Само двапати

Се венчал млад пар. Бидејќи била таква традицијата, новопечениот маж се зачленил во Клубот на женети мажи. Имено, сите женети мажи членувале во тој клуб, а целта била дружење во петок навечер со неколку чаши пиво и пријатен разговор. 

И така еден петок оженетите мажи се дружат и разговараат за тоа кој што најмногу сака да прави. Сите членови освен младоженецот биле постари.

Вели еден:

-Јас најмногу сакам да одам в кино.

Друг:

-Јас обожувам да играм шах.

Трет:

-А јас сум голем љубител на куглање.

Доаѓа ред на новопечениот маж: 

-Јас најмногу сакам да ја е... мојата млада жена.

Постар колега го тапка по рамото и му вели:

-Разбира се, младоженецу драг, млад си, ама кога-тогаш ќе ти пројде таа еуфорија.

По дружењето младиот маж се враќа дома, а жената го прашува:

-И, миличок, за што разговаравте денеска?

-За тоа кој што најмногу сака да прави.

-И ти што рече?

Младоженецот малку се замислува, не сака да и ја каже вистината на милата оти може да се навреди, па го вели првото што му паѓа на ум:

-Јас реков дека најмногу сакам да одам в црква!

-Не знаев дека си толку голем верник. Но добро, штотуку се венчавме, некои работи еден за друг се уште не сме ги дознале...

Следниот ден младиот брачен пар се шета низ градот и наидуваат членови на Клубот на женети мажи. Еден од нив вели:

-О, Госпоѓо, слушнавме дека мажот ви најмногу сака една многу деликатна работа.

Госпоѓата:

-Ништо вие не му верувајте, само двапати беше внатре и заспа.

Повеќе во оваа категорија: « Снаа и свекрва Тешко му е да гледа »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Вилијам Балтер Јејтс

Премногу долготрајната жртва може од срцето да направи камен.

Виц блиц

ТБЦ - БМВ

- Докторе, докторе, кашлам, не можам да дишам, умирам... - Смирете се, полека. Кажете ми, дали некој во вашето семејство имал ТБЦ? - ТБЦ никој никогаш немал, но стрико ми имаше БМВ!!!

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се