Ева и Бог Еден ден во Рајската градина

Ева го довикува Бога:

-Боже, имам проблем!
-Во што е проблемот, Ева?- и се јавува Бог.
-Боже, знам дека Ти ме создаде и ми ги даде оваа прекрасна градина, овие прекрасни животни и оваа страшно смешна змија, но едноставно не сум среќна.
-Зошто, Ева?-доаѓа прашање одозгора. 
-Боже, осамена сум.
-Ева, имам решение за тоа. Ќе создадам маж за тебе!
-Што е тоа маж, Боже?

-Овој човек ќе биде погрешно суштество, со многу лоши карактеристики. Тој ќе лаже, ќе мами и ќе биде горделив...Се на се, ќе ти го отежнува животот, но ќе биде поголем, побрз и ќе сака да гони и убива. Тој ќе изгледа многу глупаво, но ќе го направам така што ќе ги задоволи твоите физички потреби. Нема да биде премногу паметен, па ќе му бидат потребни твоите совети.

-Звучи одлично,- вели Ева со ироничен поглед.

-Можеш да го имаш под еден услов,-вели Бог.
-Кој? -Како што реков, ќе биде горделив и самоуверен, па треба да му допуштиш да верува дека тој е создаден прв. Но да запомниш, тоа е наша тајна.

И Бог го создаде мажот.

Ева не ја оддаде тајната и кога змијата ја наговори да изеде од забранетото овошје, да му даде да изеде и Адам, па ни кога Бог ги протера од Рајската градина.

Повеќе во оваа категорија: « Жена, свештеник и апарат за депилација

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Луциј Анеј Сенека

Треба да се прави она што е пристојно, а не она што е допуштено.

Виц блиц

Ева и Бог Еден ден во Рајската градина

Ева го довикува Бога: -Боже, имам проблем! -Во што е проблемот, Ева?- и се јавува Бог. -Боже, знам дека Ти ме создаде и ми ги даде оваа прекрасна градина, овие прекрасни...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се