Басна со модерно наравоучение

Слушнале животните во шумата дека еден мечок има листа за убивање. Сите се исплашиле, па најпосле викнал еленот дека тоа веќе не може да го поднесува и оти оди да го праша дали е точно.

-Мечоку, мил и драг другар наш, слушнав дека имаш листа за убивање.

-Имам.

-Дали сум јас на таа листа?

-Си.

Утредента еленот го нашле мртов. Втор се охрабрил волкот и отишол кај мечокот.

-Мечоку наш мил и драг, слушнав дека имаш листа за убивање.

-Имам.

-Дали сум јас на таа листа?

-Си.

Утредента и волкот го нашле мртов. Следниот ден отишол зајко:

-Еј мечоку, неранимајко наш, дали сум јас на таа твоја листа?

-Си зајко.

-А дали би можел да ме избришеш од неа?

-Може, нема проблем! 

Наравоучение:

Комуникацијата е клуч на успехот.

Повеќе во оваа категорија: « Промашување Проблем на убава жена »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Станислав Јержи Лец

Од огнот настанува и дело и пепел.

Виц блиц

Жена, свештеник и апарат за депилација

Една жена седи во авион покрај поп: -Попе, можам ли да Ве замолам за услуга? -Радо, ако бидам во можност, ќерко моја. -Знаете, одамна имам купено еден многу скап и посебно...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се