или 1577. заминал во Шпанија, во градчето Толедо.

Тој никогаш не го заборавил своето грчко потекло и до крајот на животот се потпишувал со прекарот Ел Греко.

Во неговото оригинално и длабоко лично сликарство упадливи се трагите од византиската традиција и италијанската ренесанса;

За шаховските турнири на слепо
-Во историјата на шахот има сосема малку натпреварувања на кои шахистите играле на турнири каде што секоја одиграна партија била играна на слепо-без гледање на таблата.

Како прв таков турнир е забележано натпреварувањето одржано во Прага во 1874-та година. Во Женева, во 1989-та е одигран ист таков турнир со учество на 6-на швајцарски шахисти. Турнирската сцена имала необичен изглед: во секое коло седеле по 3пара на шахисти со врзани очи, меѓу кои се наоѓала шаховската табла без фигури и шаховски часовник.

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion