Подмолна и опасна болест: рак

Нови сознанија и откритија поврзани со ракот- борбата за конечен пораз на болеста на 20- тиот, а веројатно и на целиот 21-ви век.

Постојано се објавуваат вести и информации за лекови на одделни типови на ракот, а човештвото е во постојана, па и поттикнувана надеж дека „наскоро“ ќе биде пронајден „општ“ лек- значи еден на сите видови.

Сепак, се чини дека, како и за сите други, и за оваа болест е најдобра превенцијата.

Најнови сознанија и откритија:

Атлас на генетски мутации на причинителите на ракот

Американскиот Национален институт за здравство објави дека почнал пилот проект за дешифрирање и попишување на сите генетски аномалии кои влијаат на појава на разни облици на рак. Тригодишниот проект вреден 100 милиони долари во иднина може да резултира со појава на нови терапии против рак и ефикасни дијагностички методи.Истражувачите ќе земаат примероци од ДНК од канцерогени клетки од тумори при биопсија или хируршки интервенции.

Витаминот Д двојно ја намалува опасноста од рак на дебелото црево

Консумирањето на одредени количини на витамин Д може двојно да ја намали опасноста од рак на дебелото црево, се вели во студијата на американскиот истражувачки центар "Мурс" при Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Диего.

Според резултатите од истражувањето, консумирањето на 1.000 меѓународни единици (25 микрограми) витамин Д дневно за 50% ја намалува опасноста од рак на дебелото црево.

Истражувањето на „Мурс“ претставува анализа на резултатите на 18 други истражувања објавени помеѓу 1996-та и 2004-та година.

Научниците истакнале дека витаминот Д, кој се раствора во маснотиите, се синтетизира преку еден дериват на холестеролот под влијание на ултравиолетовите зраци, како и тоа дека тој витамин има улога во апсорпцијата на калциумот и фосфорот во цревата, како и во нивната реапсорпција во бубрезите.

Алкохолот предизвикува некои видови на рак

Меѓународни експерти дошле до заклучок дека 3,6% од сите случаи на рак во светот и 3,5% смртност од болеста се поврзани со консумирање на алкохол.

-Утврдена е причинско-последичната врска помеѓу пиењето на алкохол и ракот на усната шуплина, ждрелото, гркланот, градите, црниот дроб, дебелото црево и ректумот, но може да се јави и кај другите видови на рак, изјави д-р Раоло Бофета од Меѓународната агенција за испитување на ракот со седиште во Лион.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во 2002-ра година од рак кој бил предизвикан од пиење на алкохол во светот боледувале 389.100 луѓе, а починале 232.900.

Сепак, експертите од агенцијата признаваат дека постојат цврсти докази оти умереното консумирање на алкохол го намалува ризикот од срцеви болести, мозочен удар и камен во жолчката.

 

Повеќе за ракот и начините за лекување и превенција, на македонскиот портал за ракот rak.mk

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Хенрик Јохан Ибзен

Духот на вистината и слободата - ете, тоа се столбовите на општеството.

Виц блиц

На нудистичка плажа

Буле со родителите првпат е на нудистичка плажа. По 30 минути играње в песок доаѓа кај татко му и го прашува: -Тато, зошто некои чичковци ја имаат онаа работа поголема, а...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

« September 2017 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  

Спортсмен

Пробајте ја нашата нова страна. Влатко М.

Најава или Регистрирај се