Индикатор

0
33

Како поим доаѓа од новолатинскиот збор indicare, а значи да се покажува.

Најнапред, тоа е општ назив за различни направи, инструменти и апарати кои покажуваат или регистрираат податоци за моментна состојба, за текот на некоја појава, за работата на некоја машина или за движењето на нејзините делови и слично.

Така, идникаторот на брзината ја покажува или регистрира брзината на возилото (на пример на локомотива, брод, авион, автомобил). Во радио-приемникот магичното око служи како индикатор за вредноста на угодувањето; сказалката на вагата е индикатор на рамнотежа; лакмус-хартијата е индикатор на киселоста (pH вредност) на растворот; неонската сијаличка на бојлерот служи како индикатор на топлинската состојба.

Најчесто под индикатор  се подразбира Wat-овиот индикатор, кој ја бележи промената на притисокот  во цилиндерот на клипните постројки во зависност од патот на клипот.

Кај спороодните постројки обично се употребува уред  кој во принцип се состои од мал цилиндер, во кој може да се движи вертикален клип. На долниот крај од тој клип е прицврстен мал, врз кој дејствува федер, а горниот крај е врзан за лостен механизам. Овој пропорционално ги зголемува поместувањата на клипот и ги регистрира со помош на молив на хартиена лента, намотана на ротирачки валјак. Индикаторот е прицврстен на цилиндерот на постројката. Лента го пренесува движењето на клипот на постројката на валјакот. При мерењето моливот  се притиска на ротирачкиот валјак и притоа  опишува крива  која се нарекува индикаторски дијаграм.

Кај брзоодните машини се применуваат следните индикатори:

-со мембрана и со оптички или графички уред за регистрирање;
-електричен со осцилографско регистрирање;
-стробоскопски и со механичка или електромагнетна регистрација.

Индикаторскиот дијаграм ја покажува промената на притисокот на пареата, односно плинот во цилиндерот на машината, во зависност од положбата на клипот, односно клипот во цилиндерот. Површината на дијаграмот е пропорционална на механичката работа која медиумот ја извршил за време на еден работен циклус. Со мерење на површината на индикаторскиот дијаграм (планиметрирање) се пресметува работата на еден циклус, односно, со познат број на циклуси во единица време, индицираната сила на машината, т.е. силата која работниот медиум им ја предава на клиповите. Поради внатрешни загуби во машините (на пример триењето, вентилацијата, погонот на разводните уреди), ефективната сила на машината е секогаш помала од индицираната сила.

Во хемијата, индикаторот е реагенција  која (обично со промена на бојата) ја открива присутноста на определени материи. На пример, како индикатор за вода (влага) се употребува кобалт (II)-хлорид, кој во сува состојба е модар, а во влажна розов (оти преоѓа во хидрат).

Во волуметриската анализа индикаторот, со промената на бојата, покажува кога на течност од непознат состав и е додадено токму еквивалентно количество на реагенс на позната концентрација. Најпознати волуметриски индикатори се метил-оранж, метил-црвенило и фенолфталеин (во ацидиметријата и алкалиметријата) , како и раствор на скроб (во јодометријата). Индикаторите што ја менуваат бојата  со концентрација на јони од водород служат  и за одредување на таа концентрација. Се применуваат во форма на раствор или како импрегнирани хартии (на пример лакмус).

Радиоактивни индикатори се нарекуваат радиоактивните изотопи на обични елементи со кои овие во еден дел се заменуваат во споевите за, со чувствителни електронски методи, да може да се следи движењето на тие елементи.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion