Епидемиолозите велат дека постојат значајни разлики помеѓу случаите пријавени во текот на пандемијата и оние кои се регистрираат во текот на сезонската инфлуенца. Епидемиолозите велат дека постојат значајни разлики помеѓу случаите пријавени во текот на пандемијата и оние кои се регистрираат во текот на сезонската инфлуенца.

Актуелно: H1N1 (свински грип) и сезонскиот грип

Пандемијата на свинскиот грип од час во час добива се подраматични размери и мора да се преземаат неопходни заштитни мерки, пред се на личен план. Првиот чекор е секако неговото познавање - препознавање, особено разликувањето од обичниот - сезонскиот грип (симптоми).

Бидејќи и тој веќе настапи, збор - два и за него, особено опасноста за здравјето воопшто, а пред се оти се смета дека е поопасен.

Патем и за најстариот и најефикасен антибиотик - лукот.

Разлики помеѓу H1N1 и обичен грип

- Епидемиолозите велат дека постојат значајни разлики помеѓу случаите пријавени во текот на пандемијата и оние кои се регистрираат во текот на сезонската инфлуенца. Тоа значи дека со пандемијата се зафатени претежно помлади, кај кои главно се опишуваат случаи на тешка или фатална болест.

До денес, најголем број на случаи и смртни исходи се регистрираат кај возрасни под 50 години, во однос на ретки со смртен исход кај постари.

Кај сезонскиот грип околу 90% тешки и фатални случаи се случуваат кај луѓе од 65 години или постари.

Клиничарите ширум светот пријавуваат мошне тешки форми на болеста кај млади и здрави лица, што ретко се јавува во текот на сезонската инфекција со инфлуенца. Кај тие пациенти вирусот директно ги инфицира белите дробови, предизвикувајќи тешки респираторни пореметувања, велат стручњаците.

Зголемениот ризик во текот на бременоста е конзистентно добро документиран од различни земји, а значењето на ризикот е втемелено и во фактот дека се се почесто заразени млади луѓе.

Исто така и респираторните болести, посебно астмата, кардиоваскуларните, дијабетесот и имуносупресијата, се состојби кои го зголемуваат ризикот од тешката и фатална болес, а Светската здравствена организација проценува дека ширум светот живеат повеќе од 230 милиони луѓе со астма и повеќе од 220 милиони со дијабетес.

Неколку студии во светот укажале на висок ризик за хоспиталзиација и смртни исходи помеѓу маргинализирани популации кои живеат во лоши социо- економски услови, а кој е и до 5 пати поголем во однос на општата популација, зашто е условен и од лошиот животен стандард и од здравствената состојба на овие лица.

Стручњаците укажуваат дека сезонскиот грип е респираторна заразна болест предизвикана од хуманиот вирус на инфлуенца (А и Б) и се јавува во епидемии, а заразноста е најголема веднаш по настанувањето на симптомите и најчесто трае 5 дена, кај децата до 7 дена.

Симптоми на сезонскиот грип се зголемена температура - над 38 степени, болки во мускулите, кашлица, нос кој тече или е затнат.

Грипот најефикасно се шири од лице на лице со директен контакт- преку капки при кашлање и кивање на заразеното лице, а се пренесува и индиректно, преку раце или кога капки од секрет на нос и грло ќе се најдат на предмети кои ги користиме секојдневно.

Наглото ширење на грипот во текот на есента и зимата претставува сезонска епидемија на грип и се смета дека поради високата заразност, од 5% до1 5% од светската поплуација ќе заболи од грип.

За разлика од сезонскиот, во текот на пандемијата заразноста, бројот на заболени и смртноста се многу поголеми.

Мерките на заштита од грип опфаќаат редовно миење на рацете со течна вода и сапун, покривање на устата и носот со шамиче при кивање и кашлање, употребеното шамиче треба веднаш да се фрли во канта за отпадоци, доколку немате шамиче покријте ги носот и устата со надлактицата, а ако кивнете во дланка веднаш измијте ги рацете, избегнување на ракување, прегрнување и бакнување ако кивате и кашлате, останување дома кога лицето е болно и задолжителна консултација со лекар по општа практика.

Свинскиот грип во САД како обичен

- Свинскиот грип е раширен во 46 од 50 американски сојузни држави, што е во октомври мошне невообичаена појава за грипозни заболувања, истакнуваат стручњаци од САД.

Врвот на сезонскиот грип обично настапува помеѓу крајот на ноември и почетокот на март. Освен тоа, свинскиот грип најмногу ги погаѓа децата и помладите возрасни лица, додека од сезонски грип обично најмногу заболуваат постари од 65 години, истакнува Д-р Томас Фриден, директор на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC)-пренесе агенцијата Ројтерс.

Стручњаците предвидуваат дека, за разлика од сезонскиот, свинскиот грип ќе напаѓа во бранови, а Д-р Фриден нагласува дека не може да се знае ниту од кој обем ќе бидат тие бранови, ниту колку долго ќе траат, ниту кога ќе наиде следниот.

Американски стручњаци проценуваат дека само во САД вирусот H1N1 досега го преболеле „многу милиони луѓе". Д-р Фриден напомнува дека досега светските фармацевтски фирми произвеле 16,1 милиони дози на вакцини против свински грип. Владата на САД порано сметаше дека до крајот на октомври ќе има на располагање 40 милиони дози на вакцини, но во меѓувреме таа прогноза ја намали за 25% до 30%- на 28 до 30 милиони дози.

