3 до 5 порции дневно овошје и зеленчук ќе го намалат тој ризик за 11%. Добар рецепт против мозочен удар е една банана за појадок, јаболко после ручек и брокула за вечера. 3 до 5 порции дневно овошје и зеленчук ќе го намалат тој ризик за 11%. Добар рецепт против мозочен удар е една банана за појадок, јаболко после ручек и брокула за вечера.

Дебелината и ракот (2)

Во овој втор дел од прилогот посветен на дебелината внимание посветуваме на нејзината (не)поврзаност со ракот и на здравата исхрана со која може да се спречи неговото појавување, но и ефикасно да се дејствува врз него.

Во борбата поротив болестите на денешницата со правилна исхрана го вклучивме и ефикасното дејство против мозочен удар.  

-Американските научници не успеале да соберат докази за постоење на поврзаност помеѓу консумирањето на масна храна и појавата на рак.

Американската Влада вложила 415 милиони долари (347,3 милиони евра) во едно од досега најголемите истражувања кои се однесуваат на исхраната, за време на кои 8 години е следен начинот на исхрана на 48.835 жени во менопауза.

Истражувачите од Американското лекарско здружение внимателно ја следеле нивната исхрана, пред се количината на внесени маснотии во организмот, со цел да докажат дека претераното консумирање на маснотии ја зголемува опасноста од појава на рак и инфаркт, но во тоа не успеале, објави францускиот весник "Монд";

-Зелката, брокулите, лукот, празот, куркумот (вид ѓумбир), зелениот чај, зрнестото овошје агрумите, доматите и црното чоколадо, можат да имаат благотворно дејство во спречувањето на појавата на ракот, заклучиле доктор Ричард Беливо и група негови соработници од американската болница "Сент-Џастин". Тие во лабораторија за молекуларна медицина се обиделе да ги идентификуваат антиканцерогените молекули кои се наоѓаат во некои прехранбени производи.

Иако присутни во мали дози, тие молекули најверојатно имаат исто дејство како и фармаколошките супстанции кои се наоѓаат во лековите. Тие наведуваат дека правилната исхрана претставува секојдневно примање на "антиканцерогена хемотерапија", која ги спречува бенигните микротумори, кои многумина од нас ги носат во себе, да се развијат во клинички тумори; 

-Жените кои во возрасниот период добиваат на тежина, доживотно се изложени на зголемен ризик од заболувања од сите видови рак на дојка, покажале резултатите од една нова американска студија.

На примерок од 44.000 жени, истражувачите од Американското здружение за рак утврдиле дека што повеќе жената се здебелува, толку повеќе се изложува на поголем ризик од сите типови на рак на дојка. Жените кои имаат повеќе од 27 килограми од нивната вообичаена тежина се изложени на речиси двојно поголем ризик да заболат од таканаречен диктален тип на рак на дојка и еден ипол пати поголем ризик да заболат од рак на дојка од лобуларен тип, споредено со жените кои имаат 10 или помалку вишок на килограми. Кај жените кои се здебелиле за повеќе од 27 килограми има 3 пати поголем ризик ракот на дојката да метастазира, од оние кои се здебелиле до 10 килограми.

Познато е дека масното ткиво произведува естроген, а ризикот од рак на дојка е поврзан со зголеменото ниво на естроген.

Секоја година во САД се дијагностицираат повеќе од 200.000 нови случаи на рак на дојка и околку 40.000 смртни случаи од таа болест, покажуваат податоците на Американското здружение за рак.

Во светот од рак на градите годишно заболуваат над 1,2 милиони жени и мажи;

-Епидемиологот Дороти Рибазик Патхак тврди дека салатата од зелка го намалува ризикот од рак на дојката. За време на студиите на Државниот факултет во Мичиген таа ги испитувала имигрантките од Полска, кои имаат 70% помали шанси да заболат од рак на дојка во споредба со Американките поради тоа што неделно јадат повеќе од 3 салати од зелка.

Патхак тврди дека метаболизираните состојки на зелката дејствуваат антиканцерогено. Таа нагласува дека жените треба да консумираат зелка на млади години, но оти и јадењето на овој зеленчук во зрелите години во значителна мера го намалува ризикот од рак на дојката; 

-Речиси 40.000 мозочни удари секоја година во Велика Британија можат да се спречат на многу едноставен начин - со промена на начинот на исхрана, односно со зголемување на количината на внесувањето овошје и зеленчук.

Секоја година во Велика Британија се регистрираат 150.000 лица со мозочни удари. Од нив, 67.000 лица умираат, а сличен број продолжуваат да живеат со тешки оштетувања. Состојбата може да биде подобра ако Британците јадат повеќе овошје и зеленчук. Доколку оние кои моментно јадат помалку од 3 порции дневно овошје и зеленчук, го зголемат внесувањето на повеќе од 5 порции, нивниот ризик за мозочен удар ќе се намали за 26%.

3 до 5 порции дневно овошје и зеленчук ќе го намалат тој ризик за 11%. Добар рецепт против мозочен удар е една банана за појадок, јаболко после ручек и брокула за вечера.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Станислав Јержи Лец

Од огнот настанува и дело и пепел.

Виц блиц

Писмо на плавуша

Му пишува плавуша писмо на својот син: „Мил синко мајчин, Ти го пишувам писмово за да знаеш дека ти пишувам. Ако го добиеш, значи стасало. Ако не, јави ми за повторно да...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

« January 2018 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        

Спортсмен

Најава или Регистрирај се