Употребувате ли бибер? Дали овој зачин ви е постојано при рака? Ако не е, би тебало да биде. Еве зошто: Употребувате ли бибер? Дали овој зачин ви е постојано при рака? Ако не е, би тебало да биде. Еве зошто:

Многу повеќе од зачин: бибер

Биберот (лат. Piper nigrum) е повеќегодишен дрвенест зимзелен лијан од семејството Piperaceae. По потекло е од тропските предели на Индија и југоисточна Азија.  Може да достигне висина од 15 метри, а со полн род раѓа околу седмата година.

Гроздовите бибер се мошне ситни, со плодови со размер од околу 5 мм, а растат како рибизлите, во плодиште долго до 14 см. Бобинките можат да бидат црвени, жолти или зелени, а тоа зависи од степенот на зрелоста. Освен скроб, смола и масло, тие содржат и биберинска киселина која на биберот му дава карактеристичен вкус. Мирисот на биберот потекнува од пеландренот, кариопиленот и сесквитерпенот во етеричното масло.  

Црниот бибер се добива од зелени, исушени плодови, а белиот од зрел плод на кој му е симнат семеникот.

Биберот се меле во мали рачни млинови што се составен дел од кујнскиот прибор. За да не ја изгуби аромата и лутината, тој треба да се меле непосредно над јадењето на кое треба да му се додаде како зачин. 

Бобинките бибер (цели или мелени) служат како зачин при подготвување на многу видови јадења. Го познавале уште старите Грци кои, освен како додаток на храната, го применувале и како лек. Римјаните го ставале речиси во секое јадење, па и во млекото, медот и слатките. Едно време биберот служел и како платежно средство. Така на пример, Аларих Први, визиготски крал, во 410. г. барал од граѓаните на Рим тон ипол бибер за да го поштеди градот. Во средниот век, заедно со солта и оцетот, бил најраширен додаток на храната, и покрај неговата висока цена што достигнувала и тринеделна земјоделска надница за половина килограм бибер. Денес е достапен и со ниска цена, а се одгледува во тропските краишта, најнапред во Бразил и Индонезија.

Употребувате ли бибер? Дали овој зачин ви е постојано при рака? Ако не е, би тебало да биде. Еве зошто:

Биберот на храната му дава вкусна и пикантна арома, но помага и во неверојатни ситуации. Неговите својства се совршени во борбата против вируси и бактери. 

1. Биберот ја чува облеката

Всушност, биберот е голем заштитник на бојата на облеката. Во детергентот за перење додајте лажичка мелен бибер. Тој ќе дејствува како фиксатор и заштитник на бојата на облеката. Водата ќе го испере и нема потреба таа додатно да се пере. 

2. Се користи како пилинг за лице и тело

Зрнцата бибер се толку ситни што можат совршено да го заменат вашиот пилинг гел за миење на лицето и телото. 

Измешајте половина шолјичка беби масло, 6 капки етерично масло на портокал, шолјичка ситна морска сол и лажичка бибер. Сето тоа добро измешајте го, истријте ја кожата и потоа измијте ја со вода. Пилингот ќе ги отстрани мртвите станици и нечистотиите, а биберот ќе го зголеми руменилото и кожата ќе ја направи мека и свежа. 

3. Против настинка

Биберот е природен деконгестант зашто содржи хемикалии кои ја надразнуваат слузницата, го разредуваат слузот и ги чисти дишните патишта.

Налејте топла, крепка супа во чинијата и додаје малку мелен бибер. Супата ќе ги загрее синусите, а биберот ќе ви помогне да ги исчистите дишните канали.

4. Чистач на организмот

Биберот е мошне силен антиоксиданс кој ја подобрува циркулацијата, го стимулира метаболизмот и го зголемува апетитот. Познати се и неговите противвоспалителни својства. Биберот има улога и во подобрувањето на работата на системот за варење, стимулирајќи ги ензимите за варење и лачењето на желудочниот сок.

 

(Користени повеќе прилози на Интернет и енциклопедиски одредници)

Повеќе во оваа категорија: « Најчестите грешки на свекрвите

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Џавахарлал Нехру

Колку повеќе стареам, толку повеќе ги просудувам луѓето според нивниот карактер, а не според нивните погледи.

Виц блиц

Од тројца лудаци еден нај

Директор на лудница решава да го пушти на викенд најмалку лудиот. Избира тројца нај и го прашува првиот: -Два плус два? Овој како од топ одговара: -Триста! Го пашува вториот исто. Тој одговара: -Вторник! Третиот се...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Пробајте ја нашата нова страна. Влатко М.

Најава или Регистрирај се