„Производството на вакцини е многу понепредвивливо отколку што тоа би го сакале ние. Не сме ни близу на она што мислевме дека досега ќе бидеме", признава директорот на CDC;

Сезонскиот грип поопасен?

- Иако повеќе ги погаѓа децата и бара посложена логистика, актуелниот вирус А (H1N1) предизвикува помалку смртни случаи од вирусот на сезонскиот грип, е констатирано во Европскиот центар за превенција и контрола на заболувања (ECDC), со седиште во Стокхолм.

Бројот на смртни случаи предизвикани од грипот H1N1 изнесува помеѓу 0,2 и 0,3 на 1.000 пациенти, што, како што наведе еден од раководителите на ECDC, Дени Колумбие, е помалку отколку кај класичниот грип кој усмртува нешто повеќе од 1 пациент на 1.000.

Колумбие истакна и дека грипот годишно усмртува повеќе илјади луѓе, но оваа година стана пандемиски, а луѓето сфаќаат дека може да биде фатален.

Актуелниот вирус претставува варијанта на вирусот на шпански грип од 1918. година, па лицата кои евентуално го прележале би можеле да имаат имунитет;

Сериозно предупредување: грипот може да предизвика срцев удар!

- Тој може да придонесе за појава на срцев удар и да ја зголеми смртноста од таа болест за 35% до 50% во сеозната кога е вирусот активен, соопштија британски научници.

Иако вакцината против грип може да спречи најтешки компликации кај срцевите болни, секоја година ја примаат помалку од половина британски пациенти кои се најподложни на инфаркт на миокардот.

„Сметаме дека би требало да се поттикнува вакцинирањето против грип, особено на лица со кардиоваскуларни заболувања", укажуваат Шарлота Ворен- Гаш, од Универзитетскиот колеџ во Лондон, и нејзини колеги во напис објавен во медицинското списание „Лансет инфективни болести".

„Потребни се натамошни докази за ефикасноста на вакцината против грип во намалувањето на ризикот од кардиолошки пречки кај луѓе без утврдени васкуларни заболувања", е наведено во написот.

Британските лекари истражиле 39 студии, спроведени во периодот помеѓу 1992. и 2008. година, за можната поврзаност на грипот и смртноста од срцеви заболувања. Сите тие, што го покривале севкупното население, покажале пораст на смртните случаи поради срцеви болести или срцев удар во текот на сезоната на вирусот на грипот. 4 од 8 студии покажале дека лицата кои се вакцинирани против сезонскиот грип имале помали изгледи да добијат срцев удар.

Меѓутоа, во Британија вакцина против грип минатата година примиле само 47% од лицата со хронични срцеви заболувања, астма, дијабетес или други болести, за кои се смета дека би требало да бидат задолжително вакцинирани.

Сега земјите во светот се подготвуваат да вакцинираат стотици милиони луѓе против пандемискиот вирус на новиот грипH1N1, а лицата со хронични срцеви заболувања се наоѓаат на врвот на листата на оние кои би требало да ја примат, истакнуваат научниците;

Лукот - најстар антибиотик

- Науката тврди дека лукот е најлековито растение. Во народот се употребува како лек за се. Тој е едногодишно растение, достапно за исхрана во текот на целата година. Му се припишувани и магиски особини во борбата против уроци, вештерки, лоши маѓии и вампири.

Докажано е дека има околу 200 активни материи. Богат е со етерични масла, витамини (А, Б1, Б2 и Ц), минерали (калиум, железо, сулфур, јод, калциум, фосфор и селен), содржи аминокиселини, ензими, полиози како инсулин, аденозин и алицин. Сите тие супстанци се лековити веќе во мала концентрација. Во исхраната се користи суров, готвен, како додаток на јадења, но и како средство за чување на храна од расипување. Лукот има дезинфекционо, антибактериско и фунгицидно дејство, така што неговото дејствување се споредува со најдобрите антибиотици. Но заедно со високи дози на витамин Е, хепарин, аспирин и трентал може да предизвика несакани дејства, па тогаш треба да се консултира лекар.

Во народната медицина се користи за лечење на: органите за дишење, заболувања на срцето и крвните садови (артериосклероза), нервни болести, главоболка, несвестица, болести на органите за варење, цревни паразити, кожни болести...

Во научната медицина употребата главно се поклопува со народната. Влегува во составот на препарати за јакнење на организмот, како стимуланс на нервниот систем, против висок крвен притисок, артериосклероза, како ефикасно атисептично превентивно средство против разни заразни болести, хроничен бронхитис, кашлица, во форма на кашичка за лечење на чиреви и убоди, против првут, опаѓање на косата...

Некои најнови тврдења на научниците

  • На универзитетот во Осака (Јапонија) е утврдено дека лукот го забавува растењето на ќелиите на ракот во дебелото црево;
  • Една студија на универзитетот во Јундаи (Индија) потврдила дека лукот по инфаркт или операција на срце ги ублажува последиците и ја забрзува регенерацијата;
  • Научниците на шангајскиот Институт за рак (Кина) докажале дека мажите кои секој ден јадат по две чешниња лук го намалуваат ризикот од заболување на простата до 50%;
  • Според студијата спроведена на Институтот за срце и крвоток во Мајнц (Германија), лица кои со години јадат лук изгледаат во староста 7 до 10 години помлади и имаат поеластични крвни садови.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Ристо Трифковиќ

Просечноста е секогаш агресивна.

Виц блиц

Заедничко

-Што им е заедничко на полицаец и пес? -И едниот и другиот те гледаат како да те разбираат. 

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

« January 2018 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        

Спортсмен

Најава или Регистрирај се