Исхраната, дебелината и здравјето (1)

Многу нешта се осознаени за нездравата исхрана и влијанијето врз дебелината на луѓето, за некои болести што таа ги предизвикува или ги следи, за начините на борба против дебелината итн. Она што сега може да се „собере“ на оваа тема (од стручни медицински списанија и книги, Интернет, дневен и неделен печат) би зафатило десетици страници, а во рамките на нашиов сајт повеќе продолженија. Ова што следува е само прво од повеќето што ќе следат во наредниот период: 

-Кога станува збор за зголемување на телесната маса, нивото на физичка активност има поголемо влијание од модификацијата на внесувањето на калории, утврдиле американските истражувачи.

Истражувањето спроведено врз мајмуни покажало дека нема значајна поврзаност помеѓу количината на консумирана храна и зголемувањето на телесната маса на животните.

Утврдено е дека мајмуните кои биле физички најактивни најмалку добивале на телесна маса, иако внесувале храна со високо ниво на маснотии.

Научниците истакнале дека станува збор за истражување кое има импликации на 60% од Американците кои имаат голема телесна маса или се дебели.

Студијата траела 9 месеци; 

-Слушањето на музика при пешачење или трчање придонесува  двојно повеќе  да се намали вишокот на килограми и масното ткиво отколку ако се вежба во тишина и притоа се слуша сопственото длабоко дишење.

Слушањето на музика го поттикнува губењето на килограмите, се наведува во пораката од новата студија спроведена во Њу Џерси.

Во текот на 6 месеци истражувачите барале од волонтерите на диета да пешачат барем 3 пати неделно. Волонтерите пешачеле слушајќи музика по сопствен избор, додека други не слушале музика.

Оние кои не слушале музика додека пешачеле, во просек изгубиле 3,6 килограми и 2% телесни маснотии, додека волонтерите кои пешачеле и во исто време слушале музика изгубиле нешто повеќе од 7 килограми и 4% телесни маснотии.

Вежбањето со омилена музика може да го мотивира движењето, објаснува авторот на студијата Кристофер Капуано; 

-Интензивната физичка активност е поефикасна од активноста со понизок интензитет во напорите за зачувување на виткоста и здравјето на кардиоваскуларниот систем на децата, се вели во заклучокот од студијата спроведена на шведскиот Институт Каролинска.

Дебелината и лошата кардиоваскуларна кондиција се големи проблеми кај децата ширум светот, а физичката активност е докажан лек за двата проблема, смета доктор Михаел Сјестрон, кој го предводел истражувањето.

За да истражат колку интензитетот на физичката активност влијае на дебелината и состојбата на кардиоваскуларниот систем на децата, шведските експерти во текот на четири дена со направата наречена акцелерометар ја мереле активноста на 780 деца на возраст од 9 и 10 години.

Утврдено е дека децата кои секој ден имале физичка активност повеќе од 40 минути, имале помалку телесни маснотии и подобра кардиоваскуларна кондиција од оние кои интензивно физички трошеле само 10 до 18 минути дневно.

Шведските експерти признаваат дека интензивната физичка активност можеби е тешка задача за дебелите деца и на оние со вишок килограми. Затоа препорачуваат таквите деца на почетокот да имаат умерена активност. Со текот на времето  децата постепено треба да ја зголемуваат активноста, како и нејзиниот интензитет и траењето;

-Швајцарската фармацевтска групација Рош Холдинг на Меѓународната конференција за дебелина во Сиднеј објави дека нејзиниот лек за слабеење ксеникал може да безбеден начин да им помогне на адолесцентите да ослабат.

Со споредување на резултатите на дебели деца на возраст од 12 до 16 години, кои во текот на една година употребувале ксеникал, и нивните врсници кои добивале плацебо, е утврдено дека оние во првата група изгубиле значително повеќе килограми. Притоа е констатирано дека најмногу ослабеле и значително ја намалиле својата телесна маса адолесцентите кои најрано почнале да реагираат на третманот со ксеникал, што не зависело од нивната возраст, ниту од полот, ниту од етничката припадност.

Дебелината е најчест проблем кој се однесува на исхраната на децата и адолесецентите во развиените земји и е поврзан со зголемениот ризик од здравствени проблеми, како што се висока содржина на маснотии во крвта и дијабетес тип 2. Претставници на Рош Холндинг тврдат дека ефикасноста и безбедноста на ксеникал е докажана со многу клинички испитувања во кои биле вклучени над 30.000 пациенти.

