Стручњаците психолози и психијатри, а особено големите познавачи на женското срце велат дека одговорот е мошне едноставен. Се што треба е да оставите траен впечаток, и тоа врз нејзините емоции. Кога ќе успеете во тоа, се би требало да тече „мазно“. Стручњаците психолози и психијатри, а особено големите познавачи на женското срце велат дека одговорот е мошне едноставен. Се што треба е да оставите траен впечаток, и тоа врз нејзините емоции. Кога ќе успеете во тоа, се би требало да тече „мазно“.

Што ги прави жените среќни?

Стручњаците психолози и психијатри, а особено големите познавачи на женското срце велат дека одговорот е мошне едноставен. Се што треба е да оставите траен впечаток, и тоа врз нејзините емоции. Кога ќе успеете во тоа, се би требало да тече „мазно“.

Еве „конкретизација“ за оние на кои нешто или многу не им е јасно:

Повеќето мажи мислат дека ќе ја освојат жената со скапи подароци. Меѓутоа, многу е попаметно да се нишани на нејзините емоции и љубовта. Најлесен начин тоа да го направат е да сфатат каква личност е таа и со неа да се поврзат во емотивна смисла. Исто така, тие не смеат прерано да вршат притисок да имаат секс, зашто тој на жените не им е приоритет за одржување на стабилна врска.

Постојат безброј начини како да се освои жената, а најдобрите од нив се секако следниве:

  1. Жената сака да се чувствува сигурна. Тоа не значи дека ти, Господине маж, треба да станеш акционен херој или силеџија, туку да и помагаш да се избори со животните проблеми.
  2. Точно е дека и жените реагираат на убавината и оти ги привлекуваат згодни мажи. Меѓутоа, многу поважно им е нивниот избраник да биде самоуверен и да зрачи со самодоверба.
  3. Довербата е најважниот фактор во врските и на тоа мора да се работи упорно. Затоа, Господине маж, не се колебај да ја убедиш избраничката дека може да ти верува секогаш. Тоа ќе ти се исплати многукратно.
  4. Почитувај ја и труди се тоа и таа да го согледа. Исто така, не е на одмет и да се присетиш на кавалерските манири кои ќе направат твојата мила да се почувствува како вистинска принцеза.
  5. Заборави на испробаните методи во врските и обиди се да внесеш некоја новост. На пример, можете да отидете на некоја непланирана вечера или кратко патување. Ќе биде доволно и понекогаш ти наместа таа да завршиш некои, ако не и сите домашни-куќни вообичаени работи, како што се миењето садови, перењето, пеглањето, „пуштањето“ правосмукалка...
  6. Изразувањето на чувствата не е резервирано исклучиво за жените. И мажите мораат да се „покажат“. Кажи и дека е убава и опиши и колку ти значи. Биди сигурен дека нема да остане рамнодушна.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Филип Стеноп Честерфилд

Луѓето ги мразат оние што во нив побудуваат чувство на пониска вредност.

Виц блиц

Вилици

- Што е тоа што лае дење, а ноќе плива? - Вилиците на тештата.

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се