Час по филозофија

Професор по филозофија стои пред своите студенти, а пред себе има неколку предмети. Започнува часот. Тој без збор зема в раце голема празна тегла од краставици и почнува да ја полни со камења со размер околу 5 см. Потоа ги прашува студентите:

-Дали е теглава полна?

Тие се согласуваат дека е. Потоа професорот зема кутија со чакал и го насипува во теглата. Малку ја протресува и, се разбира, чакалот, тркалајќи се, го пополнува просторот помеѓу камењата. Повторно ги прашува студентите дали е теглата полна. Тие се согласуваат дека е. Некои почнуваат да се смеат. Професорот сега зема кутија со песок и ја насипува во теглата. Се разбира, песокта ги пополнува сите останати шуплини.

-А сега,- вели професорот,- сакам да замислите дека е ова вашиот живот! Камењата претставуваат важни нешта- вашето семејство, вашиот партнер, вашето здравје, вашите деца- се она што животот би ви го направил полн и тогаш кога сите други нешта би исчезнале. Чакалот се сите други нешта што се важни, како што се работата, домот, автомобилот. Песокта е се друго. Дребулии. Ако во теглата прво ставите песок, за камењата и чакалот нема да остане место. Истото важи и во животот. Ако сето време го трошите на неважни работи, ќе немате простор за она што ви е важно. Обрнете внимание на оние нешта што се клучни за вашата среќа. Играјте се со децата, најдете време да отидете кај доктор на контролни прегледи, изведете го својот партнер во диско...Секогаш ќе има време за работа, да се исчисти домот, да се повикаат пријателите на вечера...Погрижете се прво за камењата, за она што е навистина важно. Поставете ги своите приоритети. Сето останато е само песок!

Тогаш еден студент ја зема теглата, за која и професорот и сите студенти се согласија дека е полна, па во неа наточува конзерва пиво. Се разбира, пивото ги пополнува сите преостанати шуплини. Сега е таа дефинитивно полна.

Филозофски заклучок:

Без оглед колку ви е исполнет животот, секогаш има простор за пиво.

Повеќе во оваа категорија: « Рибарски Најглупави на светот »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Рене Декарт

Ништо на светот не е така добро распоредено како паметта: секој мисли дека ја има доволно.

Виц блиц

Промашување

Човек доведува бремена жена кај гинеколог на контрола, а по неа го прашува докторот: -Докторе, како ми е жената? -Па, знаете, имаме проблем. Бременоста е вонматерична. -Докторе, еве ви 1.000 евра. -Немојте толку, Ве...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се