Лекот дејствува на тој начин што спречува еден дел од маснотиите од храната да се свари и апсорбира во организмот; 

-Девојчињата кои се дебели во раниот пубертет се изложени на зголемен ризик од хиперандрогенемија, состојба во која се регистрира ненормално високо ниво на стероидни хормони, како што се тестостерон и андростерон, утврдиле американските научници. Тие хормони се одговорни за развој на некои машки карактеристики, но што е уште посериозно, и за синдромот на полицистични јајници, состојба што се одликува со неплодност, дебелина и неуреден менструален циклус, соопштија експерти од Универзитетот во Вирџинија.

Истражувачите го проучиле односот на тежината, хормонската слика и фазата на пубертет на 76 девојчиња на возраст од 7 до 17 години, од кои 41 биле дебели. Кај дебелите девојчиња е констатиран 2,1 пат повисоко вкупно ниво на тестостерон и 3 пати повисоко ниво на слободен тестостерон, додека нивото на глобулин било за 50% пониско.

Експертите сметаат дека докторите, како и родителите на дебелите девојчиња треба да бидат свесни за тие закани и оти тоа треба да биде дополнителен поттик да се намали или барем одржува на исто ниво тежината на женските деца во адолесценцијата; 

-Вежбањето и одржувањето на нормалната телесна тежина се важни превентивни мерки што на жените можат да им помогнат да ги избегнат болестите на срцето, утврдиле американските научници.

Со нивната студија спроведена на Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард во Бостон, биле опфатени 90.000 жени. На нив редовно им бил регистриран индекс на телесна маса и се испитувани за тоа дали се занимаваат со спортски активности, како што се возење на велосипед, пливање, пешачење.

Жените, чиј индекс на телесна маса изнесувал меѓу 18,5 и 24,9 имале најмал ризик од заболувања на срцето, особено доколку неделно поминувале повеќе од 3 ипол часови вежбајќи.

Од друга страна, жените со голема телесна тежина, кои не биле физички активни, имале најголем ризик од болести на срцето; 

-Мажите кои пред 20 години имале вишок на килограми се помалку наклонети кон самоубиство, отколку нивните витки врсници, покажале резултатите од едно истражувањето спроведено во Шведска. Истражувањето е спроведено во текот на 30 години на примерок од 1,3 милиони регрути на возраст од 18 и 19 години.

„Некои причини ги наведуваат луѓето на самоубиство, но фактот дека мажите со вишок на килограми се помалку наклонети на тој чин, ја потврдува хипотезата дека постојат и некои биолошки причини“, истакна Фин Расмусен, истражувач од Институтот Каролинска.

Истражувачите утврдиле дека опасноста од самоубиство го намалува зголемувањето на индексот на телесна маса (однос помеѓу тежината и телесната градба).

Дебелината предизвикува медицински проблеми, како што се висок крвен притисок, дијабетис, артериосклероза, но во нив не спаѓа и депресијата, барем кога се во прашање мажите.

Во истражувањето биле користени податоци за медицинските прегледи кои од 1968-ма до 1999-та година им биле извршени на 1,3 милиони регрути, од кои нешто повеќе од 3.000 извршиле самоубиство; 

-Недоволното користење на риба, овошје и зеленчук во исхраната е лошо по здравјето на луѓето исто како и пушењето, тврдат експертите од Холандскиот национален институт за здравје и природна средина (РИВМ). Тие исто така напомнуваат дека лошата исхрана засега претставува главна причина за сериозни заболувања и смртни случаи во Холандија.

Од истражувањата што ги спроведоа експертите од РИВМ како резултат од нездрава исхрана, Холандија 40 години го намалува очекуваниот животен век за 1,2 години во однос од просекот, а пак дебелеењето го намалува животниот век за 0,8 години. Холандските научници тврдат дека за  25% ќе се избегнат  сериозно потешки заболувања и смртни случаи доколку сите повозрасни Холанѓани ослабат за 3 килограми.

Треба да се настојува да се намалува употребата на трансмасните киселини, а да се јаде повеќе риба, овошје и зеленчук, се наведува во соопштенито од РИВМ.

Заситените и трансмасните киселини ги има во животинските масла, тропските масла, како кокосовото, маслото од палма, како и други растителни масла кои се рафинирани. Овие масла го зголемуваат холесторолот во крвта и го зголемуваат ризикот за срцеви болести.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Овидиј

Коњ кој долго време стоел, нема добро да трча.

Виц блиц

Тешко му е да гледа

Трпе оптегнат на троседот и се обраќа на Трпејца: -Трпејце мила, тешко ми е да те гледам како само работиш и се мачиш. Те молам, затвори ја вратата од кујната! 

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

« January 2018 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        

Спортсмен

Најава или Регистрирај се