Машка вратоврска- Знаете ли да ја врзувате?

На Интернет „нема што нема“. Може да се најде- да се прочита и да се види се и сешто. Дури има и за ништо(?!).

На пример, постои посебен сајт (хрватски) посветен на вратоврската, и тоа „кренат“ на ниво на академија! Се смеете? И мене ми е смешно, ама работата е ептен сериозна. Имено, на тој сајт за неа можете да прочитате интересни нешта, сознајни и корисни, а се разбира дека не е заборавен и практичниот приказ на начините на нејзино врзување. Разбирливо (?), со тврдењето дека вратоврската е хрватски изум.

Еве еден мал избор.

 

(http://academia-cravatica.hr)

Вратоврската и психологијата:

Веќе нема боја, примерок или форма кои популарната психологија нема да ја врзе со некоја карактерна особина. И машките вратоврски, според истражувања на некои светски психолози, ги кријат во своите завиоци, бои, коцкички сите наклоности, „мушички“, обичаи, пороци на своите „носители“.

Ако некому, во бесцелното шетање низ улица, му се важни таквите посматрачки досетки, еве палети на бои и примероци на вратоврски кои ќе ви кажат што се се крие зад „службените фасади“:

  • сина вратоврска- Синото е боја на вечноста, ги симболизира целосноста, спокојот, а оној што носи сина вратоврска е сигурно чесен, тивок и, баш како и бојата, ја смирува околината;
  • црвена вратоврска- Претпазливост! Црвеното е двосмислено! Може да значи и љубов и гнев, и храброст и опасност, а може да има и сексуални пораки. Значењето зависи од расположението, околностите, намерите на „носителот“. На психолозите црвената боја им е најпредизвикувачка за анализа, па според тоа и на жените мажот со црвена вратоврска им е несогледлив авантурист;
  • црна вратоврска- Тадиционално, се носи на погреб. Но, ако се комбинира со некои контрастни бои и примероци, може да значи умереност и елеганција;
  • жолта вратоврска- Младо, полно со надеж, среќно! Па, што друго би можело да се врзе со вака откачена боја?
  • зелена вратоврска - Освен што има еколошко значење, зелената боја на вратоврската на психолозите им е мошне бајковита- ја изразува мудроста на шумските самовили! Идејата можете да ја доработите сами!;
  • костенлива вратоврска- Прво, најмалку покажува нечистотија. Второ, ја симболизира „приземјеноста“, реалистичноста. Црвенкастокафеавата боја е ефектна, асоцира и на професионалност и на сексуалност;
  • коцкест примерок- Значи уредност, редовност. Поголемите коцки одговараат на „посурови“, пооткачени луѓе, а помалите се попогодни за инженери и архитекти;
  • ригести вратоврски- Обично прикриваат желба за уредност, редовност. Почесто ќе видите дијагонални црти, ретко кога хоризонтални или вертикални. Социолозите и психолозите уште ќе истражуваат зошто ригите од десно на лево се вообичаени во САД, а обратните се покарактеристични за европскиот стил;
  • примерок со свиоци- Значи слобода и релаксација, во споредба со крутите коцки и ригестите примероци, им одговара на покреативните карактери;
  • примерок со кругови- Значи соединување на редот и облините, духовит ефект, особено ако се точките големи. Малите поттикнуваат на насмевка!

Еве неколку совети од дамнешни времиња:

Од книгата „Умешност на врзување на вратоврска на сите познати и вообичаени начини, во шеснаесет лекции“, на Грод Дела Галд, од 1827. година.

„Упатства за избор на вратоврски кои треба да се понесат на пат. Човек кој патува не би требало да тргне на пат без ковчеже во кое ќе стави збирка на вратоврски. Тоа со неколку прегради мора да содржи:

  1. Најмалку дузина бели, еднобојни вратоврски
  2. Еднакво толку бели вратоврски со коцки, риги или точки
  3. Дузина вратоврски во боја
  4. Дузина еднобојни или разнобојни шамичиња
  5. Најмалку три дузини јаки за кошули
  6. Две лажни јаки
  7. Две вратоврски од црна свила
  8. Мало огледало“.

За изборот на вратоврските:

Изборот на дневни вратоврски често вклучува избор на материјал кој ќе се носи заедно. Постојат основни правила на кои треба да се придржуваме за изборот да биде полесен.

На пример, бидејќи не е можно времето да биде истовремено спарно и студено, не постои причина поради која би се носела волнена вратоврска со ленен костум и обратно. Една од почетните грижи треба да биде хармонијата помеѓу текстурата и ткаењето. Обидете се да носите вратоврска од мазен кепер, сатен или свила со костум од груба волна или памук. Доброто правило е дека вратоврската би требало да го условува ткаењето на сакото или кошулата. Вратоврската од рипс би му прилегала на сако од кепер бидејќи обете имаат фино ткаење. Волнена вратоврска сигурно оди на прслук од твид, но немојте да го изгубите од предвид волненото ткаење со изразена текстура. Конечно, материјалот на врагтоврската мора да соодветствува на приликата. Свила со богато ткаење е поприлежно за вечерен костум одошто за ден в канцеларија.

Усогласувањето на вратоврската со кошулата или сакото може да биде лажливо. Првото правило е дека елементите не смеат да бидат ниту преслични, ниту преразлични за да не се исклучуваат еден со друг. Смелата мода на комбинирање риги на риги може да биде успешна, се додека е обезбедена разликата барем во широчината на ригите. Мотивите можат да се спротивставуваат во смисла на облици или големини. Ставање на сложени, густо распоредени и асиметрични риги едни врз други може да биде проблем. Но не постои правило против комбинирање на точкест примерок и риги, се додека нивната големина оди добро заедно. Најсигурен тест е да се провери дали точките на вратоврската се помеѓу ригите на кошулата. Главно, колку е послична големината на мотивите помеѓу кошулата, вратоврската и сакото, се постигнува похармоничен впечаток. Мотивите можат и да се контрираат поради темата што ја претставуваат. Вратоврска со на пр. мотиви од лов не би требало да се комбинира со костум од твид. („Мала книга за вратоврски“, Francoise Chaille, Flammmarion, 1999.)

Како да се врзе јазол на вратоврска?

Четирите најпознати начини на врзување на јазол на вратоврска се: едноставен- во четири потези (four-in-hand knot), полувиндзорски, Виндзорски и Chell cnot.

Сите четири се прифатливи за деловно облекување. Сепак, поголем јазол и симетрична должина на вратоврската се препорачливи. Всушност, поголем јазол остава впечаток на самоувереност, додека симетричната должина на вратоврската дава посебна елеганција. Бидејќи едноставното врзување има најмал јазол, а симетрична должина на вратоврската, тој е најмалку препорачлив. Едноставниот се препорачува при лежерен начин на облекување, на пример со фармерки и спортска кошула, за разлика од Виндзорскиот кој се препорачува кај кошули со поширока крагна.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Душан Радовиќ

Се плашам од оние кои повеќе можат одошто знаат. Ако им се спротивставиме, тие ќе ни покажат дека уште повеќе можат одошто знаат.

Виц блиц

Писмо на плавуша

Му пишува плавуша писмо на својот син: „Мил синко мајчин, Ти го пишувам писмово за да знаеш дека ти пишувам. Ако го добиеш, значи стасало. Ако не, јави ми за повторно да...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се