Најглупави на светот

Буле му вели на еден полицаец:

-Чичко, чичко, јас можам да докажам дека вие, полицајците, сте најглупавите луѓе на светот.

-Ма бегај, детиште низаедно, немој да те казнам за навреда!

-Ама, навистина тоа можам да го докажам.

-Ај докажи!

-Колку кифли си изел утрово на празен стомак?

-Кај ти текна тоа...н знам...не паметам...веројатно три- четири.

-Ете, гледаш дека си глупав? Си изел само една на празен стомак, а останатите дошле на таа прва кифла.

-Види вистина, мајката!- се замислува полицаецот и оди кај шефот да му се пожали.

-Шефе, ние полицајците сме навистина најглупави луѓе на светот.

-Внимавај што зборуваш, јас знам за себе, ама за тебе...

-Но шефе, можам да докажам.

-Ај докажи!

-Шефе, колку кифли си изел утрово на празен стомак?

-Па...ова...пет- шест...не знам...

-Тууу, да речеше три- четири сега ќе те заебев.

Повеќе во оваа категорија: « Час по филозофија Плавуша и црн леб »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Душан Радовиќ

Се плашам од оние кои повеќе можат одошто знаат. Ако им се спротивставиме, тие ќе ни покажат дека уште повеќе можат одошто знаат.

Виц блиц

Хакерски

Одат двајца хакери низ улица и здогледуваат исклучително згодна девојка. Едниот вели: -Гледај какви оваа има Properties! Другиот: -Џабе ти е, кога е read-only! 

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се